дома блог страница 3038

ОФИЦИЈАЛНО: Шевченко се согласи да го води Милан

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација Андриј Шевченко е подготвен да го предводи Милан. Според порталот „ТУТОмеркатоВЕБ“ 43-годишниот Украинец се согласува да се врати во миланскиот клуб, но не порано од ноември, затоа што тој најпрво сака да избори пласман на Евро 2020.

Шевченко, исто така, сака паралелно со тренерската работа во Милан, да продолжи д аја врши селекторската функција во Украина..

Како фудбалер, Украинецот настапуваше за Милан од 1999 до 2006 година и во сезоната 2008/09.

Со „росо-нерити“ Шевченко ги освои Серија А, Купот и Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Во 2004 година, тој стана сопственик на „Златната топка“, а во дебитантската сезона стана најдобар стрелец во Серија А.

Петкоски: Граѓаните со нетрпение чекаат да ви преcyдат, вие сте во слободен пад и ви нема cпac (Видео)

Денеска повторно сме пред салата “Maкедонија”, местото каде требаше да никне грандиозниот проект здравствено-рекреативен спортски центар со затворен базен на градоначалникот Илија Јованоски. Од фамозниот проект нема ниту трага, ниту глас, напротив само нови ветувања со кои се покриваат старите мегаломански лаги – истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Јованоски и СДСМ кои се на половина од мандатот на нивното владеење во Прилеп досега потрошија два општински буџети, а речиси никаде не постои белег од нивното управување со општината.

Промената на локации за изградба на нивните замислени проекти е само купување на време и обид за ново замајување на јавноста и граѓаните дека нешто работат или ќе сработат.

Колку Илија Јованоски, Миле Талески и сите останати директори имаат сработено, ќе ви каже секој минувач во чаршијата, секој бизнисмен, секој пензионер и секој млад човек, кои со нетрпение чекаат да им пресудат на избирачкото место.

Сега кога одново ги лажите граѓаните дека ќе градите, ќе направите, ќе уредите….дајте барем ставете темели…. поставете подлога за некој друг подоцна да изгради, затоа што вашите празни зборови повеќе немаат тежина.

Вие и вашата одродена партија, заедно со вашиот лидер Зоран Заев сте во слободен пад. Пропаѓате во бездната наречена политичка пензија, а тоа секој ден ве фрустрира.

Денеска уште еднаш ве прашуваме:

Кога планирате да го исполните ветувањето за 20% пониски сметки за вода, кои патем ги зголемивте за 60%?

Кога ќе изградите 2 спортски сали во училиштата?

Кога ќе изградите ново училиште, ќе ја реконструирате Старата чаршија, ќе изградите две обиколници околу Прилеп, кога ќе изградите нови градинки и ќе воведете мерки за чист воздух?

Денеска граѓаните се смеат на вашето “ќе”, денеска граѓаните се свесни дека вие сте само едни обични манипуланти кои ги интересира само кариера и фотеља.

Затоа вашите денови се одбројани, а промената е неминовна! Следува обнова на државата, која ќе ја направат граѓаните сами!”

Ќе легнат пари на сметките – Колку изнесува К15 оваа година

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15.

Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.

Силјановска: CДCM yште за избopите знaea за “Pеkeт”

Уште тогаш знаеле за „Рекет“, па јас им делував како Санчо Панса, или Дулчинеа во нивната реал политика, вели професорката Гордана Силјановска Давкова и кандидат за претседател на последните избори.

-А, владеењето на правото? За нив е тоа реторичка фигура. Тие не признаваат никакво меѓународно право, дури и кога предаваат за него. Кога јас, за време на претседателската трка, говорев за политика во границите на правото, тие ме обвинуваа за идеализам. Јас се повикував на Кант, а тие на Тукидит. Сега знам зошто. Уште тогаш знаеле за „ Рекет“, па јас им делував како Санчо Панса, или Дулчинеа во нивната реал политика. Значи, макијавелистички се бореле за опстанокот, вели професорката.

Oд денеска возиме по нови цени: После подолг период мало намалување

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата, кои започнуваат да важат од ноќеска на полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 71,00 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛОТ за 63,00 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,50 денари за литар.

Некогаш најголемиот заводник има нова љубов: Антонио Бандерас падна на 20 години помлада од него

Актерот Антонио Бандерас (59) вчера беше на премиерата на филмот „Pain and Glory“ на њујоршкиот фестивал со својата 20 години помлада партнерка – Никол Кимпел.

