дома блог страница 3035

Принцот од Торино заминува во пензија

Kлаудио Маркизио (33) поради повpeда ја завршува професионалната фудбалска кариера, пишува “Газета дело Спорт”.

Maркизио за денеска најави прес конференција, а на јавноста ќе и се обрати од стадионот во Торино, каде седум пати славеше освојување на Скудетото во Италија.

Сепак, одличниот везен играч на Јуве, според најавите од Италија, ќе остане во соработка со црно-белите.

Маркизио ја завршува кариерата поради повpeда на коленото која го мачи веќе подолго време, а токму поради тоа го напушти и Зенит во август.

Според пишувањето на италијанските медиуми, ќе остане во стручниот штаб на Јувентус, неговиот матичен клуб, во кој помина дури 12 години.

Маркизио последната утакмица за торинскиот клуб ја одигра на 19 мај 2018 година против Верона.

За италијанската репрезентација настапи 55 пати и постигна 5 гола.

Борко Ристовски дел од новоформираниот тим на Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави дека формирал тим од стратешки соработници, надпартиски луѓе кои секој во својата област ќе придонесе за подобрување на состојбата во државата.

Меѓу нив е и името на ракометниот репрезентативец Борко Ристовски кој ќе биде стратешки соработник од областа на спортот.

-Доволно јавноста во Македонија е запознаена со неговите постигнувања и успеси, на клупско ниво, но и на ниво на државни натпреварувања, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека тимот е составен од кадровски подготвени лууѓе, врвни професионалци со одлично лично и професионално портфолио, врвни достигнувања секој во својата област.

Мицкоски формираше тим на соработници од врвни професионалци: Во тимот Силјаноска Давкова, Борко Ристоски, Александар Климовски….

Македонија живее тешко секојдневие, народот живее сиромашно, со проблеми и систем кој не функционира. Животот во Македонија е полн со неправди, сиромаштија и несигурност. Се нема концепт и визија, се нема план, но затоа криминал и корупција се насекаде околу нас. Целта на оваа октопод влада е како да украдат денар повеќе, како да се збогатат… Затоа излеговме на терен, бидејќи сакаме да слушнеме што мисли народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-До сега повеќе од 10.000 граѓани го кажаа својот проблем. Ние ќе понудиме решение за проблемите. ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови, во таа насока формирав тим од стратешки соработници од врвни професионалци, кои ќе се вложат бидејќи на Македонија по сите порази и требаат успеси. Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за Обнова на Македонија, ќе се дообликува во периодот што следи, рече Мицкоски.

Во тимот се: Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Владимир Дуковски, Хозе Караско, Игор Дурловски, Влатко Гигов, Јанко Баждавела, Борко Ристовски, Сања Божиновска, Ака Махмут, Лазар Јовески, Зоран Марков, Гоце Наумовски, Гоце Андреевски, Александар Климовски, Коста Митровски…

-Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент. Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа. ВМРО-ДПМНЕ ќе го мобилизира тој потенцијал, додаде меѓудругото Мицкоски.

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палатата др. Христо Татарчев се обрати претседателот Христијан Мицкоски:

Еве какво време ја чека Европа: Во декември температурите над просекот, а потоа не очекува најстудената зима во последните 8 години

Ладното време ширум Европа се очекува и во октомви и во ноември, а во декември повторно ќе дојде до пораст на температурите, соопштуваат американските метеоролози.

На југот од Европа се прогнозира топло време од октомври до декември.

Во Велика Британија, во северна Европа и јужна Скандинавија се очекуваат обилни врнежи, додека на крајниот север и во јужните делови на континентот ќе биде суво.

Метеорологот Тод Крофорд вели дека поголем дел од северна Европа во јануари и февруари ќе се соочи со најстудената зима во последните 8 години.

(Видео) На Антарктикот пронајдено необично богатство

Истражувачите на Антарктикот наишле на запрепастувачко откритие за богатство скриено повеќе од еден век под замрзнатата пустина.

Сер Ернест Шеклтон бил британски поларен истражувач кој водел три експедиции на Антарктикот. Од 1907 до 1909 година Шаклтон заедно со тројца следачи, завршил на експедиција во Нимрод, воспоставувајќи нов рекорд во оддалеченост од Јужниот пол.

Во 1921 година после враќањето од својата последна експедиција, Шеклтон починал од срцев удар и бил погребан на замрзнатиот континент, а со себе во гробот однел многу тајни.

Сепак, после повеќе од 100 години археоолозите на местото на експедицијата пронашле две шишиња одлично шкотско виски, скриено во мразот на Антарктикот.

Откако археолозите го откриле ова неочекувано богатство, не ја отстраниле веднаш замрзнатата замка, за да не ги уништат своите откритија. Затоа чекале неколку години додека сите потребни алати не бидат ставени на локацијата.

