дома блог страница 3014

Никаков датум за преговори да не им се дава на Македонија и Албанија, смета Франција

Макрон се обидува да го забави проширувањето на ЕУ – удap за балканските аспирации.

Франција инсистира дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг.

Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.

Целата статија прочитајте ја на МКД.МК

Остана ли некој што верува? Министерот вели дека го унапредиле здравствениот систем и се грижеле за пациентите (Видео)

Ги укинавме квотите за лекови, го унапредуваме здравствениот систем, на прав пат сме, изјави на прес-конференција во СДСМ, министерот за здравство, Венко Филипче, кој е и претседател на Комисијата за здравство на владејачката партија.

Тој рече дека од почетокот на месецов, граѓаните имаат достапни лекови во кој било период.

–Целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз овозможи достапни лекови за пациентите во секое време. Мерката што ја најавивме во нашата изборна програма веќе е реалност, обезбедувајќи квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните. СДСМ е одговорна политичка партија затоа што го решаваме деценискиот проблем со недостатокот на лекови, оцени Филипче.
Тој потсети дека во август почнала првата фаза од укинувањето во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија. Граѓаните на овие туристички места, рече Филипче, имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек.

Министерот на прес-конференција истакна дека досега се подобрени условите во десетина јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 ЈЗУ.

-За две години повеќе од 5000 согласности издадовме за вработување, а ги зголемуваме и платите на здравствените работници. Водиме вистинска грижа за пациентите со ретки болести. Воведовме 5 нови лекови за овие лица и значително го зголемивме буџетот. Од 213 милиони денари, на 485 милиони денари. Воведовме три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект, додаде Филипче.

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Што прави мачка во 2 часот по полноќ

Сопствениците на мачки знаат…

Нутриционистка открива дали ајварот и зимницата се здрави – колку ајвар смеете да изедете

Дали кога го подготвувате зеленчукот за зимница се прашувате кои се предностите на киселата зелка, пиперките, доматите и другите намирници во однос на свежите? Или колку ајвар смеете да изедете во еден оброк, а да не претерате, затоа што сите знаеме колку е тешко да се одолее на зимницата? Колку калории има ајварот и дали е зимницата здрава одговори српската нутриционистка Бранка Мирковиќ.

Лут или благ, само од печените пиперки или со додаток на домати, често се случува ајварот брзо да се изеде, затоа што е одличен прилог во скоро секое јадење.

-Ајварот скоро и нема калории, така што со него не може да претерате. Тој нема многу нутритивни вредности, затоа што се прави од печени пиперки, кои потоа се пржат, па во овој процес пиперката ја губи сета своја вредност. Сепак, ајварот е одличен извор на влакна и е вистинска закуска со месо и разни други јадења, па и само со сирење, вели нутриционистката. Таа додава дека доколлку не го правите сами, секогаш е подобро да купите индустриски затоа што тој е контролиран, за разлика од оној кој се продава на пазар, а во кој не може да знаете колку конзерванси се ставени.

Нутриционистаката додава дека зеленчукот кој се користи за зимница термички се обработува, што доведува до губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и останати минерали, влакна и фитонутриенти кои се од голема важност за организмот.

Мафини со тиквички и пченкарно брашно

Многу вкусни мафини со тиквички, идеални за појадок или ужина.

Потребно е: 2 средни тиквички, 3 јајца, 50 г сирење, неколку парчиња шунка, 100 г кашкавал (ајдамер, гауда,…), 3-4 лажици меко брашно, 3-4 лажици пченкарно брашно, сол, бибер, италијанска мешавина на зачини, малку прашок за пециво.

Подготовка:

– Тиквичките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги и оставете ги да пуштат течност.

– Во еден сад ставете ги издробеното сирење, ситно сецканата шунка, јајцата, ренданиот кашкавал, малку прашок за пециво, сол, бибер и мешавината на зачини. Убаво измешајте.

– Сега додадете ги двата вида брашно и повторно убаво измешајте. На крај додадете ги изренданите и исцедени тиквички и измешајте. Ако има потреба додадете уште малку брашно.

– Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и наполнете ги до пола со горната смеса.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Некаде пред крај на печењето покријте ги со хартија за печење за да не се препечат.

– Оставете ги малку да се изладат и сервирајте ги.

(Видео) Мицкоски: Две години градоначалници на СДСМ, две години измами

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели видео со кое алудира на двегодишното неработење и измами од страна на градоначалниците од СДСМ.

„Две години градоначалници на СДСМ, две години измами!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Инаку во видеото се вели дека градоначалниците имаат реализирано само 9,3 проценти од својата програма, 3,5 проценти има поголемо загадување, 65.7 милиони евра за непродуктивно трошоци, како и 10.800 исечени дрва.

Денеска се навршуваат 16 години откако замина последниот македонски цар

Денеска се навршуваат 16 години од cmpтта на легендарниот македонски актер, Ѓорѓи Колозов, кој на 55-годишна возраст замина неочекувано и без поздрав.

На страницата на „Фејсбук“ посветена на неговиот лик и дело беше споделена фотографија од местото каде започнаа да се снимаат македонските народни приказни, манастирот Свети Пантелејмон во скопско Нерези.

Бecни фиќовци ‘ржеа на прилепското рели (Видео)

Несекојдневен настан вчера се случи во центарот на Прилеп. Тркачки автомобили и дотерани фиќовци возеа рели во центарот на градот, а настанот предизвика интерес кај голем број минувачи.

Погледнете дел од атмосферата:

Промена на цените на горивата

Petrol pump
Petrol pump

Регулаторната Комисија за Енергетика во понеделник напладне, стандардно како и секоја недела, ќе ги објави новите цени на горивата.

Минатата недела малопродажните цени на горивата се намалија во просек за 0.75%.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намали за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалија за по 1.00 денар. Еден литар 98-октански бензин чини 70.00 денари, додека еден литар дизел чини 62.00 денари.

Останува да видиме дали не очекува уште едно намалување на цените.

Морници по телото: Цел стадион во Сплит ја пееше “Цесарица” од Оливер Драгоевиќ (Видео)

Репрезентацијата на Хрватска во петокот забележа убедлива победа од 3:0 против Унгарија на стадионот “Пољуд” во Сплит, каде огромна поддршка им беа коцкестите навивачи кои направија атмосфера за паметење.

Во еден момент на стадионот беше пуштена песната “Цесарица” од легендарниот Оливер Драгоевиќ, а целиот стадион пееше во еден глас.

Сликата е толку моќна што предизвикува морници! Погледнете: