дома блог страница 3015

Шарена пита со шунка, тиквици и сирење

Состојки: 250 гр шунка, 4 јајца, 1 кора за пита, 200 гр тиквици, 100 гр тврдо сирење, сол, бибер, оригано.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца и додајте шунка, исечкана на коцки или ленти. Потоа додајте изрендано сирење и исечкани тиквици. Сè зачинете со малку сол, бибер и оригано.

Целата смеса заедно излејте ја на готовата кора и печете во загреана рерна околу 40 минути.

Добар апетит!

(Видео) До сега невидени снимки од инцидентот во Бреша: Додека Србите бркaaт Албанци, на Балотели ништо не му е јасно

Пријателскиот натпревар меѓу италијанска Бреша и Војводина, кој беше одигран во саботата, никогаш нема да биде завршен поради големиот број на инциденти кои го одбележаја овој дуел.

До прекин на мечот за прв пат дојде поради исклучувањето на Ненад Лалатовица, тренерот на Војводина, кој во знак на протест ги повика своите играчи да излезат од теренот. Кога страстите се смирија, фудбалерите на Војовдина се вратија на терен, но тоа не беше се.

На стартот на второто полувреме дојде до инцидент поради кој натпреварот не беше продолжен. Имено, неколку Албанци со знаме стигнаа до едниот дел од теренот за да ги провоциpaaт Србите на трибините. Кога го забележаа тоа српските навивачи веднаш тргнаа да се пресметаат со групата Албанци кои започнаа да бегаат.

Денеска сончево и топло- еве какво време најавуваат од УХМР за следните денови

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 20 до 28 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Малиот град низ поглед од кај слонот: Прилеп во триесетите години на минатиот век (Фото)

Ако сега од манастирот Арахангел Михаил со поглед ја голтате Пелагонија, Прилеп во триесетите години како на тепсија се гледа од природната скулптура Слонот која се наоѓа над резервоарот под Маркови кули. Оној кој го посетил овој природен споменик, кој го забележал и Рипли, се сетил да го фотографира мирно распосланиот Прилеп до Тутунскиот комбинат.

Од Слонот како од трон да ги се впиваат со поглед разредените куќи со многу зеленило околу нив. Пред него, дел од прилепското поле. Се раширило слободно обработливо земјиште. Мазно како азно, што би рекле постари.

Според сликава не изгледа како Прилеп да се ,,прилепувал,, на Варош како што милуваат да раскажуваат старите Варошани. Изгледа како Варош да се ,,прилепил,, до Прилеп.

Денес, нема игла каде да се фрли. Сето што е голо и празно на сликава е изградено. Прилеп расте и во ширина и во должина. На наше задоволство. Куќите се наша одлика, а не зградите. А за нив треба простор.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Победа ја прават “пуздер” и судиите? Недосуден пенал, тензичен натпревар и кавадарчани кои кршеа на Могила (Видео)

Во меч од 8-то коло на Втората лига-Исток кој во петокот се одигра на стадионот на Могилата во комшискиот дуел Победа и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 2-2.

Она што посебно треба да радува е фактот дека црвено-белите момци денес покажаа карактер во исклучлително значајниот меч за двата тима.

И со играч повеќе и со сите проблеми со кои се соочува клубот и со играч помалку не само што успеаа да израмнат од досудениот пенал врз Колевски кој го реализира Гешоски во 71-та минута(што е негов 4-ти овосезонски погодок), туку по слободниот удар, повторно врз Колевски, Благоја Наумоски со ефектен гол9, трет оваа сезона за него, од 20-тина метри во 89-тата минута од натпреварот и поведоа со 2-1.

При резултат 1-1 во 72-та минута веднаш по израмхнувањето, Гешоски промаши зицер биејќи, исто како и на мечот со Плачковица, со глава покрај противничкиот гол на задоволство на немоќниот Игески. Но за жал мал пад на концентрација и невнимание ги чинеше примен гол во судиското надополнување кога оставија неколку слободни гостински играчи на 2-та статива и му дозволија на Скендери да ја затресе мрежата на Иванов за конечни 2-2.

Длабоко во судиското надополнување убава прилика за ново водство на Победа на искористи и резервистот Каралиоски. Избраниците на Мегленски одиграа навистина квалитетен натпревар и треба да жалат што за борбеноста и залагањето не беа наградени со 3 бода против лидерот на табелата.

