дома блог страница 3013

Земји со највисок процент на мopтaлитeт: Македонија се најде на листата на 20 нajзaгpoзени земји

„Бизнис инсајдер“ направи листа од 20 земји во светот кои набрзо го намалуваат бројот на популацијата, а на неа се најде и Македонија. Листата е составена според демографските проекции на Обединетите нации, кои се базираат на проценката на смртност, бројот на родени и меѓународните миграции во периодот од 2020 до 250 година.

Според обие проценки, бројот на жителите во Македонија од 2,1 милиони ќе падне на 1,9, што е пад од 10,9 отсто.

На листата се најдоа скоро сите земји од Балканот, а на првото место е Бугарија, која според проценките ќе остане без скоро милион жители до 2050 година.

Заев во интервју за америкaнски медиум: Владата ќе падне ако нема датум за преговори

Во интервју за американската јавна радио станица ПБС премиерот Зоран Заев вели дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија ќе ја урне неговата Влада.
Лајвсеј: Имате европско знаме тука?

Заев: Да, тоа ни е следниот чекор. Европска Унија мора да донесед одлука. Ние донесовме одлука од наша страна, сега тие мора да донесат одлука, Заев вели во разговорот со ПБС.

Новинарот Кристофер Лајвсеј вели дека „премиерот Заев има и подирекна причина да е загрижен – одложувањето на датумот за преговори ќе предизвика контрареакција која може да му ја дестабилизира коалицијата и да ја урне Владата“.

Лајвсеј: Владата ќе ви падне во тој случај?

Заев: Да, секако. Мнозинството ќе биде целосно загубено.

Лајвсеј: Значи влоговите се високи?

Лајвсеј: Многу високи.

Во репортажата на ПБС се вели дека кампањата на Заев за преименување на Македонија била контроверзна и потврдува дека земјата се соочува со проблеми, по апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Целиот прилог ТУКА

Извор: “Република”

Еди Рама: Не очекувам датум за преговори со ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама не очекува Албанија следната недела да добие датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Рама изјави дека не е оптимист во врска со започнувањето на преговорите на Албанија и Македонија со ЕУ, за што Европскиот совет треба да одлучи следната недела.

„Дали сум оптимист? Не“, изјави Рама за весникот „Ајриш Тајмс“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Тој додаде дека не може да биде оптимист доколку реално се согледаат случувањата во ЕУ.

„Јас сум оптимист за иднината на земјава, но не и за тоа што ќе се случи следната недела. Ние сме колатерална штета. Тоа е како кога паѓаат бомби и ќе погодат градина. Ние сме таа градина“, изјави Рама.

Тој додава дека неговата земја не очекувала да стане членка на ЕУ следната недела и знае дека тоа не е можно, туку да бара почеток на преговорите кои би помогнале Албанија да стане членка во следните десетина години.

Покpoв на Пресвета Богородица, обичаите налагаат жените да го направат ова

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Падна една од последните тополи во Прилеп (Видео)

Една од последните тополи во Прилеп која се наоѓаше кај фабриката Еурокомпозит, утрово е пресечена.

И тоа се случува: Членови на изборната комисија во Косово добиле алергиja додека ги броеле гласовите од Србија

Пртекинато е броењето гласови од парлементарните избори на Косово во Централната изборна комисија откако членови на комисијата добиле алергија при пребројување на гласови кои стигнале по пошта од Србија.

Според „Газета експрес“, членовите на комисијата добиле алергија на кожата по контакт со ковертите.

Според „Косово онлајн“, претставници на „Српска листа“ кои не се жалеле на какви било проблеми, биле протерани од просторијата и бил повикан специјален полициски тим да го испита случајот.

Приштинските медиуми претходно објавија дека повеќе од 3.400 гласови пристигнале преку пошта од Србија.

Членови на косовската Централна изборна комисија (ЦИК) од „Српска листа“ Стеван Веселиновиќ рече дека наводното труење и алергија на некои членови на комисијата кои ги броеле гласовите на српската партија на изборите на 6 октомври е изрежирана претстава.

