дома блог страница 3029

Постарите се сеќаваат: Мостот во Прилеп на чие место денеска се наоѓа кружен тек

Ќемерлија мостот поврзувал две страни на еден дел од градот во близина на местото на кружниот тек кај бензинската пумпа кај Здравствениот дом. Се помни дека бил урнат пред повеќе од шест децении.

Мостот бил со калдрма. Минувале многу граѓани. Граден е од камен, со “тунел”, висок четири метри. Под него се провирала арабаџиска кола со сено.

Имало и две “тунелчиња”, за итање на Дабничката река која била бистра и минувала низ чисто корито. Пливале пајки и гуски на соседите.

Во близина била куќата на Вејкрповци. Имало и постар дуќан за грнчарија, бардиња, на мајсторот Гиче. Во близина живеел духовитиот Турчин Ибуш, кој ги смеел луѓето со мајтапи.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Утре дожд, од среда температурата во пораст

Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 26 степени.

Времето во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер, температура до 21 степен.

Утре времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови.

Променливо облачно и свежо ќе биде и во вторник, а во наредните денови температурата на воздухот ќе биде во пораст.

(Видео)Балканска работа: Со багер му го уништи автомобилот на човекот кој му должел пари

Сопственикот на патничкиот автомобил не му ги вратил парите на багеристот, но не се споменува сумата.

Невообичаен инцидент се случил денеска во местото Кулаши кај Прњавор, БиХ. Имено, багерист целосно уништил паркиран автомобил.

Според порталот „Прњавор инфо“, возачот на багерот го уништил автомобилот на човекот кој му должел пари. Целиот инцидент го снимал очевидец од блискиот објект, погледнете како изгледаше тоа.

Млад Македонец растура на светско ниво: Виктор стана двократен светски шампион, а ќе атакува на уште два медали (Фото)

Младиот кик-бокс јунак Виктор Димовски-Тампес кој живее во Германија денеска на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Дизелдорф освои два златни медали во категориите лајт контакт (до 47, односно до 53 килограми).

Покрај овие два успеси, Виктор ќе се обиде да го освои и првото место во категоријата семи контакт (до 47, односно до 53 килограми), со што ќе застане на тронот на светскиот кик бокс.

Инаку Виктор е родум од Велес, а живее и тренира во германскиот град Франкфурт.

Имаме со што да се гордееме насекаде во светот!

“Пензионер херој од Штип му посочи на Заев дека е на погрешен пат?” (Видео)

Премиерот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Штип во рамките на кампањата „На прав пат“ доби серија на критики од присутните.

Една од нив беше и од пензионерите. Тие го прашаа зошто пензиите не се качени за 10 отсто како што и беше ветено во предизборната кампања.

Ибрахимовиќ одново го насмеа светот: Сам си купи поклон и си го честита роденденот (Фото)

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, пред некој ден наполни 38 години и во таа прилика реши да се почести со нова “играчка”.

Се работи за најновиот модел на Ферари кој изгледа неверојатно!

„Среќен роденден на Златан“, напиша славниот Швеѓанин до неговиот cкaп автомобил.

Му верува ли некој? Заев одново ги вети фамозните 500 евра плата и огромно зголемување на пензиите за в година

Не се одлучивме да делиме по 500 денари пред избори, пред локални и претседателски, туку за стабилизирање на фондот и поврзување со раст на економија. Во 2020 ќе има огромно покачување на пензиите и тоа без да биде загрозена иднината на пензионерите, вети денеска во Штип премиерот Зоран Заев.

Тој на денешната граѓанска трибина во Штип, во рамките на кампањата „На прав пат“, одговарајќи на прашање на локален жител, нагласи дека следната година пензионерите ќе добијат „огромно“ зголемување на пензиите и дека тоа ќе биде на основа на економскиот раст.

