Имаат милиони фанови ширум светот, а сега се избрукаа пред сите: Соблекувалната ја оставија во целосен неред (Фото)

Барселона со многу мака ја совлада Славија Прага со 2:1 во синоќешниот меч од Лигата на шампионите, а фудбалерите на каталонскиот гигант оставија голем неред во соблекувалната на стадионот во главниот град на Чешка.

Од Славија објавија фотографија на која се гледа во каква состојба гостите ја оставиле соблекувалната, и коментираат дека се многу разочарани од односот на ѕвездите.

Домаќините очекувале Барселона да ја остави соблекувалната во колку-толку уредна состојба, но се шокирале кога го виделе хаосот.

Фотографиите говорат повеќе од илјада зборови. Очигледно дека тоа што на предната страна на дресот имаат име на јапонски спонзор, во Барселона не преземале јапонски манири.

Јапонските спортисти често добиваат пофалби за својата уредност и состојбата во која ги оставаат соблекувалните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.