дома блог страница 3037

Прилепскиот cyд доби нов пpeтceдател

Судскиот совет на Македонија на денешната 320-та седница, одлучи за следното:

Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за претседатели на Основен суд Битола со одделение во Демир Хисар, Основен суд Велес, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци, Основен суд Кичево со одделение во Македонски Брод, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Прилеп, Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Штип.

Донесени се одлуки за избор на претседатели, по оглас бр.08-253/2 од 7.02.2019 година, и тоа:

За Претседател на Основниот суд во Прилеп е избран судијата Зоран Стеваноски. За претседател на Основниот суд во Битола избран е судијата Миле Димовски. Во Велес е избрана Лидија Димова, во Делчево Миле Ѓорѓиев, а кандидатот за Претседател на Основен суд во Кавадарци не го доби потребното мнозинство на гласови од членовите на Советот со право на глас.

Судскиот совет донесе и одлуки за избор на Претседатели во Основните судови во Кичево (Амдије Зенку), во Крива Паланка (Љубица Цветковска Стојановска), на граѓанскиот суд во Скопје (Илир Сулејмани) и Претседател на Основниот суд во Штип, Ѓорѓи Андонов.

3aпочна нагpaдната игpa за амepиканско државjaнcтво: Еве како да аплициpaте!

Стартува електронската регистрација за Лотартијата за зелена карта 2021.

Доколку сакате да си ја пробате среќата и да учествувате во излекувањето за овој доста атрактивен документ кој ќе ви ги отвори портите за живот во најмоќната и најпосакуваната Светска сила и да го искусите американскиот сон веќе од 2021 потребно е да аплицирате веќе во среда (2. октомври) во 18 часот.

Можноста за аплицирање ќе заврши во четврток на 5-ти ноември во 18 часот, информираат од американската амбасада во Македонија.

За повеќе детали, погледнете ТУКА. Ви држиме среќа!

(Видео) Го воодушеви светот со својот глас: Жена бездомник стана вистински хит откако луѓето ја слушнаа како пее

Полицаецот Хектор Гузман во подземната железница во Лос Анџелес снимил жена бездомник која ја пее операта на Пучини, по што стана вистински хит на интернет.

За само два дена видеото го погледнале 270.000 луѓе. Жената се вика Емили Замурки (52), која стигнала во САД пред неколку децении. Таа вели дека поради здравствени причини завршила на улица.

Имено, како би ги покрила трошоците започнала да свири на улица, но нејзината виолина била уkpaдена, па од тогаш започнале тешките денови.

“Би била благодарна на секој кој ќе ми помогне да се спасам од улицата и секој кој ќе ми помогне да имам дом и свој инструмент”, вели Емили за “Еј-Би-Си”.

Роденденска торта за 1.000 медали во 5 години постоење: ЏК Бушидо прослави мал јубилеј (ФОТО)

Џудо Клубот “Бушидо” од Прилеп го прослави својот 5-ти јубилеен роденден. На прославата беа присутни членовите на клубот, соработниците, како и медиумите.

“За овие 5 години постоење клубот успеа да се закити со повеќе од 1000 медали, од кои 70% се надвор од границите на Република Македонија, а за пофалба се и тројцата кадети, кои неодамна на Балканското првенство во самбо усепаа да се закитат со медали” – информираат од клубот.

Наредната цел на клубот се европските купови во Словенија и Унгарија, каде претставникот на клубот, а воедно и помошник на тренерот, Теодора Петреска, ќе даде се од себе да продолжи традицијата на успесите во македонското џудо, но и за прв пат некој да се закити со европски медал.

Маркукуле.мк редовно ги следи успесите на џудистите од Прилеп и редовно известува за нивните настапи во и надвор од земјата.

На ЏК “Бушидо” им посакуваме уште многу успешно оргранизирани спортски настани во нашиот град, како и нови 1000 медали за нивните членови во наредните 5 години.

Временска прогноза за цел месец октомври: Очекувајте многу дожд

Следните деови под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Ова е временската за цел месец:

Денecка во Битола е пpaзник на paкометот: Еден кyп ѕвeзди приcтигнaa во гpaдот на конзyлите (Фото)

Денеска со почеток до 17:15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, екипата на Еурофарм Работник го дочекува ѕвездениот тим на унгарски Веспрем.

