дома блог страница 3012

Битолски пречек за владата на Заев (ФОТО)

Со транспаренти поврзани со случајот „Рекет“, промената на името, како и загадениот воздух група битолчани попладнево пред општинската зграда излегоа на протест.

Како што велат тие, револтирани од актуелната власт, бидејќи многу им ветила а ништо не исполнила.

Инаку вечерва во Битола се одржува редовна владина седница со која раководите претседателот на Владата, Зоран Заев.

Ова е прва седница која се одржува надвор од просториите на Владата во Скопје. На неа покрај премиерот, присутни се и сите министри.

Јапонецот кој одлепи по Ѓоковиќ, сега и „фрли“ око на Милица, па запеа на српски (ВИДЕО)

Јапонецот Јори Јошида кој средбата со Новак Ѓоковиќ го направи познат шиум светот, сега ја откри неговата омилена песна.

Сите веќе знаат дека тениски идол му е Новак Шокоиќ, поради ој од Јапонија се реселил во Србија за да го запозне во =иво, но судбината сакала поинаку, тие се сретнаа во неговото родно Токио.

Јори на Инстаграм поставои виедо на кое ја пее неговата омилена песна додека се вози во автомобил.

„Само лиомунада…. цоколада“ пее јапонецот, а под видеото се огласи и пејачката Милица Тодоровиќ и напиша „Браво“, а тој и врати:

„Мојот пријател од Србија ми ја пушти оваа невреројатна песна“ напишал Јори.

Видеото слушнете го ТУКА

Останатите земји не се споменуваат: Црна Гора ќе биде следната членка на ЕУ

Црна Гора постигна сериозен напредок на патот кон ЕУ и ќе биде следната членка на Унијата, изјави Тонино Пицула, новиот известител на Европскиот парламент за Црна Гора.

Пицула додаде дека мора да се продолжи работата и реформите во рамките на нашите граници, но и дека ЕУ во Западен Балкан ја обновува својата политика за проширување за да не се отвори простор за други политички играчи од исток.

– Во секој случај, проширувањето на ЕУ ќе се случи, и без оглед кога, тоа нема да биде без Црна Гора. Дали ќе влезе Црна Гора сама, дали уште една држава, тоа е отворено прашање сега, но доколку продолжи со ваквата работа како што прави 10 години, тогаш навистина следното проширување нема да биде можно без Црна Гора, рече Пицула.

На прашањето дали верува дека политиката на проширување мора да биде поизразена во време на сè поголеми обиди за дестабилизација на нашиот регион, кои несомнено доаѓаат од Русија, Пицула рече дека апсолутно се согласува со оваа теза и дека ова е една голема тема што предизвикува дебата во сите институции на ЕУ во овој момент. Тој потенцира дека станува збор за контролирање или спречување влијанија надвор од европските фактори на политичките процеси во Западен Балкан.

– Мислам дека ова е еден од мотивите за посериозен пристап кон обновување на политиката за проширување затоа што, всушност, највлијателните земји-членки на ЕУ увидоа дека доколку нивното дејствување се намали во овој регион, ќе има простор за други играчи, рече Пицула.

Тонино Пицула, хрватски социјалдемократски пратеник во Европскиот парламент, изјави за НОВА М дека не му се туѓи проблемите на Западен Балкан, дека ја познава Црна Гора и дека новата улога на известител за земјата ја прифатил со голема радост и одговорност.

Извор: “Република.мк”

(Видео) Магично сибирско село: Луѓето одат таму за да пронајдат магичен кристал, но потоа остануваат поради друга причина

Подрачјето во западен Сибир, како што многу веруваат, има голема спиритуална моќ, а епицентарот е малото село Окунево.

Луѓето таму веруваат во многу работи, на пример дека местото има исцелителни моќи и кристали кои луѓето ги штитат од секој вид на непогоди.

Секоја година селото го посетуваат 40.000 туристи. Некои доаѓаат само да се одморат, а други за да проверат дали има натприродни моќи во езерската вода и околината. “Слични места се појавија во нашата земја во 80-тите и 90-тите, особено по распаѓањето на СССР”, вели еден од мештаните.