Од конечниот резултат многу повеќе треба да бидат задоволни гостите кои во судиското надополнување-во 94-тата минута се спасија од првиот првенствен пораз сезонава. Тие не ги оправдаа очекувањата и буквално се провлекоа спасувајќи се од пораз во мечот кој инаку го одбележа во најмала рака калкулантското и во поголерм негов дел тенденциозното судење на главниот судија Лековски од Битола. Им додели дури 8 жолти картони на фудбалерите на Победа а од игра го исклучи Дино Спиркоски, поради втор жолт картон во 55-тата минута.

За нееднаквиот критериум потврда е и недоделениот втор жолт картон за гостинскиот играч Јорданчо Наумоски во 65-тата минута за скоро идентичен старт, а во финишот во 94-тата минута наместо фаул за Победа врз Вецески досуди слободен удар за гостите од кој потоа се случи акција за израмнувачки гол на гостите.

Не досуди пенал за Победа во 40-тата минута од првиот дел по прекршокот врз Гешоски , а пропушти да го санкционира и Делов по фаулот со лакт врз младиот Давид Јошески во 54-тата минута, по кој младиот фудбалер на Победа мораше да го напушти натпреварот, а за што главниот судија не досуди ни фаул за Победа.

Арбитражата нека ја отценуваат надлежните од ФФМ, но факт е дека Победа и оваа сезона повторно е на тапет на судиите а наше е да укажуваме на ситуациите за кои сметаме дека клубот е онеправдан од страна на луѓето во црно кои треба да делат правда, но таа очигледно не е ееднаква за сите!

Треба да се каже и дека по израмнувањето на резултатот во 72-та минута се случи неколкуминутен – прекин кога гостинските навивачи почнаа со фрлање на предмети и бакљи на теренот. Изјава по натпреварот во записникот на делегатот Тихо Чурлинов од Гевгелија:

Во 72 минута имаше прекин од 5 минути поради уфрлање на бакљи од страна на гостинските навивачи кои на натпреварот пристигнаа по започнување на натпреварот и истите не биле најавени. Притоа инвервенираа органите на МВР при што се искршија голем број на столчиња за кои дополнително ќе се произнесам во извештајот.

Победа:Иванов, Д.Наумовски, Магловски, Дамески, Колевски, Вецески, Д.Спиркоски, Јошески (од 54 мин Каралиоски), Б. Наумоски, Митрески (од 87 мнин Петровски) и Гешоски(од 80 мин Ристески).

Видеото од недосудениот пенал за Победа погледнете го ТУКА

Сестрата на Огнен на Фејсбук: “Уште пред за започне Макфест се знаеа наградите, мизерија од фестивал”

Синоќа во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип се одржа 34-то издание на фестивалот “Макфест”.

На финалната вечер прва награда освои Мартинијан Кириловски со песната “Сто пати на ден”, втората награда отиде за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац за песната “Уште ми фалиш”, а третата награда ја освоија гостите од Србија – музичката група “Фрајле”, за песната “Не и’ признавај”.

На фестивалот настапуваше и младиот изведувач Огнен Здравковски кој се претстави со песната “Светот нека застaне”, но не освои ниту една награда.

После фестивалот на Фејсбук со јавен статус се јави сестрата на Огнен која напиша:

“Макфест?!? Мизерија од фестивал е станато!! Ако платиш ќе си земеш награда… Уште пред да почне фестивалот се знаеа наградите 😉 Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават гласовите од публиката… еее моја Македонска музичка естрадо!”, напиша Оле на својот Фејсбук профил.

Неверојатен спектакл: 400 дечиња во еден глас ја пеат песната “Само да нема вojна” од Ѓорѓе Балашевиќ

Видео од отварањето на реконструираниот Дом на културата во “Пљевља” во Црна Гора од мај минатата година кое ќе ве остави без здив.

Се работи за изведба на песната “Само да рата не буде” (Само да нема војна) oд Ѓорѓе Балашевиќ, а ја пеат 400 деца од детските градинки и основните училишта во оваа општина што се наоѓа на сверот од Црна Гора.

Погледнете и уживајте:

Вардар се сака и кога победува и кога губи: Погледнете како “Комити” грмеа и покрај тоа што Вардар губеше со 14 разлика (Видео)

Европскиот ракометен шампион Вардар го забележа првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампиони, откако во Скопје беше поразен со високи 20:31 од германски Кил.

Иако Вардар одигра очајно, но и немаше среќа во нападот, па и покрај постигнатите само 4 гола во првото полувреме, на трибините “Комити” го бодреа до последната минута.

