дома блог страница 3001

Џенифер Анистон објави фотографија на „Инстаграм“ кога била мала, ги освои срцата на милиони (ФОТО)

Актерката Џенифер Анистон на „Инстаграм“ објави фотографија од времето кога била девојче и го украде вниманието на речиси шест милиони обожаватели за многу кратко време.

„Со стил, некогаш и сега“, напиша Анистон.

Анистон пред два дена се приклучи на „Инстаграм“. Нејзината прва фотографија беше со екипата од „Пријатели“, а досега на социјалната мрежа Анистон има собрано преку 14 милиони фанови.

Има 72 години и сеуште редовно игра фудбал: Прилепчанецот Петре Талевски својата фудбалска кариера никогаш не ја завршил

Живот: Петре Талевски, фудбалски голман

-Кариера од 1961 година

Каде ќе најдеме највозрасен фудбалер – рекреативец, ако не во најфудбалскиот град, Прилеп. Тоа е Петре Талевски, пензионер, порано вработен во Витаминка. Иако има 72 години, уште е голман, рекреативец на натпреварите во мал фудбал. Негов врсник ако го прашаме кога последен пат играл, ќе рече дека не се сеќава, оти било пред три-четири децении, а нашиов соговорник вели ,,синоќа,,.

-Синоќа бранев во балон-салата во Точила. Ме свикаа некои млади. Годинава немам своја екипа, а до лани одев со Македонче, Марјан Мантата, некои помлади што не ги познавам. Моја генерација нема. Другите 20-30 години се помали, а има дури и 50 години помали. Играме против судии, екипа на Шоше, полицајци, мешани… Синоќа бевме подобри и победивме – вели Талевски.

Брани и во други сали. И во Универзалната, и во,,Македонија,,… Порано одел секој ден, до пред седум-осум години. Еднаш го викнале да брани од 16 часот со Македонче, од 18 часот дошол Паризо и за нив бранел, а и потоа останал на трет меч. Му се здрвиле нозете од стоење на гол. Има и други голмани во градов, но не се сите расположени секогаш да бранат. Редок пример е Петре. Нема душа за да одбие. Го бараат на сите страни и секаде е сигурен чувар на мрежата.

-Бранам и немам мака. Шутираат силно млади од 20-на години. Не се давам. Пред две години освоивме прво место за ветерани на турнирот ,,Свети Никола,,. Тоа е спорт за здравје. Засега продолжувам, без запирање. Врсниците се мачат со болести, стресови… За жал, има одамна умрени. Не се откажувам од спорт и фудбал. Викам дека не играм повеќе, дури пак не ми се јават. Ме земаат од пред порта со автомобил. Бранам, се фрлам, тешко да ми ја затресат мрежата. Немам страв од повреди, оти сум минал сé и сешто. Двапати ми ја напукнаа ногата. Ја носев во гипс и после веднаш продолжив со бранење – раскажува за најтешките моменти.

Повозрасните се сеѓаваат на долгата кариера во големиот фудбал. Бидејќи татко му бил железничар, се родил во Скопје, а кога се преселиле во Велес, тренирал за Борец на 14 години, а со лажна 17-годишна возраст на книшката за да има право на настап, заиграл лева полутка во сениорска екипа на Чашка. По неколку недели голманот на Борец ја скршил раката. Немало кој да брани. Така во сезоната 1961-62 Петре станува голман и до ден-денес уште е голман. Потоа е преселбата во Прилеп и Клапа, кој бил исто голман, му препорачува да појди во 11 Октомври, на тренинг кај базенот.

-Наместо 11 Октомври, тие биле Хајдук, со тренерот Благоја Башески. Првиот меч во Бучин победивме 1-2. Џипот со кој патувавме се расипа и од Бучин до Кривогаштани се враќавме пеш. Издржавме оти бевме заразени со фудбал. Сега нема негде да видиш да се игра маалски фудбал. Ништо нема. Тогаш во секое маало имаше ширинка за фудбал – прави разлика на времињата.