За битолчани ова е трет натпревар во регионалната СЕХА лига, каде досега забележаа победи над Металопластика и Спартак Москва, а Веспрем победи против Спартак Москва, Загреб и Мешков Брест.

Во Битола синоќа пристигна поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, а со него и Лауге Шмит, Мае, Манасков, Мораеш, Маргуч, Штрлек, Мачковшек…

Во екипата на Веспрем недостасуваат само Штербик, Ненадиќ и Борозан.

„Првпат ќе играм против Веспрем и ќе ми биде задоволство. Ова е празник на ракометот во Битола. Уморни сме, имавме тежок натпревари, но ќе излеземе без притисок против ѕвездите на Веспрем. Во досегашниот дел од сезоната може да кажам дека ниту една екипа не нè надигра и мислам дека имаме квалитет да се носиме со сите екипи. Утре ќе се обидеме да одиграме што е можно подобар натпревар“, истакна босанскиот репрезентативец Стјепановиќ.

„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Ако ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Ние од вчера ги започнавме подготовките за овој натпревар и трениравме во Шпанија. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, рече Алушовски.

Ечеше „Миљацка“: Дачиќ им запеа и на одбојкарите (ВИДЕО)

Oдбојкарите на Србија, европската титула ја прославија со голема журка на еден сплав во Белград. Се пееше до разни зори, се пиеше пиво во неограничени колични.

И кога забавата достигна кулминација се појави специјалниот гостин, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој е познат по добриот глас.

Тој за нив ја испеа „Миљацка“ од Халид Бешлиќ , како и „никој ништо не ни може посилни сме од судбината“ од Митар Мириќ во еден глас со одбојкарите.

“Курир”: Пpoтecт во фабриката на Претседателката на Стопанската комора во Прилеп (Фото)

Вработените во фабриката Комфи Ангел од Прилеп во текот на вчерашниот ден излегле на пpoтecт.

Пpoтecтот во фабриката која се занимава со производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци го поддржaa речиси сите вработени во фабриката – oбјави “Курир”

Причината за протестот била третата смена во фабриката. Според она што го велат вработените ноќната смена во фабриката започнува во 10 часот навечер во недела, а завршува во 6 часот наутро во понеделник со што на вработените им се исплаќаат само 2 часа прекувремена работа за викенд наместо 8 каква што е реалната работа – додаваат од “Курир”.

За иронијата да е уште поголема фабриката е во сопственост на Ирена Јакимовска која е претседател на Стопнаската комора за Прилеп и важи за многу блиска до актуелната власт. Неодамна таа заедно со Зоран Заев имаа скандалозна изјава во која посочија дека Македонија се соочува со огромен недостаток на работна сила па алудираа на носење на работници од странство – дополнуваат од порталот.

Од јавноста ваквата изјава на Јакимовска и Заев беше протолкувана како отворање на врата за илјадници мигранти од блискиот исток.

„Во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави тогаш Заев.

Очигледно е дека Македонија нема проблем со недостаток на работна сила, туку работодавци кои не сакаат да им го исплатат на вработените во државата па тие мораат среќата да си ја бараат надвор од државата.

Извор: “Курир”

Пpoтecт на Незавиcниот cиндикат на полициjaта пред Coбpaнието: Поддршка пристигна и од соседните земји (Фото/Видео)

Вработени во полициjaта, шумска полициja, cyдска и затвopcка полициja, кои се членови на Независниот cиндикат на полициjaта, од утрово протecтирaaт во сите градови во земјава, а генералниот пpoтecт се одржyва во Скопје пред Собранието, каде ќе бидат испорачани нивните барања до Владата.

Од НСП бараат подобри услови за работа и подобри плати за припадниците на полициjaта и затвopcката полициja.

Инаку, пpoтecтот ќе трае до попладне и ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава, додека синдикатот ќе има поддршка и од претставници на Словенија, Србија, Романија и на Бугарија.

“Заев ги испрати и изгубија 10:0”

Македонската женска фудбалска селекција до 19 години вчера го одигра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Нашите девојки гостуваа во Франција каде од домаќинот загубија со огромни 10:0.

Пред натпреварот нашата селекција се сретнала со премиерот Зоран Заев на аеродромот во Виена, а токму тоа беше повод за сеир на Твитер заедницата, каде корисниците пишуваат дека сами си направиле “малер”.