Бандерас бил кежуал облечен, а Никол во модерен и краток фустан мамела погледи на сите присутни.

Инаку познатиот шмекер кој беше во брак со Мелани Грифит (со актерката има ќерка), можеби конечно ја пронајде онаа вистинската.

Пет неверојатни совети поради кои наутро ќе пиете чаша топла вода!

Сите ние имаме сопствен утрински ритуал, барем кога е во прашање утринската напивка. Некои од вас ја сакаат својата шолја кафе, додека други не можат да поднесат кофеин рано и се одлучуваат за чај.

Ако сте доволно скромни да пиете обична вода, секогаш е тоа онаа студената, да ве разбуди, зарем не? Па, стручњаците велат дека грешите! Треба водата да ја пиете малку загрена.

Тоа исто така ќе го подобри варењето, а го стимулира здравиот процес на детоксикација.

Еве причини зошто да го започнете денот до топла вода:

1. Детоксикација – една чаша топла вода ќе ја поттикне способнаста на телото да се исчисти. Билните чааеви и свежите сокови заедно со водата ќе ја подобрат функциијта на дигестивниот тракт.

2. Метаболизам – ќе ги подобрите своите телесни функции и ќе се ослободите од сите проблеми поврзани со неправилниот метаболизам.

3. Менструални грчеви – ги смирува стомачните мускули и ја ублажува болката. Топлината ја подобрув циркулацијата во вашите капилари и ја ублажува напнатоста на мускулите.

4. Губиток на килограмите – ја зголемува температурата, а со тоа го потикнува метаболизмот. Вашето тело може да согорува повеќе калории, а бубрезите ќе бидаат повеќе од благодарни.

5. Го забавува стареењето – топлата вода ја подобрува природната детоксикација. Кажете ѝ „збогум“ на збрчката кожа!

(Видео) Кој ќе биде првиот што ќе влезе: Контролната просторија од централата во Чepнобил отворена за туристи

Како што известија украинските власти, контролната соба во централата во Чepнобил наскоро ќе биде отворена за туристи. Секако оние кои ќе влезат внатре ќе мора да носат посебна облека, затоа што радиjaцијата во централата е сеуште 40.000 пати над дозволеното.

Оние кои ќе влезат внатре дозволено ќе им биде да останат само 5 минути. Исто така, соопштено е дека наскоро ќе се отворат и уште дваесет локации во Чернобил на кои ќе може да се вршат туристички прошетки.

(Фото) Полицискиот дрон снимил нешто необично среде шума, а дури потоа следело изненадување: Решен случај стар 17 години!

Кинеската полиција yaпси маж кој е во бегство 17 години, така што со беспилотни летала го откриле неговото живеалиште.

63-годишниот маж, идентификуван како Сонг Џианг, бил во затвop поради трговиja со луѓе, но од 2002 година избегал.

Со години живеел во мала пештера далеку од сите. Полицијата на Јонгшан добила дојава за неговата локација уште во почетокот на септември. Тие трагови воделе во планината позади неговиот роден град во провницијата Јунан на југозападот на Кина.

Октомври носи пapи за овие три хороскопски знаци: Проверете дали сте дел од нив

Октомври 2019 година е месец на парите и носи радосни изненадувања за скоро сите.

Многумина ќе бидат оние кои ќе го почувствуваат успехот, но само некои од нив, најупорните и најтрудољубивите ќе можат да ги задржат.

Крајот на октомври може да се нарече едноставно време на финансиски бум, затоа што во тоа време, некако, секој ќе има среќа.

Сепак октомври ќе биде најуспешен, во финансиска смисла, за трите хороскопски знаци.

Најголемата среќа ќе има Стрелецот. Не треба да има скептицизам, напротив, да бидете целосно сигурни во вашите лидерски квалитети и во вашата богата иднина.

Октомври ќе донесе многу пари и на Лавот. Неколку месеци работевте како пчела, научивте нови работи, се развивавте и баравте дополнителни извори на приход. Во октомври ќе можете да се опуштите, парите веќе го пронајдоа својот пат и наскоро ќе продолжат во бесконечен поток.

Овој пат среќата нема да ги пропушти и оние што се родени под знакот на Овен и пристоен дел од банкнотите ќе паднат кај нив во октомври. Мора да потрошите пари во првата половина на месецот бидејќи ќе има непредвидени трошоци, но ова ќе биде уште поголем поттик.