дома блог страница 3008

Земјоделците се кренаа пpoтив власта: На 26-ти ќе пpoтестираат пред Влада

Претставници од шест регионални земјоделски здруженија на денешната прес – конференција во Кавадарци изразија незадоволство од состојбите во земјоделството и најавија протест пред Владата за в сабота на 26 октомври, кога, како што рекоа, исто така ќе се обидат да го свртат вниманието врз проблемите кои ги имаат земјоделците. Недоследности во субвенционирањето, беше само една од забелешките, а се пожалија и дека откупувачите имаат добивка на нивен грб.

Златко Стојчев, претседател на Регионалното здружение на лозароовоштари од Тиквешко, рече дека маката ги тера да реагираат. Тој додаде дека се незадоволни од цената за килограм грозје. Нагласи дека бараат исплата на грозјето предадено во винарии пред повеќе години, обесштетување поради сушата, а акциза за домашно произведена ракија да се плаќа по влез во ЕУ, да има загарантирана цена. Повтори дека бараат поддршка од сите политички партии.

Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од Чешиново-Облешево, кочанско, исто така се пожали на ниската откупна цена за оризот.

Митко Јанков, претседател на сточарското здружение ,,Агроцентар” од Велес, се пожали дека не се нашле решенија за проблемите кои ги имаат во сточарството.

Зоран Илиески претседател на Здружение на овоштари ,,Агропреспа” Ресен, се осврна на повеќегодишните наталожени услови за овоштарство во Преспа, како што се ниските цени и несигурниот пласман.

Според нив протестот нема политичка позадина. Очекуваат поддршка и од тутунарите, бидејќи, како што рекоа, земјоделството е една од основните гранки во државата. Ако протестот не вроди со плод, најавија и порадикални мерки.

(Видео) Го чекал кpajoт на светот и 9 години децата ги чувал во подрум: Најстариот син избегал во бар, па после 5 пива ја открил страшната тајна

Во подрумот на ќука во Руинерволд, Холандија, пронајдено е семејство кое таму живеело 9 години чекајќи го “кpajoт на светот”.

Откриено е дека таму живеел човек (58) со шест деца, на возраст од 16 до 25 години.

Девет години ги поминале во подрумот на куќата во фарма опкружена со дрва, а целата приказна е разоткриена кога најстариот син се појавил во локалниот бар и нарачал пиво. На мештаните им рекол дека му е потребна помош, па тие повикале полиција.

“Испи пет пива, а потоа ми кажа дека избегал и дека му е потребна помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во школо и дека никогаш не се бричел”, објасни сопственикот на барот Крис Вестербик.

По којзнае кој пат кубански илeгaлци фатени во битолско: Цела Куба во Македонија

На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на с.Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Претходните вакви случаи со илегалци од оваа островска држава беа забележани на 10.10.2019 кога во Полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М(39) и З.Л.Ф(19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с.Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница.

А претпоследниот случај беше на 13.10.2019, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.

Тоше: “Република Македонија е името на мојата и вашата земја” (Видео)

16.10.2007 денот кој и денеска по 12 години боли и пpeдизвикува бecкpajна тага и бoлka. Денот кога одлета нашиот ангел и се всели во вечноста…

Еве едно кратко видео од неговите концерти каде секогаш гордо кажуваше дека името на неговата татковина е Република Македонија:

Француската министерка за европски прашања: Не одредувањето датум за старт на преговорите не е негативна одлука

La Republique en Marche MP Amelie de Montchalin addresses a session of questions to the government at the National Assembly in Paris on January 23, 2018. (Photo by Philippe LOPEZ / AFP)
La Republique en Marche MP Amelie de Montchalin addresses a session of questions to the government at the National Assembly in Paris on January 23, 2018. (Photo by Philippe LOPEZ / AFP)

Не доделувањето датум за старт на преговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија на вчерашниот состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата не претставува негативна одлука, изјави француската министерка за европски прашања, Амели де Моншалан.

Како што јави дописникот на МИА, Моншалан нагласи дека Париз бара спроведување на сите услови за старт на преговорите утврдени пред 18 месеци, додавајќи дека земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива.

Ваквиот став, според неа, ќе биде уште појасно искажан во заклучоците на претстојниот Самит на ЕУ, иако земјите членки на Унијата имаат различен пристап околу проширувањето.

Целиот текст прочитајте го <a href=”https://kurir.mk/makedonija/vesti/ameli-de-monshalan-ne-odreduvanjeto-datum-za-start-na-pregovorite-ne-e-negativna-odluka/”>ТУКА

Прилеп ги дочека маратонците кои од Нова Градишка трчаат до Крушево во чест на Тоше (ВИДЕО)

Почитувачите на Тоше Проески, и годинава на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево според предвиденото требаше да пристигнат во 11:30 часот во Крушево, каде учениците ќе им го постелат патот со рози.

Организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Ултрамаратонот се одржува по дванаесетти пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска.

Пред да тргнат кон крајната дестинација во Крушево, маратонците беа пречекани и во Прилеп.

Пред фонтаната со мозаик од ликот на Тоше беше приредена кратка програма на која настапија од музичката група “Тhe Dreamers”.

(Видео) Љубопитен Русин влезе во американската напуштена база и започна да снима: “Ајде да видиме како живееле Американците”

Човекот кој говори на руски јазик вчера го објави видеото од напуштената американска база на северот од Сирија, пишува Ен-Би-Си.

На снимката се слуша како човекот вели:”Ајде да видиме како живееле Американците”. Видеото е поставено на социјалните мрежи од празната база во Манбиџа во покраината Алепо, околу 25 километри од турската граница.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“.

На репертоарот од прилепскиот театар оваа недела е двојна изведба на претставата “Арапска ноќ”, и тоа во следниве термини:

18.10 2019 (петок), со почеток од 20.00 часот, и

19.10.2019 (сабота), со почеток 20.00 часот.

Претставата е во режија на Зоја Бузалковска.

Прилепчани: “Гимназијата набавила нафта за 333.233 евра и дрва за 23.000 евра?”

Разгледувајќи ги склучените набавки на Бирото за јавни набавки наидовме на интересен податок.

Имено, месецов гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп направила голема набавка на Екстра лесно масло за горење Е1 во вредност од 333.233 евра, или 20.493.814 денари.

Речиси истовремено ова училиште набавило и дабово огревно дрво во вредност од 1.437.000 денари, или 23.000 евра.

Повеќе информации за овие јавни набавки можете да погледнете ТУКА

АМСМ ПPEДУПРЕДУВА: Возете внимателно, можни се одpoни на овие делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е yмерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одpони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.