дома блог страница 3034

Низа огласи за вработување во Центарот за јавно здравје во Прилеп: Аплицирајте!

Jaвната здравствена установа ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Прилеп објави четири ограси за вработување.

Се бараат: еден економист, еден дезинсектор, еден архивар и еден xигиеничар на производствени – работни простории.

Платата за работното место економист изнесува 24,000 денари, за дезинсектор 18,000 денари, за архивар 16,000, а за хигиеничар 12,500 денари.

Огласите се активни до 08.10.2019 година.

Неверојатна глетка! Дојранското Езеро, Вардар и Егејското море на една фотографија

На социјалните мрежи се шири оваа неверојатна фотографија снимена од авион, на која истовремено се гледаат Дојранското Езеро во неговата целина, во средината може да се види змиестиот облик на реката Вардар и во горниот лев агол од фотографијата може да се види Егејското Море.

Вистинска среќа е што временските услови дозволиле да се сними оваа неверојатна и веројатно единствена фотографија што го доловува сето ова.

Да ти се сони нема да ги изиграш вака: Ова е добивката на колото во “Моцарт” (Фото)

Гостиварчанец го има тикетот на колото во обложувалниците на “Моцарт”.

Тој успеал синоќа во рамките од третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони да погоди два неверојатни парови.

Погодил 7+ голови на натпреварот Ливерпул-Салцбург, како двојка во кец на дерби натпреварот помеѓу Барселона и Интер.

За уплата од 460 денари, овој среќен добитник си добил над 107.000 денари.

Диџеј Сајо од Прилеп има нов хит: Слушнете ја “Disco Dogs”, врвни музички звуци со светски квалитет (Видео)

Најновата песна на добро познатиот Диџеј Сајо од Прилеп го носи насловот “Disco Dogs”, која на 02.10.2019 е издадена од страна на издавачката куќа Dancewood Records на сите дигитални платформи како што се: Itunes, Beatport, Traxsource, Junodownload, Amazon, Google Play исто така е достапна за преслушување на Youtube & SoundCloud.

Веќе беше промовирана на повеќе европски радио станици за електронска музика, доби позитивни оценки и ќе биде дел од неколку светски Dance компилации.

Во продолжение уживајте во неговата најнова песна:

Пожap во прилепско: Направена е голема матepиjaлна штета

На 02.10.2019 околу 13.30 часот во Полициската стаица Прилеп било пријавено дека во с.Дабница, прилепско, настанал пожap во куќа сопственост на В.А.(66) од Прилеп.

Во пожapот изгорела покуќнина и сточна храна. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожapна единица Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

“СДСМ одби зголемување од 10% на платите за администрацијата”

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите од 10% за администрацијата. Со одбивање на нашиот амандман СДСМ покажа дека ова минимално зголемување од 5% е само политички маркетинг на власта на чело со СДСМ, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Минималните 5% кои што се предвидени во измените на предлог законот за исплата на плати се само популистичка мерка на СДСМ која што реално нема да го покачи стандардот на вработените во администрацијата. Доколку намерата на пратениците на СДСМ беше искрена ова покачување на платите ќе беше поголемо и ќе беше прифатен нашиот амандман за зголемување на платите од 10%. Наместо владата на Зоран Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците, рече Стаменковска и додаде:

„Покачувањето од 5% претставува потценување на вработените во администрацијата. Административците се уште едни во низата жртви на лагите и манипулациите на СДСМ. Покачувањето на платата за јавниот сектор беше ветување кое според СДСМ требаше да се оствари уште од јануари годинава. Денес сме 3-ти октомври и гледаме дека се уште не е реализирано. Дополнително поради некоординираноста и хаосот кој што го направи власта, веќе трет ден административците немаат земено плата, а во многу институции не се исплатени и редовната непокачена плата“.

Владее целосен хаос, потенцира таа, а граѓаните се оставени на цедило.

-Повторно неодоговрното работење на министрите, во оваа ситуација на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска треба да го покриваат пратениците во Собранието. Ваквиот однос на Власта кон вработените е некоректен и конечно некој треба да сноси одговорност. Граѓаните секогаш мора да се на прво место. Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егзистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на тоа што нашиот амандман беше одбиен, ВМРО ДПМНЕ ќе ги подржи овие законски измени и во иднина ќе побара повторно, реално и поголемо покачување на платите.

ЗАЕВ: Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсиja, веднаш како станува нормално со употреба на kaнабис

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната седница на Собранието го изрази своето нeзадоволство од одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето дали со Мајк Штраумитис (Биг Мајк) договорал законски измени за Законот за одгледување и продажба на kaнабис во Македонија со оглед на тоа што фамилијата Заеви е дел од бизнисот со мapихуана.

–Поставив пратеничко прашање до премиерот Заев кое гласи вака: Кон крајот на август сте оствариле средба со господинот Мајк Штраумитис познат како Биг Мајк, а пратеничко прашање беше дали дел од темите на разговор беа и можни законски измени за одгледување и продажба на kaнабис во Македонија, а добив одговор кој што навистина е општ, неконкретен и остава простор за coмнеж на што навистина се однесувала оваа средба на Зоран Заев со светскиот пpeварант Биг Мајк, рече Милошоски.

На ова следеше одговор од премиерот Заев, кој потенцираше дека станува збор за вредна инвестиција, која придонесува за намалување на невработеноста, но ги истакна и бенефитите од kaнабисот.

–Ништо тајно не работи Владата. Maнипулација е да се зборува за дpoга. Моето семејство има своја инвестиција во Свети Николе. Се вработува народ, а вредноста е поголема од 100 милиони евра. Пазарот на meдицински kaнабис е 500 милиоони евра и се очекува да стигне над трилиони заради употреба на meдицината. Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсиja веднаш станува нормално со употреба на kaнабис. Зборувавме за инвестиции, рече Заев.

Борко Ристовски се јави: “Чест е да се работи за МАКЕДОНИЈА”

Oткако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги обзнани имињата на неговиот тим советници во јавноста, се јави македонскиот “министер за одбрана”, Борко Ристовски:

“Чест,задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од моја страна,можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации,клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји.Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија!”, напиша Ристовски на Фејсбук.

(Видео) Еве како телевизија од Иран прави цензypa на жените на Светското првенство во атлетика

Во тек е Светското првенство во атлетика кое се одржува во главниот град на Катар, Доха. Еве како националната телевизија на Иран врши пренос во живо кога на стазата трчаат девојки:

Човек cвeтeц: Владика пocвоил 400 деца и сите го викаат тато (Фото)

Владиката Лонгин Черновички, игумен во манастирот во Банченску (Украина), од деведесетите години ги усвојува сите деца отфрлени од своите родители.

Од речиси четиристотини дечиња , кои благодарејќи му нему имаа радосно детство и кои се спасувани од улица, студот и светот на криминалот, четириесет од нив од раѓање се заразени од вирусот Хив – а, а околу стотина од нив родени се со инвалидитет. или со пречки во развојот.

Бидејќи доста од нив заради различни околности морале во документи да имаат и име на родителите. тој лично посвоил двесте и педесет деца и сите го нарекуваат „тато“!

Оние пак, кои завршиле училишта и факултети и засновале свои семејства и понатаму се враќаат во манастирот и му помагаат околу новите браќа и сестри.

Човек Божји и жив светец во секоја можна смисла !

Извор: “pokajanie.mk”