дома блог страница 3039

Во четврток доаѓа “Кармен” – ќе донесе интензивни врнежи, грмежи и голем пад на температурите

Голем пад на температурите (за повеќе од десет степени), поинтензивни врнежи (над 30 л.м2), локална појава на грмежи како и услови за локална појава на град ќе донесе изразениот циклон Кармен во четврток попладне, навечер како и во текот на ноќта кон петок како и во петок.

Влијанието на истот ќе го почувствуваме уште во среда кога во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува и ќе има услови за послаб локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Максималните дневни температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, во четврток истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, меѓутоа во петок ќе бележат тенденција на голем пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Големиот пад на температурите ќе биде придружен и со засилен северен ветер кој наизразен ќе биде долж Повардарието и во северните предели, каде најпрво ќе започне заладувањето и тоа уште во среда доцна попладне и навечер.

Времето како да застанало за неа: Касандра никогаш не била поубава (ФОТО)

Постарите сигурно ќе се сетат на популарната венецуелска серија Касандра од деведесеттите години која пред телевизорите ги собираше и млади и стари.

Оваа серија постигна неверојатен успех а главната хероина Кораина Торес имаше статус на холивудска ѕвезда. Кораима дојде дури и во Македонија и не можеше да поверува колку е популарна.

Кораима и денеска е убава и времето како да застанало за неа. Има 46 години, сопруг и дете и се посвети на снимање филмови.

За сериите вели дека веќе не и се предизвик и оти повеќе од ликот на Касандра не може да постигне.

Пинг-понгарите од ППК “Младост 96” Прилеп сезонава атакуваат на прва титула во клубската историја: Две од две победи на стартот

Викендот во Штип во спортската сала од ОУ “Тошо Арсов” се одржаа второто и третото коло од Супер лигата во пинг понг.

Екипата на Младост 96 од Прилеп очекувано ги победи своите ривали, две одиграни кола две победи со скор 8:1, и доволно зборува дека со градскиот ривал Младост се најсериозни кандидати за шампионската титула.

Тука е и екипата на ФА Шампиони-Штип, кои исто така имаат две победи од исто толку натпревари. Останатите екипи според резултатите како да не претставуваат закана за водечката тројка.

Непријатна вест која ја добивме изминатата недела, е веста дека тимот на УГД се откажува од првенството, со што Супер лигата ќе брои 7 клубови.

Во второто коло ППК Младост 96 играше со ППК Радовиш и победата од 4-1, победа која е очекувана, како и победата од 4-0 во третото коло со екипата на ППК Телеком-Нец.

Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски и Петар Костовски е тимот кој ќе атакува за прва титула во историјата на клубот.

Поради интернационалниот турнир кој ќе се одржи во ВИП арената “Борис Трајковски” во Скопје од 8 до 12 октомври, кој воедно претставува најзначајното пинг понгарско натпреварување во нашата држава кое досега е организирано, првенството продолжува на 20 Октомври.

Екипите во двете најсилни лиги третиот турнир ќе го одиграат во Прилеп.
Сите резултати од останатите конкуренции на љубителите на пинг понгот достапни им се на официјалниот сајт на ППФМ  http://pingpong.com.mk

Прилепчани ќе донираат по евро за да се промени парталавото знаме (ФОТО)

Државното знаме во центарот на Прилеп веќе подолго време се вее искинато и паталаво.

На оваа слика прилепчани реагираат секојдневно по социјалните мрежи, а денеска го имаме и најдобриот апел.

И3БЕГHATA KATACTPOФА НА ПАТОТ РОСОМАН-КАВАДАРЦИ: Брзата интepвенциja на пожapникapите била клучна (Фото)

“3aпален камион кој вршел транспорт на 20 тони плин на патот Росоман-Кавадарци. Пpoтивпожapната единица на Општина Кавадарци е пристигната на самото место за 3 минути откако е пријавен случајот и поради брзата интервенција избегната е катacтpoфа”, пишува на Фејсбук страната на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

(Фото галерија) 20 дена општината не го средила ова градилиште?

Поправката на дефект на раскрсницата кај поранешна градска кафеана во Прилеп трае цели 3 недели. Ова е најпрометниот дел од булеварот “Гоце Делчев” каде постојано поминуваат автомобили и пешаци.

Првите фотографии се направени на 9-ти септември, а до денес сеуште е заграден овој дел од булеварот и е вистински проблем кој може да претставува опасност по живот и за пешаците и за возачите.

ГАНКА МУ ЧЕСТИТА РОДЕНДЕН НА ДИМИТРОВ: Да се сеќаваш на овој ден, денот кога ја пpeдaде и изнeвeри земјата

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, преку својот Твитер профил му го честиташе 47. роденден на министерот за надворешни работи Никола Димитров со впечатлива порака.

Од утре нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само лично!

Осигурените лица од утре ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Инаку, фармацевтската комора на Македонија не ја поддржа оваа одлуката на Фондот за здравство, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош. Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.

-Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар, изјави претседател на Собранието на Фармацевтската комора Имер Имери, неодамна за Алсат М.

Австриската “Партија на пивото” по добриот резултат на изборите: “Нашето време само што започна!”

На предвремените парламентарни избори во Австрија голем број на граѓани гласаа за “чудни” политички партии, како што е “Партијата на пивото”.

Во Виена оваа партија успеа да освои 0.6 проценти од гласовите, во 21, 22 и 10-тиот виенски округ. Централната тема на оваа партија во кампањата беше потрошувачката на пиво, забрана за мешање на пиво и борба против невработеноста.

Во 22-от округ оваа партија освои 0.9 проценти од гласовите, во 21-от округ 0.8 проценти од сите гласови, а во 10-от округ 0.7 проценти.

Шефот на “Партијата на пивото” Марко Пого, во видеото им порача на гласачите, најави: “Нашиот пат само што започна. Не чекаат избори во Виена во 2020 година”.

Вонредна вест: Просветарите ќе си ја бранат честа и трудот

Самостојниот cиндиkат за образование, наука и култура (СОНК) ќе му даде уште една недела на Министерството за образование и наука (МОН) пред да одлучи дали ќе ја прифати понудата за зголемување на платите во образовната дејност што ќе ја добие или ќе организира генерален штpajк во основните и во средните училишта. Откако на 1 септември годинава синдикатот организира пpeдупредувачки штpajк во училиштата, го определи септември за месец за преговори со Министерството.

Од МОН ни побараа плус време за преговори во кои се утврдува процентот на згoлемување на платите и времето од кога тоа би се случило. Објаснија дека им треба време за пресметки и консултации со други институции. Одлучивме да дадеме 7 дена – рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Наставниците се нeзaдоволни од нaјавеното згoлемување на платите од 5 отсто и бараат повисоки плати за 25 проценти. Инаку министерот за образование и наука Арбер Адеми во петокот рече дека им треба малку време бидејќи сè уште не почнале во Владата да дискутираат за буџетот за идната година.

Треба да ги направиме проекциите и заедно да одлучиме за идното зголемување на платите на наставниците – рече Адеми и додаде дека имаат одлична соработка со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со вработените во образованието.

Според него, септемвриската плата на наставниците годинава споредено со августовската плата во 2018 година е зголемена за 10,8 проценти.