– Не може да се расфрламе со парите само затоа што доаѓаат избори, прво политика е да го стабилизираме пензиснкиот фонд. Растеа издатоците по два, три, четири милијарди денари од буџетот кај ПИОМ, а немаше за брани, за школи, за здравство цело време. Сега има законски механизми и со раст на економијата така ќе растат пензиите. Штом ќе се направат анализите на здрава основа ќе има зголемување и тоа такво покачување како што досега не е видено и тоа во апсолутни бројки, рече Заев.

Тоа ќе следува на ист начин како кога беше донесена одлука за зголемување на пензиите на почетокот на оваа година врз основа на минатогодишниот раст.

Заев вети дека следната година ќе има и по 100.000 денари плата за специјалистите и 500 евра просечна плата.

Мицкоски: Доколку сега има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласа разлика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното телефонско интервју за македонско радио од Сиднеј порача дека сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ и дека доколу сега има избори, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласа разлика.

-Се што кажавме во минатото се потврдува. Мислам дека во овој момент Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка и се обидува со еден воинствен речник од типот газам и слично да ја мобилизира онаа структура на подржувачи во рамките на СДСМ, бидејќи според нашите информации постои сериозна раслоеност во рамките на самата СДСМ токму тоа е една од причините зошто Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакал. Инаку нелогично е човек кој е толку сигурен дека блеска дека ќе згази на избори и така натаму да не ги организира тие избори да си добие нови четири години но јас ќе ви кажам тука не станува збор за логика туку станува збор за страв знае дека ги губи знае дека ќе доживее дебакл и знае дека после дебаклот следи одговорноста за сето ова кое го направи во Република Македонија на било кој план следи одговорност за сите досегашни политики но и следи одговорност и за криминалот кој се случуваше еве веќе трета година по ред. Јавното мерење на јавното мислење оди во насока на тоа дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, а поддршката на СДСМ опаѓа. Последната анкета која е објавена во текот на вчерашниот ден е јасно недвосмислено покажува огромна поддршка на ВМРО ДПМНЕ споредено со СДСМ. Таа поддршка, сме кажале во минатото доколку сега има парламентарни избори ќе биде изразена најмалку со 100.000 гласа разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Мицкоски.

Проблеми за кралството: 250.000 луѓе на улица во Шкотска бараа независност од Велика Британија (Видео)

Илјадници Шкоти денеска излегоа на улиците на Единбург во знак на поддршка за независност од Велика Британија.

Помеѓу демонстрантите беше и пратеничката од Шкотската национална партија (SNP) Џоана Чери, која пред шкотскиот суд покрена постапка, за да се осигура дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе го почитува законот, според кој е приморан од Европската Унија да бара одлагање на “Брегзит”, доколку не се постигне договор со Брисел.

“Каков ден! 250.000 маршираа со нас за независност во Единбург”, напиша на Твитер Чери.

“Не можев да бидам физички со вас, но ќе бидам со духот. Ви посакувам пријатен ден. Немојте да се сомневате-независноста доаѓа”, одговори со твит шкотската премиерка која потекнува од истата партија, која се противи на “брегзит”.

Протестите ги организираше групата “Сите под едно знаме”, која во 2014 година ја основаше активистот Нил Мекеј, со цел отргнување на вниманието на јавноста од шкотскиот национализам.

(Видео) Погледнете го трејлерот за серијата “His dark materials”: Ја нарекуваат новата “Game of thrones”

“His dark materials”, новата “HBO” серија базирана на романот епска фантастика, стигнува на екраните на 4-ти ноември, а откако беше објавен првиот трејлер, се повеќе почнуваат да ја споредуваат со “Game of thrones”.

“His dark materials” настана на основа на популарната трилогија на Филип Пулман, во која се зборува за девојката Лајра, чиј живот целосно се променува по појавувањето на двајца моќни посетители во колеџот Џордан. Првиот е нејзиниот страшен чичко лордот Азриел, кој на научниците во колеџот им носи докази за појава на далечниот север- таинствен небесен феномен наречен Прав”.