дома блог страница 3011

ВМРО-ДПМНЕ: “Го yништивтe Прилеп за 2 гoдини” (Видео)

Две години СДСМ во Прилеп се две години измами, криминал, неработа,неспособност и непотизам од градоначалникот Илија Јованоски. Наместо живот во Прилеп, градоначалникот Јованоски и СДСМ донесоа лаги и манипулации за прилепчани – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Ветуваа се’ и сешто, ветуваа европски Прилеп, ветуваа мал милион инфраструктурни проекти и решенија, а реалноста е катастрофални 7 проценти реализирани капитални инвестиции во тековната 2019 година.

Еве јавно го прашуваме градоначалникот Јованоски, каде се ветувањата за 2 нови спортски сали, за две обиколници, за реконструкција на Старата чаршија, за нови градинки, ново училиште, реконструкција на соколаната, ставање во функција на Универзалната сала и затворениот базен во сала Македонија?

Што се случи со ветувањето за поддршка на младите и нивните бизнис идеи, кои како никогаш порано се иселуваат од Прилеп и заминуваат во потрага за подобар живот?

Почитувани,

Се што кажаа, се излажаа, немаат ништо реализирано за подобар и поквалитетен живот за прилепчани.

Стопанството и економијата тонат, а нивното владеење не донесе ниту едно ново вработување и ниту една нова инвестиција во индустриските зони.

Наместо проекти и мерки, наместо вработување на квалификувани луѓе, градоначалникот Јованоски ги вдомува своите најблиски по локалните и државните институции и врши партизирање на инситуциите.

Тешко на прилепчани со вашиот прав пат кој донесе за 60% повисоки сметки за вода, наместо ветените за 20% пониски од градоначалникот Јованоски.

Тешко на прилепчани со вашата ароганција, со вашето дрско однесување и секојдневно понижување.

Наместо ветувањата за нов театар, чис воздух и здрава еколошка средина, како и спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, на прилепчани им возвративте со двојазични табли, деградирање на делото и борбата на хероите од НОБ и понижување на нивната вековна борба за самостојна држава Република Македонија.

Почитувани,

Ова накратко е нивното “БЛЕСКАМЕ”, вака Прилеп “блеска” односно уназадува во изминатите 2 годни кои ќе бидат запомнети како најцрните денови од неговото постоење.

За сите овие мегаломански лаги и сето ова патолошко лажење, граѓаните со нетрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места.

Прилепчани директно ја чувствуваат неспособноста, неработењето и негрижата на Јованоски и власта на СДСМ и затоа следува обнова на државата.

Многу набрзо доаѓа обнова на Прилеп од луѓе кои сериозно ќе го придвижат градот и државата и ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Расчистуваме со оваа ненародна политичка хунта, со ова злосторничко здружување, кое ги тероризира, понижува и растура македонскиот народ и нашата држава Република Македонија”.

Османи: СДСМ ветиле 300 пилоти, не ДУИ

Во вчерашната емисија „Што не е јасно“ гостуваше Бујар Османи кој на прашањето за 300 пилоти одговори дека тоа СДСМ има ветувано, не ДУИ. Тоа е гласач на СДСМ, коментира за СДСМ, така да не е прашање што се однесува на ДУИ, ниту на Владата, истакна Османи.

Османи додаде дека тие се грижат за граѓаните, ДУИ се грижи за ветувањата кои што тие ги даваат пред граѓаните. И се обидуваат да испорачаат тоа што го ветуваат. И не ветуваат тоа што сметаат дека не можат да го испорачаат на граѓаните.

Француските претставници во ЕУ: Прво реформи, после проширување

– Денеска не сум тука со позиција да бранам вето. Ќе разговараме за две димензии – отварање на преговори од страна на една подготвена Европа и реформа на процесот на преговорање, изјави францускиот државен секретар во европски прашања Амели де Моншалан пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на кој треба да се расправа и за старт на пристапните преговорите со Македонија и Албанија.

– Тоа е долг и фрустрирачки процес за земјата која прегопвара и не создава доверба. Затоа ова е одлична шанса да разговараме како Европа може да ја реформира целокупната постапка за преговарање и пристапување. Станува збор за самиот процес кој мора да биде ефикасен и самите преговори да имаат структура. Франција смета дека Европа треба се реформира. Сите земји од Балканот имаат европска перспектива и тука нема двојби, но треба да изнајдеме кредибилни начини со цел да се создаде доверба и во регионот и во Европа. Граѓаните се тие коиј не се задоволни, рече Моншалан

Денеска е спомен на Светите маченици Давид и Константин: Кнезови посветени на христијанството

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 октомври.

Светите маченици Давид и Константин

Христијански кнезови од Аргвент. Беа осудени на cmpт за Христа во Имеретија од калифот Емил-ел-Муменим и потопени во река во 730 година. Пред смртта му се молеа на Бога да им ги прости гpeвовите на сите коишто ќе го призиваат нивното име во молитва на помош. Откако ја завршија својата молитва yдpи гpoм и се чу глас од небото дека молитвата им е услишена. Моштите им почивaaт во Грузија, во манастирот Моцамети.