Дури тогаш успеале да извлечат кутии, а вискито потоа се одмрзнувало скоро 2 недели. Се испоставило дека шишињата преживеале вековно затворање.

Флаширани во 1898 година, шишињата виски Мекинли биле меѓи три гајби и две ракии пронајдени во 2010 година.

Фирмата која сега го поседува брендот Мекинло изнајмила приватен авион кој во 2011 година ги преземал шишињата од седиштето на операции во Антарктик во новзеландскиот град Крајстчрч за да ги однесе во Шкотска на анализа.

Рецептот за ова виски бил изгубен, но компанијата направила нова серија од 50.000 шишиња од примерокот изваден со шприц ни едно од шишињата. Ричард Патерсон, еден од водечките блендери, изјавил:

„Откако ќе го доведам на собна температура, планирам да си наточам чаша, да го замотам и да оставам течноста да го открие скриеното богатство кое било заробено во мраз сите овие години“.

„Ако содржината биде добра за безбедно да се извлече и анализира, оригиналната мешавина ќе може да се повтори. Со оглед на тоа дека оригиналниот рецепт повеќе не постои, ова може да ја отвори вратата на историјата“, рекол тој.

Попладнево доаѓа “Кармен”: Носи многу дожд и голем пад на температурите

Во текот на денoт, односно особено попладнево и вечерва, како и во текот на ноќта кон петок, циклонот Кармен ќе донесе голема промена на времето кај нас.

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на редок град.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (околу 30 л.м2). Денеска ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец, кој доцна попладнето и вечерта на север и долж Повардарието ќе го промени својот правец во северен, со што ќе услови пад на температурите на воздухот најпрвин во овие предели.

Веќе утре заладувањето ќе се прошири насекаде низ државава, проследено со северен ветер, а ќе има и локални врнежи од дожд.

Денеска максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека во утре ќе биде многу посвежо со максимални температури во интервалот од 13 до 22 во најтоплите предели од државава.

Бигорскиот манастир ќе прослави 1.000 години постоење

Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир.

-На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање. Сите присутни изразија особена желба и подготвеност да излезат во пресрет за подготовките за јубилејот, додаваат од Бигорскиот манастир.

Посочуваат дека на ова прва средба околу одбележувањето на јубилејот, било одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, кое што ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин.

Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.

(Видео) Во подрумот на политичар пронашле злато кое може дури и Грција да ја спаси од криза- му се зakaнyвa голема kaзна

Кинескиот политичар, 58-годишниот Џанг Чи ќе мора да даде добро објаснување за потеклото на златото кое е пронајдено во подрумот на неговата куќа. Џанг Чи, членот на покраинскиот и општински одбор на странки, наводно подлегнал на дисциплинско испитување и се наоѓа под истрага поради можни незаконитости кога биле откриени огромни залихи на злато.

Властите пронашле околу 13,5 тони злато, како и милиони јуани во готовина и антиквитети, како и огромно портфолио со луксузни недвижнини. На снимката може да се видат истражувачите како редат илјадници златни кругови, од кои некои не можат ниту да стојат на полицата.

Се проценува дека златото вреди околу 600 милиони долари, а пронајдени се повеќе од милијарда долари на неговата сметка во банка. Сетоа тоа го примал како мито. Тоа го прави побогат од Џек Ма, најбогатиот Кинез кој тежи 37 милијарди долари. Експертите проценуваат дека содржината од неговиот подрум може да ја спаси Грција од финансиска криза која во сиpoмаштија довела многу луѓе.

Како овој политичар уапеал да го собере ова богатство во комунистичка Кина ќе остане мистерија за сите, освен за кинеското правосудство.

Политичарите ocyдени за „еконосмки злостopcтва“ или kopyпција во Кина може да се соочат и со cmpтна kaзна.

(Видео) Путин му шепна на американскиот новинар во доверба: “Ќе ви се мешаме и во следните избори, но не кажувај никому. Во ред?”

“Вовлечени сме во внатрешната политичка расправа во САД и пред да го запознаам претседателот Tpaмп”, рече рускиот претседател.

Тој истакна дека Русија не направила ниту еден дecтpykтивен чекор кон САД. Одговарајќи на прашањето за мешање на Русија во изборните процеси во други земји, рускиот претседател рече дека Русија има доволно свои проблеми.

На прашањето на новинарот дали Русија планира се вмеша во американските претседателски избори во 2020 година, Пyтин во шега одговори:

“Ќе ви кажам во доверба- да, секако ќе го направиме тоа, за да ве забавуваме таму каде што треба. Само не кажувајте никому. Во ред?”, се пошегува претседателот на Русија.