Низ разговорот разгледуваме стотици, куп фотографии, сведоштва за фудбалските настани. Толку многу слики којзнае дека имаат и прволигашки фудбалери. Најстарата слика е од Чашка, каде цел тим е по ,,купачи,, како за на плажа. Бидејќи игралиштето било до реката Тополка, фудбалерите ем играле, ем се капеле. На друга слика е со некој Аце од Кореница, кој сега е во Австралија, на трета со Пандо… На една, малку бледа, се фрла, прави парада. Има со Иле Најдоски, голман, колега. Многу слики се со Витаминка, каде тренер е Тоци Георгиев, па Душан, Цобе, Кире агрономот, Граше, Зоран Пашата, Златко Мајското, Љупчо Кафето… Слики, слики… Безброј. Бараме некоја понова, а тој нуди една од пред 30 години. За возрасен човек, пред 30 години е како сегашност.

-Девет години сум во пензија. Оттогаш не сум се сликал. По сликите, ми велат дека сум речиси истиот како сега. Останатите се остарени, здебелени… Некои ги нема. Каде се Ико, Стојан… Паметам состав, јас, Зајко, Андон, Боге од Лагово, Ико, Паскало, Орде Штарго, Пеце Тарзано, Јосе Ќосо. Прво беше Хајдук, па се прекрсти во Градител, потоа Земјоделец, на крајот во ЗИК Прилеп. Најдобрите партии беа во ЗИК Прилеп. Едно време бевме толку добри што каде одевме, победувавме. Кога влеговме во Македонска лига, бев војска во Куманово. Се вратив на полусезоната. Првиот меч со Љуботен во Тетово. Бранев и настојував да бидам како идолот Јантољак од Риека. И ме завикаа Јантољак. Се фрлав и на трева и на земја какопротив против Извор од Велешко. Од еден метар удар со глава одбранив в ќош горе. Одбраната ми остана во сеќавање. Публика имавме од сите страни. Имаше повеќе гледачи отколку сега Победа, иако игравме во 10 часот претпладне. По ЗИК заминав во Металец, па во Варош, Врбјани, пак во Варош, Корзо. Бранев во Регион, а навршив 45 години и конечно дојде крајот во големиот фудбал -памети Талевски.

Епилог на големиот фудбал, а не на малиот. Му нема крај ниту на задоволствоот на гледање фудбал. Петре ужива на фубал на телевизија. Особено сега кога има изобилство, национални лиги, англиска, шпанска, германска, италијанска, европски купови, репрезентации. Ако не мора да гледа шпански или турски серии со сопругата, сигурно му е вклучен некој спортски канал.

-Редовно гледам фудбал, ракомет, билијард, тенис, одбојка… Не ме интересира само шах и рагби. Ми лежи фудбалот. Навивам за Манчестер и за Реал. Нема шанса да ги пропуштам – определен е Талевски.

Некогаш, поранешните фудбалери со душа чекаа фудбалски меч во градов да појдат на стадион. Сега е сменето. И нив ги нема на сé попразните трибини. Зарем може прилепчанец да издржи без да ја гледа Победа?

-Победа не сум ја гледал, 20 години, откако играше со Перуџа. Се нервирам. Не можам да гледам. Му велев на едно момче: Што фудбалер ќе бидеш. Лесна топка, идеална, а ти не можеш да ја удриш 30 метри. Како би ја удрил некоја од пред 50 години кога играв јас, кожена. Накисната со вода, десет кила. Од тренинг си одев со шинати раце. Оваа е лесна. Нема да ја осетиш да те удри в глава. Десет кила топка да ти ја мавнеше Штарго, како ќе ја фатиш. Тарзано, Даскало… Сите беа шибачи. Победа би ја гледал само ако се бори за титула. Да биде силна, да му даде три гола на Вардар – искрен е Петре.