“Новиот автобус се “закова” во место, а го платија 250.000 евра?” (Фото)

Еден од четирите нови автобуси на метан кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп неодамна ги набави, според нашите информации од очевидци синоќа имал дефект.

Според информациите автобусот застанал во место вчера вечерта околу 20:00 часот и ја поминал ноќта на улицата “Мице Козар”, а откако денеска бил ставен во функција одново застанал кај автобуската постојка кај “Палма шоп”.

Четирите автобуси вредни околу 1 милион евра, претпријатието ги презентираше заедно со премиерот Зоран Заев неодамна во центарот на Прилеп.

Прилепчанец освои три медали во Охрид во конкуренција на 300 готвачи од сите краишта на светот (Фото)

Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”) од 10 до 14 октомври во Охрид, со над 300 учесници, се одржа четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „ГастроМак 2019“.

На „ГастроМак 2019“ присуствуваа над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји – Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска…, потоа – над 90 лиценцирани судии на ВАЦС, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата.

Меѓу учесниците беше и прилепчанецот Влатко Митрески кој успеа да се закити со два златни и еден бронзен медал.

Влатко има 20 години и работи како готвач во компанијата “Витаминка”. Со кулинарство се занимава од пред 5 години, а овие успеси само го докажаа неговиот талент и умешност.

Од „ГастроМак“ информираа дека натпреварот е логистички поддржан од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни (ВАЦС), организација што обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

Следната недела повторно одмараме – до кpajoт на годината ни пpeocтанува уште еден спoeн викенд

После овој продолжен викенд ни остана уште еден споен викенд до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури до декември, односно на 8. декември, кога во недела паѓа празникот Св. Климент Охридски, па се преместува за понеделник и со тоа се добива продолжен викенд.

Следната недела имаме уште еден плус неработен ден. 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Maлиот ангел Дејан Најдоски ги обедини прилепчани: Успешна хуманитарната мисија на Клубот на литературни творци (Фото галерија)

На 9-ти Октомври во Прилеп се одржа хуманитарната поетско-музичка манифестација “Со босоногата по патот на светлината”, во организација на Клубот на литературни творци Прилеп и Ружа Спасовска, а наменета за лекување на нашиот малечок херој Дејан Најдоски од Прилеп.

Оваа манифестација под мотото: “ПОЕТИТЕ, ПИСАТЕЛИТЕ И УМЕТНИЦИТЕ ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА”, се одржа во два дела:

Дневна хуманитарна акција и вечерна хуманитарна акција.

Учесници во програмата и дел од хуманитарната мисија беа уметниците: Поети и писатели од Македонија, Танцов клуб „Темпо”, Тајфата и Димитар Андоновски, Филип Николоски и КУД „Моминок”.

Водител на манифестацијата беше Филип Димкоски, а на присутните им се обратија организаторите Ружа Спасовска, Цеца Видова Трајческа и Андриана Ристеска.

Ова беше прва од трите хуманитарни манифестации наменети за лекување на лица со аутизам и мултиплекс склероза.

Втората манифестација ќе се одржи во Битола, а финалната трета манифестација ќе се одржи на 19-ти Октомври во Скопје.

Прилеп и прилепчани со големиот одзив покажаа и докажаа дека се навистина хумани и спремни да помогнат во рамките на своите можности.

Донираните средства беа уплатени на донаторската сметка на Дејан Најдоски со желба за успешно лекување.

Битолски пречек за владата на Заев (ФОТО)

Со транспаренти поврзани со случајот „Рекет“, промената на името, како и загадениот воздух група битолчани попладнево пред општинската зграда излегоа на протест.

Како што велат тие, револтирани од актуелната власт, бидејќи многу им ветила а ништо не исполнила.

Инаку вечерва во Битола се одржува редовна владина седница со која раководите претседателот на Владата, Зоран Заев.

Ова е прва седница која се одржува надвор од просториите на Владата во Скопје. На неа покрај премиерот, присутни се и сите министри.

Јапонецот кој одлепи по Ѓоковиќ, сега и „фрли“ око на Милица, па запеа на српски (ВИДЕО)

Јапонецот Јори Јошида кој средбата со Новак Ѓоковиќ го направи познат шиум светот, сега ја откри неговата омилена песна.

Сите веќе знаат дека тениски идол му е Новак Шокоиќ, поради ој од Јапонија се реселил во Србија за да го запозне во =иво, но судбината сакала поинаку, тие се сретнаа во неговото родно Токио.

Јори на Инстаграм поставои виедо на кое ја пее неговата омилена песна додека се вози во автомобил.

„Само лиомунада…. цоколада“ пее јапонецот, а под видеото се огласи и пејачката Милица Тодоровиќ и напиша „Браво“, а тој и врати:

„Мојот пријател од Србија ми ја пушти оваа невреројатна песна“ напишал Јори.

Видеото слушнете го ТУКА