дома блог страница 2991

Eвропски Прилеп (ВИДЕО)

Европски Прилеп, нема што…

Видеото е направено кај студенскиот интернат:

Имаат милиони фанови ширум светот, а сега се избрукаа пред сите: Соблекувалната ја оставија во целосен неред (Фото)

Барселона со многу мака ја совлада Славија Прага со 2:1 во синоќешниот меч од Лигата на шампионите, а фудбалерите на каталонскиот гигант оставија голем неред во соблекувалната на стадионот во главниот град на Чешка.

Од Славија објавија фотографија на која се гледа во каква состојба гостите ја оставиле соблекувалната, и коментираат дека се многу разочарани од односот на ѕвездите.

Домаќините очекувале Барселона да ја остави соблекувалната во колку-толку уредна состојба, но се шокирале кога го виделе хаосот.

Фотографиите говорат повеќе од илјада зборови. Очигледно дека тоа што на предната страна на дресот имаат име на јапонски спонзор, во Барселона не преземале јапонски манири.

Јапонските спортисти често добиваат пофалби за својата уредност и состојбата во која ги оставаат соблекувалните.

Хит видео: Зидан му објаснува на Јовиќ, а Србинот ништо не разбира

Лука Јовиќ е едно од најскапите засилувања за Реал Мадрид изминатото лето, а во вторникот тој влезе од клупата на натпреварот во Истанбул против Галатасарај.

При влегувањето во игра Зидан му даваше инструкции на младиот Србин, но тој делуваше како ништо да не му е јасно.

Видеото од дискусијата стана хит по спортските медиуми. Погледнете:

Вечерва изнудете насмевки кај најмалите: Вкусна вечера за 15 минути и полни стомаци

Не е нешто ексклузивно, но е многу вкусно и гарантира полни стомаци и милион детски насмевки.

Потребно ви е:

8-10 парчиња сув леб

2 јајца

150гр кисела павлака

100гр кајмак

100гр сирење

по желба сусам и оригано

Начин на подготовка:

Јајцата, павлаката и кајмакот проматете ги и ставете ги на парчињата со леб. Сирењето изрендајте го и ставете го исто така на парчињата леб. Ставете сусам и оригано по вкус, и така подготвени лебчињата ставете ги 10 мин во рерна.

Вистинско уживање!

Во сабота Зоран Заев на трибина во Домот на култура во Прилеп

Ова е можност сите прашања за реализираните проекти во овие години и тие што следуваат да се постават на вистинското место, до Премиерот и Градоначалникот на Прилеп.

Кадровските решенија, “метлата”, животниот стандард на пензионерите, зголемените трошоци, двојазичноста, “Еурокомпозит”, платите за докторите од 100.000 денари … сето тоа се прашања за кои прилепчани во сабота можат да добијат одговори.

Cлaвниoт aктep ocтана по гаќи среде емисиja (Видео)

Холивудската sвезда Алек Болдвин се појави во шоуто со Џими Фелон, каде го претстави новиот филм „Motherless Brooklyn“, чија премиера е закажана за 1-ви ноември, но направи и неочекуван потег.

Алек посака пред сите да се пофали со новата линија, па тоа го демонстрираше така што стана од фотелјата, ги соблече пантолоните и остана само по гаќи.

Cooбpaќajка на Плетвар во моментов: Cooбpaќajoт во прекин во двата правци

Сообраќајот на патниот правец Прилеп- Градско кај Плетвар е во прекин во двата правци, поради сообраќајна незгода.

Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 18:30 часот.

Прочистете ги цревата, испеглајте го стомакот за една недела-еден оброк заменете со оваа салата

Салатата „Метла“ ужива голема популарност веќе неколку години по ред. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но е драгоцена за оние кои сакаат да го исчистат организмот и да ослабнат. Во што е нејзината тајна?

Основните компоненти на салатата (зеленчукот) го обогатуваат организмот со витамини и минерали, а поседуваат и влакна и петкини. Благодарение на ова, ова здраво јадење придонесува за исфрлање на фекалните наслаги, со што се намалува телесната тежина.

Класичниот рецепт на оваа салата содржи, зелка, цвекло, морков, лимонов сок и масло за јадење.

Подготовка: Нарендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1.Додајте зачински растенија по вкус. Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте лимонов сок. По желба може да се додаде изгмечено лукче. Се залева со малку растително масло за јадење, ленено или маслиново.

Салата не е потребно да се соли, а ако не можете без соленкаст вкус ставете малку соја сос.

Франција навреме го информирала Заев дека нема датум за ЕУ (ВИДЕО)

Во своето денешно обраќање пред медиумите францускиот амбасадор во Скопје откри дека пред самитот на ЕУ Франција ги информирала и Грција и Македонија дека Преспанскиот договор без соодветни реформи не е доволен за датум.

Според амбасадорот Тимоние ваквата француска перспектива била “загубена по пат” а наративот за датум како награда за реформи мистериозно бил променет во текот на летото.

Премиерот Заев иако точно ја знаел француската позиција до последен момент тврдеше дека Македонија ќе добие датум на самитот на ЕУ.

Целото интервју на Тимоние погледнете го ТУКА

На Косово се е можно: Гласачки ливчиња од Србија се броеа со заштитни облеки и маски (Видео)

По прекинот на броењето на гласовите од Србија на 13 октомври, поради наводно труење, службениците на Централната изборна комисија на Косово, започна процесот на верификација на пликоата со гласачките ливчиња кои пристигнале во Косово од Србија.

Овој прцес од страна на Косовците се изврши под детални заштитни мерки. Со маски, посебна облека, капи и ракавици, јавува Експрес.

Пред десетина дена при броењето на гласовите од Србија, процесот беше прекинат откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата.. Во Инфективна болница во Приштина беа хоспиталзирани 12 претсавници од ЦИК кои се жалеле на алергиски реакции, но откако анализите покажаа дека не станува збор за заразна инфекција тие беа пуштени дома.