дома блог страница 3009

ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ ПОДДРШКА ОД БРИСЕЛ: Опозицијата има поддршка да ја формира новата Влада која ќе ги забрза евроинтеграциите

На 14 и 15 Октомври Меѓународниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, присуствуваше на Политичкото Собрание на Европската народна партија (EPP). Во текот на Собранието се разгледуваа повеќе значајни прашања поврзани со внатрешната организација на EPP, како и предизивиците на ЕУ и позициите на EPP во врска со истите. Во врска со процесот на проширување, се афирмираше ставот за кој ВМРО-ДПМНЕ долго лобираше, а тоа е дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат датум за отпочнување на пристапни приговори, но истовремено треба да се вложат и дополнителни напори за реформи, и тоа најпрво во правосудниот систем.

Муцунски во рамките на својата посета успеа да се сретне со повеќе чинители во Брисел.

Во Европскиот парламент тој имаше издвоени средби до Дејвид Мекалистер од ЦДУ (Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Потпретседател на EPP), Пауло Рангел од Португалската ПСД (Европратеник и Потпретседател на EPP), Карло Реслер ОД ХДЗ (Европратеник) како и Патрик Волер од Австриската ОВП(Меѓународен Секретар на EPP).

На сите средбите се афирмираше дека е добро Република Македонија час поскоро да добие датум за отпочнување на пристапни преговори, но и потребата од забрзани реформи во нашето општество кои ќе станат видливи преку строга примена на усвоени реформски закони.

Муцунски ги информираше соговорноците за широката распространетост на корупција која ќе мора од страна на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде системски искоренета.

Соговорниците напоменаа дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе формира Влада после следните парламентарни избори ќе ја има целосната поддршка од сите институции во Брисел да ја стави Република Македонија на брза трака за членство во ЕУ.

Слушнете ја песната “Оган” со која прилепчанката Мила Москов ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг (Видео)

Прилепчанката Мила Москов со песната „Оган“ или „Fire“ ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг во Полска.

Песната и спотот беа премиерно прикажани на националниот сервис МТВ вчера вечерта.

Песната „Оган“ е музичко дело на едни од најдобрите во нашата земја Лазар Цветковски како автор на музиката и аранжманот, Магдалена Цветковска го напиша текстот, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.

Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.

Погледнете го спотот на Мила со песната „Оган“:

Зачувајте ја црната облека: Неколку зрна од овој зачин ќе го врати сјајот

Колку и да е квалитетна, црната облека со текот на времето избледува, па затоа за неа е потребно особено внимание и одржување.

Ако забележите дека вашата омилена темна маица ја изгубила бојата може да искористите еден проверен трик.

За него потребна ви е само една состојка – црн бибер. Кога алиштата ќе ги ставите да се перат заедно со нив додадете една лажичка црн бибер.

Потоа перете ги на вообичаената програма.

(Видео пародија) “Отиде датумот море хеј”

Неуспехот на министрите за надворешни работи и за европски прашања на земјите-членки на Европска унија да се усогласат на состанокот на Советот за општи работи околу почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија од комичен агол:

Прилепски аналитичар: “Имаме датум”

Како за крај на денот ви споделуваме едно оптимистично размислување на прилепскиот политички аналитичар Даме Чкатроски.

“Значи да повторам – Работата е готова. Имаме датум за отпочнување на преговори. (Одлуката) Ќе биде соопштена во петок до 21 часот. Ќе има измени во приемот и ќе се бара по цврсти и по брзи чекори”, пишува Чкатроски кој соработува со неколку меѓународни тинк-тенкови.

ХАН СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИJA: Одлука за преговори нема

Еврокомесарот Јоханес Хан изрази разочарување и им се извини на граѓаните на Македонија и на Албанија, затоа што нема одлука за отворање на пpeговорите.

–Не е момент за гордеење, но не сакам да обвинам никого. Сега на ред е Совeтот на Европа. Огромен број на членките ја поддржаа препораката на Комисијата. Навистина ми е жал бидејќи не е момент за гордеење.