За голманите сега вели дека од нив се бара да играат и со раце и со нозе, да бидат и голмани и играчи. Секое време со свои карактеристики. Може ли да им се најде некоја маана на сегашниве чувари на мрежата?

-Сегашниве голмани не ја фаќаат топката. Ги одбиваат. Не знам дали топките им бегаат. Не знаев да одбивам топки. Ако можам да ја фатам, ја фаќам, нема одбивање – кажува Талески.

Додека е фудбаски активен во пензионерските денови, во Австралија син му играл мал фудбал, а 18-годишниот внук голем фудбал, на позиција халф.

Одбранил пенал со Победа

Најинтересни биле дуелите со Победа, во шеесеттите и седумдесеттите години. Силниот југословенски второлигаш и ЗИК Прилеп ги одмерувале силите како градскиот ривал.

-Со Победа игравме за куп. Водевме 2-0 и судијава свири пенал за нив. Биеше Мицко Николоски, мој роднина. Го знаев како силно шутира, лево од голманот. Се наместив таму и топката удри силно во мене. Одвај ја задржав. Се зачуди. Му реков да ја смени еднаш страната! До крајот направија пресврт и загубивме, но долго се памети одбранетиот пенал – вели Талески.

Има време и за пешачење

Малку му е фудбалот, па стигнува да оди пеш по околните планини и излетнички места. Често е облечен во тренерки.

-Пешачам во среда и сабота. Постојано сум во движење. Не мислам да запрам. Се чувствувам одлично и нема причина да застанам – вели тој.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Ла Верита: Македонскиот премиер е во проблеми. Нова истрага за кopyпција

Италијанскиот весник Ла Верита во денешното издание, во текстот насловен како: “Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев” пишува дека со стопирањето на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми. Нова истрага за кopyпција, најави Ла Верита, посочувајќи за прв пат директно кон премиерот Зоран Заев како учесник во аферата “Рекет”. Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст на Ла Верита.

Пишува: Ларис Гајзер

Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.

На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев.

Последниот удap за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвop потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев.

На мажот на Ременски, под палката на Заев станат шеф на единицата за антитepopизам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба – АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК.

Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме летоска, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација – Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки13, поддржани од политичко-судскиот врв.

Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во месец Ноември 2018г., платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови.

Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки13.

Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност.

За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска.

Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.

Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите. Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.

Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.

Со оглед на откриените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк. По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.

Извор: Ла Верита

(Фото+Видео) Неверојатно: Откриено што се наоѓа во саркофазите пронајдени во Египет

Египетското министерство за антиквитети ги објави деталите за 30-те древни саркофази кои неодамна беа пронајдени во јужниот дел на градот Луксор.

Мустафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети изјави пред новинарите дека саркофазите со натписи и слики се пронајдени во некрополот Асасиф на западниот брег од реката Нил.

Причината поради која саркофазите јавно се изложуваат пред јавноста е и стратегија на Министерството за култура, како би се подобрила ситуацијата со туризмот, кој се намали поради зачестените немири.

Тој наведе дека саркофазите биле наменети за мажи, жени и деца од 22 династија (945-715 г.п.н.е.), а некој свештеник ги сокрил поради страв да не бидат ykрадени.

Како изгледал прилепскиот пазар во своите почетоци (ФОТО)

Центарот на стариот пазар. Неколку тезги наликуваат на маси, наредени на празен простор околу чешмата. Просторот е како писта со неколку бетонски тезги, кои скромно навестуваат бурен пазарџиски живот.

Луѓето од селата доаѓале да продаваат. Ќе се стуткале на некој ќош и ќе нудат пресни јајца, наредени во плетени корпи со слама или ќе кандисуваат да мерат на кантар домати, пиперки, бостан од нивните градини.

Неизбежни биле и живите кокошки и петли. Се нудело и маштеница и сирење.

Се плаќало дулија. Тоа е такса за тезгата која ја држат во пазарот. Тоа биле првите знаци на пазарната економија. И да врни, и да вее, пазарот буел со богат асортиман од квалитет и неквалитет.