Спортската сала “Јане Сандански” грмеше со поддршка за вардарци и уште еднаш се покажа дека “Вардар се љуби и кога победува и кога губи”.

Со овој пораз Вардар сега се наоѓа на третото место во групата Б, а наредниот натпревар за црвено-црните е против Веспрем на гости на 19-ти овој месец.

Во продолжение погледнете ја пеколната атмосфера во “Јане Сандански”:

„Фолксваген“ ќе инвестира во Македонија – малку „морген“!

Пишува: Maрјан Ристески

Пушташ вести и повторно слушаш непријатно изненадување: Компанијата Фолксваген реши да инвестира во Турција – инвестиција вредна 1,5 милијарди евра и повеќе илјади вработувања! Уф, си велиш, што пак им згрешивме на инвеститорите за повторно да ја одминат жална Македонија, а имавме најава на голема врата за нивno влегување во државава од „инвестиционо“ настроенава ни влада?! Слушаш и си велиш:Зошто Господе инвеститориве како од “лепра” бегаат од нас? А ние сите убедени од владата наша:, готово – Фолксфаген доаѓа во Македонија – фолксваген – национално возило, ама арно, пак јако нè „извозија“ и тоа во фолксваген караван и си велиш длабоко во себе: Ќути можеше и полошо да биде, да испилотираме како арачиновска ескадрила!

И повторно сите „сме мало збуњени“ со многу прашања во себе: Што е причината што никој не сака да инвестира, зошто никој не сака ни шајка да заковe во оваа наша, a „блескава” Македонија?

Каде и да отиде по „белиот свет“ нашиов владин „Globtroters team”, секогаш со изненадувања и свежи вести за нас-народов, нови инвестиции и нови брендови за државава!!!??? Браво-браво и после тоа OП стара приказна – ништо од ветеното повторно – лажна вест!!!

Но, по сè изгледа грешно ги сфаќаме, нашата власт има повисока улога од државничката, таа си станала портпарол за најава на инвестиции на Балканот (нели „успешна“ балканска приказна се), па затоа често слушаме наместо во Македонија, инвеститорите се одлучиле да инвестираат кај соседите: во Србија, во Хрватска, Бугарија, Турција…(убаво е кога се мисли за соседите, нели таква е владата наша)?

Пред три години на голема врата ни најавија – Кога ќе дојдеме на власт државава ќе стане инвестиционен рај, ќе се „тепаат” да инвестираат во неа, но место да се тепаат за овде, доживеавме да се тепаат за да бегаат одовде, а народецов како и секогаш – со прстот во уста.

Како што тргнала работава со оваа влада, и зборот инвестиции ќе се ОДДОМАЌИНИ од нашиов речник (не наведувам каков речник за да не се налутат бугарите-празник е). Непријатно е чувството како нард кога ќе слушнеме дека она што го најавила владата како – инвестиција, претставниците на странските компании мораат да го корегираат и да ја демантираат веста за да не си го нарушат стекнатиот имиџ, велејќи си во себе – со кого сме фатиле работа? Значи куртоазното – „family photo” и неизбежното ракување на претставниците на власта со менаџерите на некоја компанија на некој протоколарен собир, за оваа влада значи и нова инвестиција, а уште полошо е кога со тек на време почнуваат и самите да си веруваат во “инвестицијата”.

Тие денови ела пушти провладин медиум, ќе се изнаслушаш: посветена влада на инвестиции, па на повидок нова инвестиција, инвеститорите ја препознаа добрата бизнис клима во државава….фалби до фалби! Од толку фалби уште малку ќе почниме да размислуваме како севернокорејци – дека сме светски шампиони во фудбал!?

И после неколку месеци следува ОП! – пак еден ладен туш (bucket challenge) за народот, најавената компанија наместо во Македонија, се одлучила да инвестира во соседството!? Значи пак суви пренесени преку вода, без капка да капне, пак за нас лижавчетоооо!

Но, ајде ќе ги оставиме странските инвестиции – нешто слабо им им оди и со домашниве инвеститори, нитy тие се нешто заинтересирани за нови инвестиции во државава или пак проширување на постојните. Па и ваквите вести за домашни инвестиции во Македонија стануваат реткост, да не речам…како вест за „7-ка на лото“!

Ако анализираш, од сето ова неминовно се наметнуваат неколку битни прашања:

Дали оваа власт е кадарна да привлекува инвестиции? Дали Самка, Љубе…се вистинските кадри на државава кои народот ги плаќа за привлекување инвестиции? Дали владиниот пристап и променетите Законски регулативи се тотално
погрешни, па наместо привлекување имаме одвлекување на инвестиции? Дали власта има концепт и дали cе воопшто заинтересирана за инвестиции? Дали корупцијата која е одлика на оваа власт се исто така голем проблем
за инвестирање?…

Постојат уште многу прашања што треба да ги одговори ваа власт, а засега одговорот е суров: ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ИНВЕСТИЦИИ!!!

Ако направиме една ретроспектива, кога претходната влада најавуваше ТИРЗ-ови, индустриски зони…, сегашнава власт, а тогашна опозиција, ги исмејуваше дека тоа е фарса, дека нема инвестиции, често сликајќи се на празни ниви. Ги потценуваа и лично ги омаловажуваа активностите на тогашните економски промотори и врвни експерти од Македонија од типот на Алек, Бил Павлески, Веле Самак, Џери Наумов… (визави сегашниве Самка, Љубе…).

Ги кудеа даночните олеснувања и бенефити за инвеститорите, демек не биле добри за државава, па дека домашните компании биле потценети во однос на странските, за да потоа кога секој месец почнаа да никнуваат нови и нови инвестиции и компании во зоните со илјадници нови вработувања, е тогаш да почнат да ја вратат реториката и да измислуваат дека вработените во нив се експлоатираат со енормно ниски плати! Кога почнаа на врабитените и платите да им растат во овие компании, е тогаш почнаа со нова теза дека им ги земаат (крадат) вработените и кадрите на домашните компании!!!

И сега, кога веќе се на власт, овие компании кои што инвестирале во државава наеднаш стануваат добра работа за власта, па често гледаме како сечат ленти на веќе започнати, изградени или претходно планирани инвестиции од овие компании.

Целата своја неспособност за нови инвестиции за подобрување на економијата и животниот стандард сега пак ја покриваат со нова теза – ЏАБЕ ИНВЕСТИЦИИ, НЕМАЛО ДОВОЛНО РАБОТНА СИЛА – ТРЕБАЛО ДА СЕ УВЕЗЕ ОД СТРАНСТВО!?!? (им текна откако 500.000 ги избркаа од државава). A и најново „откритие“ на оваавласт во последниов период е:
домашните компании требало повеќе да соработуваат странските компании во зоните и тоа ќе било добро за овие првиве…хах АЛЕЛУЈА, ја открија Америка!

Некадарноста, незнаењето, политиканството или тотално погрешната економска политика на власта доведе до вакви поразителни резултати. Но, за жал, тука и не е крајот, сето ова може да предизвика уште поголеми последици!? Не само што нема домашни и странски инвестиции, туку недај Боже оваа влада може и постојните да ги набрка од државава! (како што имавме случај пред една година)!

Токму сето ова придонесе не само за намалувањето и скоро никакви инвестиции, туку исто така и:

– Помала конкурентност на пазарот на трудот, што е единствен процес за природно зголемување на платите на вработените во стопанството;

– Бркање на работната сила во странство (иселување);

– Лош создаден имиџ кај потенцијалните инвеститори;

– Незаинтересираност за нови инвестиции кај постојаните стопански субјекти;

– Слаб развој на економијата и животниот стандард;

– Намалена можност за обука и дообука на кадри на високи технологии и современ начин на менаџирање;

– наместо во приватниот сектор, се продуцира зголемена вработеност во јавниот сектор, на грбот на претходниот;

– изгубен е имиџот за привлекување инвестиции во однос на другите балкански држави и соседи…

И за крај после ова економско цунами,
Тешко ќе биде, а воедно и голем предизвик на новата влада на ВМРО- ДПМНЕ: Преку брз план и стратегија со одлични економски мерки и политики, со нови законски решенија и пред сè стручни и еминентни кадри, да го врати имиџот, но и да го достигне приматот Македонија – лидер на балканот во инвестиции, нови технологии, можности и знаења – Македонија економски тигар на балканот!

Урнебесно видео: “Човек со знаме ги регулира возовите во Прилеп”

Рампата на железничкиот премин кај железничката станица во Прилеп веќе подолг период не работи, иако возачите постојано апелираат проблемот да се реши.

Ситуацијата е особено драматична и опасна во текот на ноќните часови, но за среќа досега се нема случено некоја нecpeќа.

Наместо да ја поправат рампата, еве како од Македонски железници го регулираат железничкиот сообраќај во Прилеп: