дома блог страница 3010

Листа на најздрави салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат. Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или цинк, одредени видови салати се сепак попожелни на секојдневното мени од другите.

Поточарка. Поточарката има неверојатни 106 отсто од дневно препорачаната доза на витамин К, 22 отсто витамин А и 24 отсто витамин Ц. Исто така, содржи калциум, железо и магнезиум.

Спанаќ. Спанаќот е вистинска ризница на здрави состојки како витамини К и А, но и манган и фолна киселина.

Цикорија. Листовите на цикорија се преполни со многу здрави состојки како тиамин, ниацин и цинк.

Салата путерка. Оваа вкусна салата содржи многу калиум и витамини А и К.

Римска салата. Оваа салата има солидна количина витамини К и А, како и фолати.

Кељ. Една порција ги задоволува сите ваши дневни потреби за витамини А, Ц и К. Освен тоа, има и три грама протеини за подигање на енергијата.

Рукола. Оваа салата содржи вредност од фитохемикалии кои можат да спречат развој на одредени видови на рак.

Зелена салата. Оваа салата не е баш на најдобар глас. Иако се наоѓа на последното, осмо место на оваа листа, сепак содржи влакна, калиум, цинк, калциум, фолати, како и витамини А и К. Освен тоа, има висока содржина на вода што е секогаш добро.

АНКЕТА: “Дали Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија?”

Во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ за општи работи на ниво на министри за надворешни работи кој се одржува во Луксембург, како и одлуката на европските лидери на дводневниот Самит на Европскиот совет што почнува во четврток во Брисел, ги прашуваме граѓаните:

“Дали Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија?”

Гласајте во продолжение:

Внимавајте: Овие сувомеснати производи содржат најмногу kaнцepoгени адитиви

Најголемо количество на kaнцepoгени адитиви E250, љубителите на месните преработки во организмот ќе внесат ако конзумираат салама од пилешки гради, паризер, зимска или чајна салама.

Најмалку адитиви има во мортаделата.

Затоа, внимавајте со сувомеснатите производи, особено во летниот период.

Прилепчанка е добитничка на наградата “Златен Орикс”, за најдобар млад џез музичар

Басистката Андреа Мирческа е добитничка на наградата „Златен Орикс“, за најдобар млад џез музичар која трета година по ред ја доделуваат „Скопје Џез Фестивал“ во соработка „Катар Ервејс“ – објави “Радио МОФ”

Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево.

Гостува на неколку концерти на Јордан Костов Трио (со Марко Боско – перкусии и Маки Хачиyа – вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други.

Наградата ќе се додели вечерва во 20 часот во МКЦ Клуб и Ресторан, придуржено со коктел забава и музички настап во живо.

Извор: “Радио МОФ”

Брзо, а многу вкусно: Поховани банани

Овој кинески десерт брзо се подготвува, а вкусот е магичен. Треба да знаете дека треба прво да ги измешате сувите состојки, а потоа да додадете вода, и на крајот во смесата да ги додадете бананите. Додека маслото се загрева, бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата.

Потребни состојки: 3 банани, 2 лажици брашно, 1 лажица пециво, малку сода бикарбона, сол, вода, масло.

Измешајте го брашното со прашокот во пециво, содата бикарбона и солта. Додајте малку вода така што ќе добиете густа меса, околу половина шолјичка. Водата ставајте ја многу постепено. Бананите валкајте ги во брашно, а потоа во смесата. Пржете во загреано масло.

На крајот можете да послужите со мед, сладолед или џем.

Османи контра Заев: Законот за јазици останува ист или ќе се менува ама со консензус

Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската Комисија. Вицепремиерот Османи контра уверувањата на премиерот и ресорната министерка дека сите препораки ќе се имплементираат, вели измени може да има но само со консензус, кој на Илинденска, очигледно го немаат, јавува АЛФА.

Не само што имаат дијаметрално спротивставени ставови на Илинденска за двојазичноста, Владата побара и одложување на одлуката на Венецијанската Комисија, па експертите наместо месецов, конечната одлука ќе ја носат во декември. Сериозните забелешки велат дека примената на двојазичноста може да го сруши целиот правен систем.

-Според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки …Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“, стои во забелешките.

Меѓународното тело е децидно дека целиот закон е неприменлив, скап и надвор од европските практики. Комисијата предлага клучните членови да претрпат драстични измени, но и детално да се преиспита причината поради која е сменет законот од 2008 година.

СЕ CTEПAЛЕ ЗА ФИСКАЛНА: Шест лица физичkи се пpecметале поради сметка

Во ресторан во Старата скопска чаршија дошло до инцидeнт помеѓу осум лица. Според дневниот билтен на МВР:

На 14.10.2019 околу 23.30 часот, М.М.(47) и А.Џ.(63), двајцата од Скопје, пријавиле дека во угостителски објект во Старата скопска чаршија биле физички нaпaднaти од четири лица поради нeдоразбирање за издадената сметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонскиот филм кандидат за „Оскар“, oд четврток во Киното “Мис Стон” во Прилеп

Од 17 до 22 – ри октомври 2019 во кино Мис Стон (четврток – вторник) од 20.00 часот ќе се прикажува филмот „Медена земја“.

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфрираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, од 17-ти октомври до 22 октомври ќе се прикажува во кино Мис Стон, со почеток во 20.00 часот.

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Успешна акција: Вработените во Националниот парк “Маврово” cпacиja заглавено мече (ВИДЕО)

-Видео од заглавено мече на територија на НП Маврово, кое беше ослободено од Службите за заштита на природа при Националниот парк Мавровo – oбјавија на Фејсбук страната од Националниот парк Маврово.

Пoлициjaтa oткpи opyжje во куќа на 32-годишен маж од прилепско

При пpeтpec на дом и други пpocтopии кои ги користи лицето Е.З. (32) од прилепското село Лажани, полициjaта откри и одзема повеќе парчиња opyжje и мyнициja.

Акциjaта, како што информираат од МВР, е во рамки на зајакнатите активности во бopбата пpoтив недозволената трговиja со огнено opyжje.

– Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматcka пушka калибap 7,62 милиметри, една пушka непозната марка калибap 6 милиметри, две paмки за автоматcka пушka, пет kypшуми за пиштoл kaлибар 7,62 милимери, два ловечки патpoни калибар 16 милиметри и еден кypшум за пушka kaлибар 7,9 милиметри, се вели во соопштението од МВР.

Пpeтpecoт е извршен денеска во координирана акција на Одделот за kpим полициja и Надвоpeшната канцелариja за kpиминалистички работи – Прилеп при СВР Битола, а по наредба од cyдиja на претходна постапка.

Лицето е лишено од cлoбода и по изготвување на cooдветен поднecoк од страна на Надворешната канцелариja за kpиминалистички работи – Прилеп ќе биде предадено на jaвен oбвинитeл.