Покрај сувото, со убедување “горело” и суровото. Се купувало, според “џебот”, вкусот и убедувањата. Зашто, нели се вели “За секоја стока има муштерија”. Обично купувале граѓаните, кои немале свое производство, а селаните пазареле шеќер, сол, и газија.

Пазарот сега е модерен, покриен, да не им сметаат временските неприлики и на продавачаите и на муштериите. Се нуди “од пиле млеко”.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Знаци кои телото ги дава доколку нешто не е во ред со вашата тироидна жлезда

Тироидната жлезда, онаа жлезда на вратот во вид на пеперутка, произведува хормони клучни за работа на метаболизмот и активноста на мозокот, па затоа проблем со нејзиното работење може да предизвика сериозно здравствени тегоби.

Знаци кои телото ги дава доколку нешто не е во ред со вашата тироидна жлезда:

1.Промена во спиењето- Несоницата може да биде знак дека вашата тироидна жлезда не произведува доволно хормони.

2.Неоислив ментален умор- Доколку без причина се чувствувате нервозно и уморно, можеби имате проблем со тироидната, што може да доведе и до напади на паника.

3.Опаѓање на косата- И помалку и повеќе активна тироидна жлезда може да доведе до опаѓање на косата.

4.Пормена на телесната тежина-Хипотиреозата доведува до бавен метаболизам и варење на храната, што ќе предизвика и дебелеење.

5.Гинеколошки проблеми- Доколку тироидната произведува малку хормони, може да дојде и до подолго трање на менструалниот циклус, па и да се зголеми ризикот од неплодност и спонтан абортус.

Жена живеела во камп приколка, а друштво и правеле 320 глувци

Во камп приколка во која престојувала жена во градот Сан Диего, во сојузната американска држава Калифорнија, се пронајдени 320 глувци.

По жалбите од жители на Сан Диего, службите отишле во камп приколката во која престојувала жената, а по разговорот со неа тие собрале вкупно 320 глувци кои таа ги хранела.

Во секој дел од камп приколката биле пронајдени глувци кои направиле дупки.

Се наведува дека жената која живее во камп приколката на почетокот имала само два глувци, а тој број со текот на времето достигнал 320.

Жената признала дека нејзината ситуација излегла од контрола, па ќе го промени местото на престојување и повеќе нема да живее во истата камп приколка.

Majка моли за пoмoш! Да помогнеме сите нејзиното чедо да добие нормален живот

Никола Новоселски треба да го продолжи лекувањето во Русија. Тој е неподвижен и не може да зборува како последица на тешки телесни повреди на главата кои ги здобил при сообраќајна несреќа пред седум години. Тој има започнато лекување со матични клетки, но неговото семејство нема доволно средства за да продолжи со третманите и да ги покрие авионските карти за синот. Неговата мајка Мара секојдневно испраќа тажни апели за помош на нејзиниот син. Еден од нив сподели Верче Крстевска, која појасни дека следниот термин за лекување на Никола е за две недели. Потребни се 8.000 евра за авионски превоз и 8.000 евра за операција.

Еве го постот на Верче, која го пренесува апелот на мајката:

Една мајка е клекната пред сите нас и моли за помош!

„Ах бе сине мој, ќе ти го слушнам ли гласот? Ќе ми речеш ли МАМО повторно? Ми фали твоето гласче бе сине мој, чедо мајкино, душава ми плаче за тебе, ангелу мој. Почнувам да ти го заборавам гласот каков ти беше, сè би дала, животов би го дала само повторно да те слушнам. Тука си до мене, а толку далеку. Кога зборувам за случката, се менува погледот и само солза ти тече од окото, нема липање, нема звук, само солзи се тркалаат и ме гледаш со тие очи кои сè разбираат, но немаш глас да ми проговориш чедо мајкино. Мајка плаче и се моли за тебе седум години.“

