дома блог страница 3000

(Видео) Една од најблескавите ѕвезди на фудбалското небо: Дами и господа! На денешен ден Диего Армандо Марадона започна да пишува историја!

На денешен ден во 1976 година на големата сцена за прв пат се појави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Марадона дебитирал за првиот тим на Аргентинос Јуниорс во натпреварот со Тајлерс, десет дена пред 16-тиот роденден.

Симболично, на теренот истрча носејќи го бројот 16. Во тој момент тој бил најмладиот играч во аргентинската Примавера.

Само што се појави младиот Диего ја пронајде првата “жpтвa”, а тоа беше фудбалерот на Талјерс, Хуан Доминго, со кој го доби првиот дуел и го посрамоти. Тоа беше првата магија во кариерата на славниот Марадона, а останатото е историја…

Од Франција депopтирани 120 албански државјани

На меѓународнот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени 120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната.

Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, Прпарим Дема ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната“.

Началникот Дема аупати апел до албанските граѓани да ги почитуваат правилата за движење.

– Апелирам до сите албански граѓани да не ја злоупотребуваат слободата на движење. Албанија е безбедна земја и како таква ја сметаат и земјите од ЕУ, поради што барањата за азил немаат никакви шанси да бидат одобрени, наведе Дема.

Во врска со можните последици за лицата кои ги кршат правилата за слободно движење во земјите на ЕУ, Дема нагласи дека „депортацијата од земјите на ЕУ е придружена со други дополнителни мерки, вклучително и неколкугодишна забрана за патување во шенген зоната“.

Пред три дена 100 албански граѓани и тоа од Франција (43), од Белгија (пет) и од Германија (52) беа депортирани бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на Унијата или барале азил. Неколку дена пред тоа со два чартер-лета беа депортрани 104 албански државјани од кои 15 од Франција, пет од Белгија и 84 од Германија.

Извор: “Инфомакс”

Започна лидерската средба во Вила Водно

Започна лидерската средба во Вила Водно на која лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да го договорат датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Со тоа ќе биде договорено и кога премиерот Заев ќе поднесе оставка и ќе биде формирана нова техничка влада според одредбите од Пржинскиот договор.

Откако Европскиот совет во петокот не ѝ додели датум на Македонија за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предложија брзи предвремени избори, на кои ќе им претходи техничка влада 100 дена пред нивното одржување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека ќе го прифати предлогот на премиерот Заев за брзи предвремени избори, но и тој не кажа датум за нивно одржување.

„Кога тие би се одржале не зависи од мене, но ставот на мојата партија е јасен, избори веднаш со почитување на законите за формирање на техничка влада“, рече Мицкоски.

Борис Џонсон одби да го потпише одлагањето на Брегзит: “Излегуваме од ЕУ на 21 октомври и никој не може да го спречи тоа”

Британскиот премиер Борис Џонсон одби да го потпише писмото на британскиот законодавец со кое се бара од Брисел уште едно одлагање на Брегзит, нарекувајќи го тоа “длабоко корозивно” за државата.

Ланкастер Мајкл Гув изјави денес дека Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија до крајниот рок на 31 октомври, споменувајќи дека Парламентот не може да го промени ставот на владата во врска со тоа.

Исто така нагласи дека ризикот од излегувањето без договор пораснало, бидејќи не може да се гарантира уште едно одлагање на Брегзит.

Државниот секретар за надворешни работи на Комонвелтот на Велика Британија и Ирска, Доминик Раб, изјави дека одлагањето би предизвикало големо незадоволство кај Унијата и дека сега има доволно гласови во британскиот парламент со кој би бил поддржан планот на Борис Џонсон.

(Фото) Венчавката ја фотографирале од воздух, потоа останале во шok

Оваа фотографија од венчавка го прошета целиот свет заради еден морничав детаљ.

Младенците сакале фотографии од воздух, а кога ги добиле имале што да видат.

Во дворот во близина на церемонијата, на тераса се наоѓаа чудна група луѓе или статуи со маски кои оставаат морничав впечаток. Се претпоставува дека станува збор за некоја секта, но не е исклучена можноста и дека се работи за нечија невкусна шега. Едно е сигурно, ова воопшто не е пријатна глетка.

(Видео) Цел свет во пaниka! Се буди “монструмот”?! Ќе исфрли толку пепел што нема да биде можно да се гледа ниту Сонцето

Вулканот Јелоустоун во американската држава Вајомин последен пат еруптирал пред 640.000 години, но никој не знае кога повторно тоа ќе се случи. Сепак, некои мерења покажуваат дека тоа може да биде во секој момент.

Кога ќе се случи тоа, може да се смета дека ерупцијата во атмосферата ќе исфрли 240 километри кубни камења, прашина и пепел, како што се случило во последната ерупција. Ќе излезе толку многу магма што би се затворило целото подрачје во круг од 60 километри. Делови на Колорадо, Вајоминг и Јута би биле поклопени од еден метар пепел. Целото пространство на Средниот запад би било прекриено со најмалце 10 центиметри од пепел.

Што му прави првата утринска цигара на организмот?

Пушачите кои палат цигара веднаш штом ќе станат од спиење, без претходно да каснат нешто или барем да се напијат, го зголемуваат ризикот за добивање рак на белите дробови и на усната шуплина, покажува истражувањето направено на 2.000 возрасни пушачи.

Резултатите од ова истражување покажале дека дури 32% од испитаниците првата цигара ја палат 5 минути после станувањето. Од испитаниците, 31% правата цигара ја палат од 6 до 30 минути по станувањето, 18% од 31 до 60 минути по будењето, а само 19% после еден час.

Учесниците кои првата цигара ја палат по будењето, имале најголемо ниво на отровни материи во организмот од цигарите во однос на останатите. Научниците утврдиле дека ова особено е штетно за постарите лица. Тие објаснуваат дека луѓето кои првата цигара ја палат многу рано, го вовлекуваат димот многу подлабоко и подолго го задржуваат, што може да предизвика рак на усната шуплина и на белите дробови.

Токму затоа тие објаснуваат дека најдобро е наутро, прво нешто да се касне, за да може организмот да се разбуди. На телото, во утринските часови најмногу му е потребна енергија, па токму затоа потребно е да ми овозможите здрав почеток на денот.

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се сменија, односно останаа на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.

Утре не чека нова цена на горивата.

Зимско сметање на времето: Стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад

Во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Џенифер Анистон објави фотографија на „Инстаграм“ кога била мала, ги освои срцата на милиони (ФОТО)

Актерката Џенифер Анистон на „Инстаграм“ објави фотографија од времето кога била девојче и го украде вниманието на речиси шест милиони обожаватели за многу кратко време.

„Со стил, некогаш и сега“, напиша Анистон.

Анистон пред два дена се приклучи на „Инстаграм“. Нејзината прва фотографија беше со екипата од „Пријатели“, а досега на социјалната мрежа Анистон има собрано преку 14 милиони фанови.