(Видео) Сите мислеа дека ова е невозможно: Погледнете како огромен брод поминува низ Коринтскиот канал

Крузерот “MС Брејмар”, долг 196 метри и широк 22.5 метри, е најголемиот брод кој некогаш поминал низ Коринтскиот канал, на југот од Грција.

Каналот е широк само 25 метри. Околу 1.200 патници на бродот од компанијата “Фред Олсен”, но и голем број на луѓе уживаа во глетката од која застанува здив, бидејќи крузерот речиси целосно го исполни просторот меѓу карпите.

(Видео) Некогаш беше легенда на Јувентус, а сега работи како келнер за да преживее

На денешен ден во 1973 година е роден легендарниот уругвајски фудбалер Фабијан О’Нил.

О’Нил е роден во градчето Пасо де лос Торос во областа Такуарембо во Уругвај. Најстар е од петте деца во фамилијата.

О’Нил својата професионална кариера ја започнал во Национал во Првата лига во Уругвај, а во првиот тим бил во периодот од 1992 до 1995 година. Во 1996 година потпишал договор со Каљари каде останал до 2000 година, кога преминал во Јувентус. Во јануари 2002 година преминал во Перуџа, за на крај да се врати во Каљари кој тогаш бил во Серија Б.

По пензионирањето О’Нил се вратил во Уругвај каде одгледувал домашни животни во фарма. Меѓутоа, во јануари 2003 година одлучил да се врати на фудбалот , па повторно потпишал со Национал. Но, за уругвајскиот прволигаш настапил само пет пати.

“Кога потпишав за Јувентус, од идолите во екипата се претворив во најлош играч, бидејќи околу мене имаше феномени како што е Зидан. Само поради него сега навивам за Реал Мадрид”, вели тој.

“Веќе немам ништо. Потрошив 14 милиони, но кој е крив? Криви се спорите коњи и брзите жени”, завршува О’Нил.

РКЕ објави: Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.

ХЕРОИ: Членови на ,,Волците” ги фрлиле беретките извикувајќи- “Извинете, ние овде не сме за пари, ние овде сме за Македонија”

Поради последните притисоци врз единицата, утрово во касарна, двајца од волците ги фрлиле беретките и гласно извикале:

– Извинете, ние овде не сме за пари, ние овде сме за Македонија!- пренесува СИГНАЛ.МК

Филмско бегство на затвopeник од Идризово: Неофицијално се упатил кон „авионcka база“ Арачиново

Вистинска драма попладнево се случувала во скопска населба Автокоманда. Инфомакс дознава дека побегнал затвopeник од затвopoт во Идризово.

Неофицијално се работи за лицето Ф.А. кој својата казна ја отслужувал во затворот во Идризово. Ф.А. во повеќе наврати се жалел на здравствени проблеми, по што затвopcката управа одлучила да му дозволи да биде прегледан во една од скопските клиники. По прегледот на затвopeникот на пат назад кон затвopoт, затвореникот побарал полициckoто комбе да запре за да оди до тоалет во една од бензиските која се наоѓала на патот.

Откако комбето запрело две лица вооружени со калашниkoви го впериле opyжјето кон полицajците и му помогнале на Ф. А. да побегне па заедно со него во црн Мерцедес неофицијално се упатиле кон Арачиново.

Земји со највисок процент на мopтaлитeт: Македонија се најде на листата на 20 нajзaгpoзени земји

„Бизнис инсајдер“ направи листа од 20 земји во светот кои набрзо го намалуваат бројот на популацијата, а на неа се најде и Македонија. Листата е составена според демографските проекции на Обединетите нации, кои се базираат на проценката на смртност, бројот на родени и меѓународните миграции во периодот од 2020 до 250 година.

Според обие проценки, бројот на жителите во Македонија од 2,1 милиони ќе падне на 1,9, што е пад од 10,9 отсто.

На листата се најдоа скоро сите земји од Балканот, а на првото место е Бугарија, која според проценките ќе остане без скоро милион жители до 2050 година.