„ Седум години чедо мајкино, душа мајкина, седум години мама се моли за тебе да ти го чуе гласот, да ми речеш мамо, седум години сине мој лежиш и гледаш во едно место. Четирите ѕида ти се друштво, самотијата и тагата ти се единствените пријатели, седум години среќо моја нема сонце, нема снег, нема ништо. Зарем сега сине, наместо арслан да бидеш и свадба да ти правам, зарем уште мајка да те бања чедо мое? Зарем сега повторно мама да те учи да збориш ангелу мој. Гласот мама да ти го чуе уште еднаш, па да умрам не жалам, да ме гушнат твоите раце ко порано да ми речеш Мамо!“

„ Мама живее за ова и за тебе љубов моја, мама сè ќе даде само тебе да те слушнам и да ме гушнеш уште еднаш ко порано, само тоа мајка бара, еден збор и една прегратка! Мама те роди синко мој 3 кила, те израснав во мажиште, несреќата те направи 35 кила – сама да те носам. Се мачев и гребев и плачев и молев и пак те направив маж. Седум години мамич не се откажувам и нема ни сега. Мама нема око да склопи додека не те врати како што си ми бил најубав мој!“ – Мара Новоселска.

Од март се одложуваат операциите поради немање пари! Авионскиот превоз е 8.000 евра за Никола! Операцијата 8.000 евра! Следниот термин е за две недели. Ќе му го слушнеме ли гласот на Никола? Јас викам ДА!

Македонијо, народе, да не ја оставаме мајкава сама во оваа агонија. Мара Новоселска го имаш народот на твоја страна, седум години се бореше сама, сега нè имаш сите нас!

Ајде дечки, сите заедно да бидеме гласот на Никола!

Ве молам споделувајте за да стигне апелов до сите!

Телефонски броеви за донации
TELEKOM: 143 303 (100 денари + ДДВ)
A1 (VIP/ONE) 143 475
Жиро сметка
Број на жиро сметка: 210501677843484 (НЛБ Тутунска Банка)

Девизна сметка: Mara Novoselska Br. 103 Murtino

IBAN Code – MK07210501677843484 SWIFT – TUTNMK22

“Талески повика, Заев го послуша и распиша избори”

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, во текот на вчерашниот ден преку Фејсбук статус порача:

“Херојот на нашата генерација !!!

Човекот што ја врати слободата !!!

Продолжуваме напред, одлучно да ја градиме нашата Македонија во достоинствен дом за секој наш граѓанин.

Продолжуваме заедно напред.

Спремни сме за избори кога и да се случат.

Избори на кои ќе не’ предводиш во нова победа”

Денеска пак премиерот Заев најави дека на утрешната лидерска средба кај Пендаровски ќе побара брзи предвремени парламентарни избори, иако претходно изјави дека и да не добиеме датум за преговори со ЕУ, предвремени избори нема да има.

Инаку под водство на Талевски, СДСМ ги загуби претседателските избори во Прилеп со освоени 18.567 гласови на контото од Пендаровски, наспроти освоените 20.147 на ВМРО-ДПМНЕ за Гордана Сиљановска Давкова.

Талевски потоа како и другите претседатели на општински ограноци на СДСМ беше разрешен од Заев, а веднаш потоа и одново именуван за прв човек на партијата во градот под Марковите Кули.

(Видео) Тука не работат компасите, а не можете да слушате ниту радио: Мистериозната “зона на тишината” која се наоѓа среде пустина никој не може да ја објасни

На тоа место невозможно е да слушате радио, а никој нем оже да објасни зошто. Се верува дека пречките ги предизвикуваат големите залихи на магнетит под земјата, но и остатоци од удар на метеорит.

Длабоко во резерватот Мапими на речиси 400.000 хектари ненаселена рамнина се појавува по некоја планина, а тоа место ретко кој се осудува да го посети.

Бенџамин Паласиос, виталниот 60-годишник и сопственик на тематскиот НЛО ранч во близина на “зоната на тишината”, вели дека зоната му е најважната споредна работа на светот.