дома блог страница 3033

(Видео) Падна и првиот снег на Балканот- температурите под нулата

На Дурмитор, Црна гора, падна првиот снег, а температурите се спиштиле под нулата.

На видето се гледеа сека Дурмитор е побелен од снег.

„Тука е вистинско невреме, почна да паѓа и снег. Во автомобилот покажува дека температурата се суштила на два степени“ редкол еден од мештаните.

Во целиот регион, па и во Цена Гора се очекува променливо облачно време во текот на наредните неколку дена.

Не ни оди со знамињата: Пендаровски му се извини на Ѓукановиќ за неправилно поставеното знаме

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски се извини поради превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, пишува Пораталаналитика.

Имено, за време на средбата на двата претседатела, црногорското знаме било свртено напопаку.

Извршен е ненамарен превид за време на поставувањето на црногорското знаме на тет-а-тет состанокот двата претседатели – стои во писмото на извинување.

Поетесата од Прилеп се врати со три награди од Белград, меѓу нив и награда од Владата на Република Србија (Фото)

Нашата сограѓанка Андриана Ристеска беше единствениот претставник од Прилеп на првиот Меѓународен ромски фестивал на поезијата во Белград кој се одржа во периодот од 27.09.2019-29.09.2019 г.

На свеченото претставување кое се одржа во Клубот на народни пратеници на Дедиње, таа се закити со медал издаден од Министерството за култура и информирање при Владата на Република Србија, доби високо признание од Здружението на ромски писатели Београд и Канцеларијата за човечки и малцински права при Владата на Република Србија, како и награда Диплома за една од своите песни од Литературниот клуб Душан Матиќ од Ќуприја.

На овој фестивал беше промовирана Антологијата „ Таму каде што Сава го љуби Дунав “ во која три нејзини песни беа преведени на српски и на ромски јазик.

На фестивалот учествуваа 16 поети од Македонија кои во најдобро светло го претставија современото македонско поетско творештво.

Заев: “Не верувам дека вас повеќе ве боли македонштината од мене” (Видео)

Ново видео со драматична музика во позадина осамна на Фејсбук фан страната на премиерот Зоран Заев, а потекнува од вчерашната седница посветена на пратенички прашања во Собранието.

“Не се чувствувам помалку Македонец од претходните премиери, тоа што нѐ разликува од сите влади и премиери досега, е што без разлика на политичките цени, ние храбро носиме одлуки. Носиме одлуки за да обезбедиме сигурна иднина, да го верифицираме нашиот идентитет и да ги задржиме младите тука, во земјата. Тоа е македонштината за мене”, истакна Заев.

Koj се бе тие да пополнуваат негови дупки? Градоначалник од СДСМ побара kазни за граѓани кои сами крпеле пат (Видео)

Во селото Мождивњак, Кривопаланечко, селаните со месеци чекале градоначалникот на Крива Паланка инаку нивни соселанец да го санира патот преполн со дупки – објави “Експрес.мк”.

Кога виделе дека нема таков проект на виделина собрале пари, купиле бетон и сами ги закрпиле дупките.

Градоначалникот и соселанец им испратил инспекција и им поднесува пријави со цел да ги казни затоа што сакале да запрат да си ги кршат возилата и да ја завршат неговата работа.

(Видео) Колку полицајци се потребни? Три екипи cooбраќајци „На прав пат“ се плaшea да пpивeдaт скопјанец

Колку полицајци се потребни за да приведат некого, прашува скопјанец кој бил сведок на драматична неподготвеност на полицијата да дејствува брзо и ефикасно, дури и во случај на сообраќаен прекршок, пренесува Инфомакс.

На снимката објавена на социјалните мрежи може да се види како две екипи на сообраќајната полиција се обидуваат да приведат лице кое најверојатно направило сообраќаен прекршок. Се влечеа, се моткаа околу возилото. Додуша, повеќе прекршителот ги влечеше.

Орудијата како пендрак и лисици, останаа некаде. Едниот од полицајците дури и бараше лисици. Своите не знаеше каде се. За среќа на скопјанецот кој беше предмет на полициската интервенција, никој од полицајците не извади лисици да го приведе.

Извор: infomax.mk

Стара е илјадници години, има тунели и премини, но не ја изградиле Египќаните: Неверојатно откритие за големиот чувар на пирамидите

Оваа извонредна древна градба, која е висока 20 метри и долга 57 метри, го претставува гордиот “чувар” на Големата пирамида во Гиза.

Постојат многу енигми за Сфингата, а истражувачите сеуште не знаат кој ја изградил. Една од најтаинствените карактеристики на Сфингата е оригиналното лице и необичната големина на главата во споредба со телото.

Но што всушност знаеме за Сфингата?

За почеток, големата Сфинга во Ефипет се смета за најголемиот камен кип во светот и околу 200 тони камења биле извадени како би се изградил храмот покрај неа.

Во далечното минато, Сфингата била прекриена со песок, и дури во 1905 година било откриено целото тело. Вистинскиот градител на оваа величенствена статуа е непознат, но многу научници сметаат дека фараонот Кхафре ја изградил за време на четвртата династија. Меѓутоа, археолошките и геолошките истражувања покажуваат дека Сфингата е многу постара од четвртата династија.

Студијата претставена на Меѓународната конференција за геоархеологија одржана во Софија под назив “Геолошки аспект на проблемите за датумот на големата египетска конструкција”, авторите Маничев Вјачеслав и Александер Г. Паркхоменко велат дека Сфингата е стара околу 800.000 години.

Големата Сфинга во Египет, заедно со Големата пирамида, се само дел од конструкциите на древниот Египет кои немаат натписи.

Сфингата станала симбол во Новото кралство. Фараонот Аменхотеп II изградил храм од цигли североисточно од Сфингата, додека Рамзес II, кој се смета за еден од најплодните градители на древното кралство, изградил гранитен олтар.

Tука првите иceленици од Македонија пpoизведувале виckи уште далечната 1910 година (Фото галерија)

Иселеник од Македонија во Торонто, Канада, објави фотографии од фабриката за алкохолни пијалоци “Spirit of york” сместена во оваа канадска метропола.

Според она што го пишува на објавата тука првите македонски иселеници уште далечната 1910 година произведувале канадско виски.

Погледнете ги фотографиите:

Го нарекуваат “Окото на светот” и е најубавиот извор на најголемата река во Далмација: Погледнете ја оваа неверојатна убавина (Видео)

Најубавиот извор на најголемата река во Далмација, реката Цетина. Реката е со должина од 105 километри и има осум извори, а едно од нив е езерото Главаш.

Езерото се наоѓа во близина на местото Цетина или 7 километри северно од градот Врлика и е дестинација која мора да ја посетите доколку се наоѓате во Далмација во Хрватска.

Погледнете:

(Видео) “Брилијантни прашања за бугарските понижувања упатени за Заев од актерот, пратеник Јовановски”

Денешната седница на Собранието беше посветена на пратенички прашања, а најдоброто можеби го постави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски.

Слушнете го неговото излагање кое се однесува на политиките на Бугарија кон Македонија, а доаѓаат во пресрет на одлуката на Советот на Европската Унија кога ќе се одлучува дали Македонија ќе добие или не датум за почеток на преговорите за членство.