дома блог страница 2990

Генерален штpajк во образованието на 11 ноември

На 11 ноември професорите и наставниците ќе стапат во генерален штрајк. Тие не го прифаќаат предложеното зголемување на 10 проценти за платите во образованието. Оваа одлука е донесена на денешната седница на Советот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

СОНК нема да организира протести или марширања, туку едноставно нема да се одржува настава.

Неделков нивните барања да се исполнат пред техничката влада, бидејќи договорот бил покачувањето да биде внесено во буџетот за 2020 година.

-Премногу сме коректни и скромни, овие наши барања не се од вчера или денеска, овие барања се од поодамна. Овој период е изненадување, не очекувавме брзи и предвремени избори. Одамна работиме за ова, имавме одлучни релации со МОН, ова не е предизборна уцена, рече Неделков.

Претседателот на СОНК рече дека очекува да се штрајкува во секое училиште, иако не е сигурен колкав број на просветни работници ќе го поддржат штрајкот.

Миле Талески: “Станавме европска држава, ќе победиме на 12 април” (Видео)

“За помалку од две и пол години станавме модерна и европска држава, а успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ, се признаени од целиот демократски свет. Затоа гордо кажуваме: државата е на прав пат!
Тоа е патот на развојот и просперитетот. Тоа се повисоките плати во сите општествени сектори, градежната офанзива на патишта, огромната социјална помош, враќањето на парите директно кај граѓаните, повисоките субвенции и инвестиции во земјоделието, бескомпромисната борба против корупцијата. Во изминатиот период, организиравме стотици урбани и маалски средби со граѓаните. Го слушнавме нивниот глас и заедно го трасиравме овој пат, кој води напред во подобра иднина за сите. Продолжуваме така, со отворен, искрен и чесен пристап, преку директни средби и разговори со граѓаните, да ги изнаоѓаме решенијата на проблемите и да ги градиме државните и локалните политики. Затоа ве повикувам да се приклучите на граѓанската трибина, која ќе се одржи утре, сабота, 26.10.2019, со почеток во 13 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која ќе се обратат: претседателот на СДСМ, Зоран Заев, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески”
, истакна на денешната прес конференција, Миле Талески, претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Детали за cooбpaќajkaта на излезот од Прилеп (ФОТО)

Фото/infokompas.com.mk

На 24.10.2019 во 13.50 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат брава“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(41) од с.Старо Лагово, прилепско.

Во незгодата, Ф.Б. се здобил со тешки тeлecни повpeди, а со тeлecни повpeди се здобил М.Т.. Тие биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекapcка помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициckaта станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Муцунски на грчка телевизија: Ние сме Македонци и тоа ќе останеме

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вчера беше гостин на грчката телевизија „Скаи“ каде што изјави дека ние сме Македонци и тоа и ќе останеме во иднина.

Тој како гостив во вестите на грчката телевизија вели дека и покрај тоа што е сменето името на државата и на повеќе институции граѓаните знаат дека се Македонци, а државата им се вика Македонија.

Неговата изјава можете да ја погледнете во продолжение:

Актерите во театарот “Војдан Чернодрински” ја подготвуваат детската претстава “Басни”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се поставува „Басни“ претстава за деца , во режија на Кирил Петрески.

-Претставата е за деца која што како тема ги има басните. Басната е една од најстарите литературни родови. Верувам дека неа ја сакаат сите. Децата, младите, но и возрасните луѓе. Во неа тие пронаоѓаат метафора на своето детство. Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се вистинските јунаци на бајките, но преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта и сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: „ Се зборува во вселената.“, а во една своја строфа вели: „Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат.“ Во претставата ќе бидат сместени басните на неколку автори. Творецот или „таткото на басната“ Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој што во своите записи од македонското народно творештво има сместено „мали приказни за животни“, како што тој ги нарекува – вели режисерот Кирил Петрески.

Ќе играат Катерина Чакмакоска – Клинческа, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска – Ачански, Михајло Миленкоски, Александар Тодески и младата Надица Ѓорѓијоска.

Сценографија и костимите се на Александар Џинго, музиката е на Томе Темелкоски.

Премиерата на претставата е планирана за крајот на ноември.

Haвидyм обичен oтпaд на рибap му донеcoл цeлo бoгaтcтвo: Ќе се зачyдите кога ќе видите за што се paботи

Тајландскиот рибар Јурмус Тиачот (55) шетал по плажа во неговата земја, кога здогледал нешто чудно, предмет тежок околу шест килограми. Бил уверен дека станува збор за повраќаница од кит која во одредени делови од светот има многу висока цена, пренесе српски „Курир“.

Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителната заработувачка му одговарала, па започнал да се распрашува кај мештаните за да се спроведе некое тестирање.

Иако тие му рекле дека резултатот е негативен, го посетиле и локални официјални лица кои потврдиле дека навистина станува збор за повраќаница од кит.

– Три соседи дојдоа кога слушнаа што најдов. Земаа неколку примероци и рекоа дека сѐ ќе испитаат, но потоа кажаа дека тестовите ништо не покажале. Сакав да ја знам вистината, па ги контактирав властите. Сега знам за што станува збор и ќе го продадам тоа што го најдов – изјавил Тиачот.

Се проценува дека содржината од желудникот на китот вреди речиси 320.000 евра, судејќи по тоа како цените претходно се движеле.

Експертите утврдиле дека парчето содржи повеќе од 80 отсто од таканаречена амбер која се произведува во дигестивниот систем на китовите кашалот. Иако звучи одбивно, кога ќе се исуши дури мириса пријатно, поради што е многу барана материја во индустријата за парфеми.

Како пример, во 2016 година парче од амбер кое тежело 1,57 килограми е пронајдено во Ланкашир, а потоа продадено за 50.000 фунти. Истата година, три рибари од Оман извлекле 80 килограми од истата материја и го продале за 3 милиони долари.

Во Србија пристигна првиот воз од Кина: Стартува изградбата на брзата пруга од Белград до Будимпешта (Видео)

Товарен воз на Кинеските железници со опрема за изградба на брзата пруга во Србија, пристигна денес од Кина во Белград, а го пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот заменик министер за трговија Чен Кеминг.

Како што јави дописникот на МИА, композицијата со опрема што ја користат кинеските компании за изградба на брзата линија од Белград до Будимпешта, тргна на 24 септември од градот Ѓинан, во провинцијата Шангдонг и премина околу 10.500 километри.

Ова е првиот товарен воз од Кина до Србија.

Железничкиот сообраќај само е еден од централните видови на сообраќај на кинеската глобална економска иницијатива „Еден појас, еден пат“, а брзата железница од Белград до Будимпешта е составен дел на проектот.

Caмо уште некoлкy дена yживање во топлoтo coнце, па cледyва гoлeмa пpoмена на вpeмето

Времето во земјава ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу нула и седум, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 26 степени.

Во Прилеп температурата ќе се искачи до 23 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.

МИСАЈЛОВСКИ ИЗБРИША ПОД СО ЗЕКИРИ: “Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој гостуваше во Телевизија 24 на дебата со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, побара тој да каже само еден проект кој во целост го реализирала оваа влада.

-Што направивте за овие 3 години на влaст? Реформите се прават за граѓаните, вие 3 години што правите?, запраша Мисајловски и додаде:

„Кажете ми едно ветување што сте исполниле. Кажете ми еден километар автопат што вие го имате зацртано, испроектирани, тендерирано и отпочнато со градба- еден километар автопат ве молам кажете ми. Дали знаете 5 инвестиции во овие 3 години што дошле во Македонија, до каде е Клиничкиот центар, до каде е мостот од Влае до Волково што го ветувавте, водоводот од Липково до Куманово, каде е студентскиот град во Скопје- вие ги ветувавте овие работи. Нема да ви контрирам, пофалете се до каде сте, кажете им на граѓаните. Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам. Ќе кажам секоја чест до цела Влада“.

Зекири видно вoзнемирен и без конкретен одговор му реплициреше:

„Ако некогаш се градело, сега се гради. Што ви е на вас бе човече, што зборуваш бе, што ми зборуваш бе“.

Ручек за посна трпеза во петок: Вкусна посна мусака која вреди да се испроба

Ова традиционално јадење можете да го подготвите и за време на денови кога се пости ако го подготвувате вака.

Состојки:

3 главици кромид

2 моркови

2 чешниња лук

250 грама соини трошки

Сушени растителни зачини

Сол, бибер

100 грама доматно пире

Пире од 500 грама комири

Подготовка:

Сварете ги трошките од соја и исцедете ја водата. Пропржете го кромидот, морковот, па додадете ги соините трошки и зачини. Можете да додадете и две до три капки бело вино. На крај ставете и доматно пире.

Направете пире од компири, а потоа поделете го на два еднакви дела. Во плех ставете половина од подготвеното пире, па ставете фил и на крајот остатокот од пирето.

Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Јадењето може да го служите и ладно.