Секое понатамошно одложување ќе наштети на нашиот кредибилитет на Западен Балкан и исто така нашите амбиции да станеме посилен глобален играч. Не треба да се изнендадиме ако други cили го засилат своето влијае таму. Се уште се надевам дека во четврток или петок Советот на Европа и лидерите на земјите ќе донесат политичка одлука за да го вратиме нашиот кредибилитет на Балканот.

Македонија и Албанија си ги исполнија своите домашни задачи, направија навистина бoлни рефopми кои во повеќе од нашите земји не се можни. Граѓаните имаат желби и соништа, не е задоволување на политичари, треба да работиме за луѓето. Им се извинувам на граѓаните што не успеавме да се договоривме.

Се надевам дека ќе успеаме да ги убедиме другите. Државите испорачаа, сега ние требаше да испорачаме, но не испорачавме – рече Хан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат и не донесоа одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Сега прашањето ќе се префрли на највиското ниво, во Советот на Европа кој треба да се состане кон крајот на неделева.

Во чест на Тоше, утре во Крушево ќе пристигнат маратонците кои за нашиот ангел трчаат од Нова Градишка

Почитувачите на Тоше Проески, и годинава на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево ќе пристигнат во 11:30 часот во Крушево и ќе бидат пречекани со рози.

Организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Ултрамаратонот се одржува по дванаесетти пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска.

Последна вест: Членките на ЕУ не постигнаа договор за почеток на преговорите со Македонија и ЕУ

Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Македонија и Албанија, изјави попладнево министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан. Пак изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препорака за отпочнување на преговорите со двете земји.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Српската метропола блокиpaна: Пензионерите и таксистите на пpoтecт во Белград (Видео)

Белградските пензионери од друштвото „ПКБ“ го блокирале Зрењанинскиот пат кај населбата Збег, со барање државата да им ги врати 6.666.000 акции, одземени во 2009 година, објави „Вечерње новости“.

На протестот се собрале околу 550 пензионери, коишто поседувале акции и го затвориле патот во времетраење од еден час што било доволно да се создаде голема колона во правец кон Белград, но и нервоза меѓу возачите. Коишто се обидувале да минат низ протестот.

Тоа предизвикало реакција на десртина полицајци присутни, коишто го регулирале сообраќајот да се одвива по алтернативни патишта.

Во меѓувреме, 12 дена по ред траат протестите на белградските таксисти. Тие во четири колони, секоја со почеток под различна локација, се движеа кон зградата на Владата со што целосно го сопреа нормалното одвивање на сообраќајот во српската престолнина.

Диета за жени што седат цел ден

Жените најмногу се жалат за салото на колковите, целулитот, проширениот задник и стомак, држат разни нездрави диети, од кои за кратко време се откажуваат, бидејќи очекуваат инстант резултати.

Меѓутоа, oсвен исхраната, и седечкиот начин на живот е виновен за вишокот килограми. За сите жени кои најголем дел од денот и ноќта го поминуваат пред компјутер, нутриционистите предлагаат здрава и делотворна диета.

Оваа диета трае 14 дена, а по потреба може да се повтори, но само по двонеделна пауза.

Појадокот се состои од 250 грама млеко, шолја црно кафе без шеќер, 50 грама кашкавал и 50 грама црн леб. Наместо тоа можете да си направите мени – од сок од портокал или грејпфрут, едно варено јајце, едно парче двопек, шолја чај или кафе без шеќер.

Ручекот се состои од свеж зеленчук по желба (оцетот заменете го со лимон), 100 грама месо или 150 грама риба или две јајца и 50 грама црн леб. Како втора опција можете да комбинирате зеленчук, 200 грама месо или риба, овошна салата со лимон, чај или кафе.

За вечера, вашето мени може да содржи супа од зеленчук, сирење или јогурт и 150 до 200 грама овошје. Ако не ви се допаѓа оваа опција, тогаш направете комбинација од 200 грама варено месо или риба, 100 грама спанаќ или домати, или 200 грама салата зачинета со лимон и 100 грама млеко.

Освен овој диететски режим, потребно е да практикувате прошетки барем еднаш дневно во траење од 30 минути и по можност да правите вежби за јакнење на мускулите на долниот дел на телото.