Веселиновиќ, кој бил присутен за време на пребројувањето на тие гласови, за „Косовска онлајн“ објасни дека во еден момент „по команда“ работниците во надлежниот секретаријат кои ги броеле тие коверти се пожалиле на нивниот мирис, како и дека им предизвикуваат алергија и чешање.

Веселиновиќ раскажал дека шефот на тој тим Бесник Буњала престана да брои и ја известил полицијата и некои други служби дека „ковертите можеби се затруени“.

„Бев во просторијата, и ги држев пликовите во рацете и не добив алергија и немав реакција“, додаде Веселиновиќ.

Тој оцени дека целта е да се компромитираат гласовите од Србија, да се заменат и да им се дадат на оние кои не ја добија довербата на граѓаните, пренесува Б92.

Неколку илјади Срби гласаа преку пошта.

Косовски медиуми јавуваат дека 26 службеници од Државната изборна комисија се итно хоспитализирани.

Извор: “Експрес.мк”

Охридска убавина во октомври: Јато бисери во Охридското Езеро кои пленат со својата убавина (ФОТО)

Балканскиот Ерусалим е прекрасен во сите годишни времиња. Топлото време и денеска го исполни Охрид, а посетителите уживаа во бескрајната убавина на мирното Охридско Езеро и максимално ги користеа сончевите зраци.

А езерото е убаво и преку ден, но и преку ноќ. Случајно наидовме на едно бројно јато лебеди кои дополнително го разубавуваат охридскиот пејсаж.

Погледнете ја оваа бескрајна убавина:

Најпозитивниот лик и најпознатиот билдер од Битола заплови во брачните води (Видео)

Најпознатиот боди билдер од Битола Зоран Лазаровски Паљото, ќе заполови во брачните води. Тој синоќа на својот Фејсбук профил објави фотографии и видео откако ја запроси неговата избраничка.

58-годишниот Лазаровски е воедно е првата апсолутна атлета во самостојна Македонија и човек кој зрачи со невидена позитивност.

Од нас му ги посакуваме сите убајни на светот. Честитки Паљо.

Освежителна торта со лимон

Потребни состојки: 200 гр. бисквити, 2 лажички кафеав шеќер, 6 лажички кокосово масло или 3 лажици путер, 150 мл. јогурт од лимон, 400 мл. слатка павлака, 1 лажица рендана кора од лимон, 2 лажици сок од лимон, Шумско овошје, нане, Шеќер во прав.

Начин на подготовкa:

Бисквититe додајте ги во бленер. Растопениот путер додајте го заедно со кафеавиот шеќер и кратко блендирајте додека состојките се соединат. Извадете ја добиената смеса од блендерот, ставете ја во калап и оставете во фрижидер. За тоа време, во слатката павлака додајте шеќер и промешајте. Додајте ги лимоновиот сок и кората, а потоа додајте го јогуртот. Ќе добиете густа смеса. Додајте шеќер. Подлогата извадете ја од фрижидер и додајте го кремот. Чувајте ја во фрижидер 1h за да се стегне. Откако ќе се стегне, посипете ја питата со замрзнатото шумско овошје и наросете шеќер во прав.

Битолчани го скршија мразот: Прва победа во Лигата на шампиони за Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник ги освоија првите бодови во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола совладан е финскиот шампион Кокс со 31:30 (17:13) во драматичен натпревар со што како што рече ракометарот Филип Чурлевски, „скршен е мразот“ во Лига на шампионите.

– Одигравме жесток и драматичен натпревар, го скршивме мразот и победивме. По трите порази конечно добивме нов импулс, поттик за уште подобри натпревари во Лигата на шампионите, изјави Чурлевски.

Еурофарм Работник натпреварот го почна ефикасно и со постојано водство од 5-6 голови разлика, но во вториот дел заморот си го стори своето и им овозможи на гостите во 40-та минута прв пат да израмнат на 20:20, а потоа и да поведат за драма во финишот која ја реши репрезентативниот голман Никола Митревски овозможувајќи прва радост на домашниот тим и публика.

Кај битолските „фармацевти“ најефикасен беше Остроушко со осум постигнати голови, додека кај гостите се истакна Таминен со шест погодоци.