Малиот град низ поглед од кај слонот: Прилеп во триесетите години на минатиот век (Фото)

Ако сега од манастирот Арахангел Михаил со поглед ја голтате Пелагонија, Прилеп во триесетите години како на тепсија се гледа од природната скулптура Слонот која се наоѓа над резервоарот под Маркови кули. Оној кој го посетил овој природен споменик, кој го забележал и Рипли, се сетил да го фотографира мирно распосланиот Прилеп до Тутунскиот комбинат.

Од Слонот како од трон да ги се впиваат со поглед разредените куќи со многу зеленило околу нив. Пред него, дел од прилепското поле. Се раширило слободно обработливо земјиште. Мазно како азно, што би рекле постари.

Според сликава не изгледа како Прилеп да се ,,прилепувал,, на Варош како што милуваат да раскажуваат старите Варошани. Изгледа како Варош да се ,,прилепил,, до Прилеп.

Денес, нема игла каде да се фрли. Сето што е голо и празно на сликава е изградено. Прилеп расте и во ширина и во должина. На наше задоволство. Куќите се наша одлика, а не зградите. А за нив треба простор.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.