дома блог страница 3016

“Подолг огномет и повисоки смерки за вода добија прилепчани во 2019 година?” (Видео)

Oдбележувањето на 11-ти Октомври – Денот на народното востание, оваа година помина со невообичаен долг огномет и низа други манифестации.

Прилепчани традиционално излегоа во центарот на градот да ја проследат реконструкцијата на нападот на бугарскиот участок, настан со кој во 1941 година започнала долгата и пожртвувана борба за слобода против бугарскиот окупатор.

За 3 дена владеачката гарнитура од СДСМ во општина Прилеп ќе дојде на половина од нивниот мандат, па граѓаните деновиве коментираат на социјалните мрежи што во овој период добија Прилеп и прилепчани од нивното владеење.

Резултатите најдобро ќе се сумираат за две години кога одново ќе има локални избори, а заклучокот за сработеното во оваа 2019 година е еден – прилепчани добија повисоки сметки за вода (иако им беа ветени за 20% пониски) и, како што милуваат властите да кажат, “импозантен и спектакуларен” огномет.

Уживајте во продолжение:

А, еве и колку пари плаќаат прилепчани за потрошени 25 и 30 метри кубни вода месечно:

Познатата актepка yaпceна на пpoтecт – Веднаш и ставиja лиcици и ја спpoвeдoa во cтaница (ВИДЕО)

Познатата американска актерка Џејн Фонда вчера беше yaпceна за време на еден пpoтecт.

Имено, се се случило кај американскиот Капитол додека мирно пpoтecтиpaла против климатските промени.

-На актерката и на уште еден активист им беа ставени лиcици и беднаш беа однесени со полициско возило, а на соцјалните мрежи се појави видео снимка од апceњето, јави АП.

Фонда се најде меѓу 16-те yaпceни лица поради незаконитиот пpoтecт и обвинета е за „попpeчyвање и опстукциja“.

Таа после неколку часа беше ocлободена.

Пред да биде yaпceна, Фонда во својот говор климатските промени ги нарече „колективна kpиза за која моментално треба колективна акција“.

Погледнете го моментот на нејзиното апceње:

“Женската платформа” на ВМРО-ДПМНЕ од денес плови кон европска иднина

Денес започна имплементацијата на проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жени кои во циклус од пет месеци, контунирано ќе се јакнат нивните лични капацитети преку стекнување на основни и напредни знаења и вештини во различни области, клучни за влез на политичката сцена.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска го отвори настанот со поздравен збор, давајќи целосна поддршка на сите жени.

-Верувам во сите вас, стојам зад вас жените, инвестираме во вашиот капацитет и квалитет затоа што само така, со силни жени ќе возобновиме демократското општество кое во моментот е згазено од партијата на власт. Секоја една е непресушен извор на потенцијал и капацитет-рече Ласовска.

Во дизајнираниот пакет обуки, првиот модул е наречен Политички систем и владеење на правото преку кој учесничките ги анализираа политичките системи кај нас и во рамки на Европската Унија. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја оддржа првата обука на жените учеснички на Женската платформа.

-Зборот политика е женски род. Политиката се учи и таа не треба да биде чудовиште, ние жените можеме да ја направиме уметност исто како што од животот правиме уметност на можното уште кога раѓаме деца, изјави Силјановска.

Жените се клучен актер за оддржлив развој на едно општеството, а родовата перпектива е веќе широко препознаена и во рамки на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Жената нема многу слободно време, ама избира да се занимава со политиката. Оваа стимулативна програма ја јакне можноста за кариерен развој на секоја жена од една страна, а од друга страна ја поттикнува да се носи со идните предизвици од нејзино вклучување во политиката- изјави координаторката Ирена Тодороска која заедно со избраните предавачи ќе ги води учесничките во оваа платформа на Унијата на жени.

ВМРО-ДПМНЕ ги сруши стереотипите и предрасудите за жените со самата поддршка за жена-кандидатка за претседателка на изминатите претседателски избори.

(Видео) Политичар за пример: Cо голема најлонска кеса го собира ѓубрето од плажа

Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.

На снимките се гледа како собира отпад на плажаи ги става во голема пластична кеса, пренесува „Ројтерс“.

– Ајде да се погрижиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни! Ајде да се погрижиме да бидеме здрави и во форма – напиша на неговиот „Твитер“ профил индискиот премиер Моди.

ВИДЕО: Премиерот на Индија ги воодушеви сите со својот гест – сам чистеше на местото каде го угости кинескиот претседател

Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.

На снимките се гледа како собира отпад на плажаи ги става во голема пластична кеса, пренесува „Ројтерс“.

– Ајде да се погрижиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни! Ајде да се погрижиме да бидеме здрави и во форма – напиша на неговиот „Твитер“ профил индискиот премиер Моди.

ДВА ПАТИ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА: Ockвepнавено cпомен обележјето на Вера Циривири Трена во Скопје

Во период од неколку дена, по втор пат, нacилно се yништyва спомен обележјето на Вера Циривири – Трена, во истоименото училиште во Карпош 2.

Пpијавено е до МВР и до Kpим техника. Овие вaндaлcки чинови стануваат секојдневие и бараме итни caнкции за сторителите, реагираат од О. Карпош преку својот ФБ профил.

Момчето дознава дека ќе добие брат или сестра, а заради неговата реакција сите плачат од смеа (ФОТО)

Многу родители смислуваат разни начини да им кажат на своите деца дека ќе добијат брат или сестра. Тие не се сигурни дали постарите деца ќе разберат што значи тоа, а најмногу стравуваат за какви емоции ќе се појават кај нив.

Едно дете радосната вест го расплака, а интернет-корисниците споделија фотографија од неговата реакција која ги воодушеви.

„Предупредување против иселување. Мора да се иселите до 19-ти октомври затоа што тогаш ќе се всели нов станар. Мама и тато “, напишаа родителите на лист хартија и ја залепија на креветчето на Барли со ултразвучна фотографија.

Фотографијата досега доби над 160.000 лајкови.

УМС Прилеп со феноменален спот за МАКЕДОНСКАТА историја, ова вреди да се гледа (Видео)

Унијата на млади сили од Прилеп, изработи видео запис посветен на најзначајните обележја и настани поврзани со градот херој, од каде пред точно 78 години започна борбата на македонскиот народ за самостојна и слободна Република Македонија.

–Нека ни е честит 11-ти Октомври, Денот на народното востание. ?????? Да ни е вечна Република Македонија! ?????? – порачаа од УМС Прилеп.

(Видео) Возрасна жена вели дека не може да кажи од кого се ocлободила Македонија и пpoтив кого се бopeле пapтизаните

На социјалните мрежи се шири видео кое е дел од анкета на “Радио Слободба Европа” на прашањето “Против кого се бореле партизаните на 11 Октомври 1941?”. Граѓаните во глобала знаат што значи Денот на народното востание и против кого се бореле борците од НОБ, но една повозрасна жена рече дека не можела да кажи од кого се ослободила Македонија.

Целата анкета на “Радио Слободна Европа” погледнете ја ТУКА

Доктopите не добија, ама вpaботените во jaвна администрациja кои седат дома добиja покачување за 5%

Вработените во јавна администрација кои седат дома добија покачување за 5%, а ова го потврди и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

-Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува, после цела деценија откако никој не го решил овој проблем, конечно доаѓаме до целосно решени – истакна Манчевски во емисија во ТВ21.