дома блог страница 2992

Haвивaчи на Ливерпул намecто во Генк отишле во Гент, па го пpoпyштиле натпреварот од Лига на шампиони, сепак им се случи нешто убаво

Двајца навивачи на Ливерпул не успеаја да присуствуваат на гостувањето во Лигата на шампионите против Генк (4:1) поради сопствената грешка.

Според пишувањата на белгиските медиуми, Британците наместо во Генк отишле во Гент. Тие ја сфатија својата грешка само половина час пред почетокот на натпреварот.

„Изгубените“ навивачи пронајдоа ирски паб и го гледаа натпреварот на телевизија. Тие потрошија 150 евра на воз и 70 евра на билети.

Откако информациите за овој случај се појавија во медиумите, Гент ги покани овие навивачи на натпревар со Волфсбург во Лигата на Европа, што ќе се одигра денеска, објави клубот на Твитер.

“Докторите ќе се радикализиpaaт – бараме 100.000 како што ветивте”

Сегашната основна нето плата на доктор специјалист во Клиничкиот центар во Скопје, согласно важечкиот колективен договор, е 44.517,00 денари и ги потсетуваме премиерот и министерот за здравство дека тоа е далеку од ветената во програмата основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство од минимум 100.000,00 денари и двојно зголемување на основната плата на здравствените работници, соопшти денеска Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

Во случај платата на здравствените работници да биде зголемена согласно програмата, информираат од Синдикатот, со право ќе го побарате и ќе можете да сметате на гласот на здравствените работници на претстојните парламентарни избори, а јавно ќе побараме од своето членство да ја поддржи Вашата политичка опција,

Во спротивно, посочуваат од Синдикатот, ќе ја загубите довербата не само кај здравствените работници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Од Синдикатот потенцираат дека се уште веруваат во ветеното дека докторите специјалисти во терциерното здравство ќе имаат основна плата од 100.000,00 денари, а на медицинските сестри и останатиот здравствен персонал двојно ќе им се зголеми платата, што несомнено е главниот услов да се задржи здравствениот персонал во државава.

Доколку, во најкус временски рок не преземете конкретни активности за реализација на ветеното зголемување на платите, Синдикатот на Клинички центар на почетокот на наредниот месец ќе го консултира своето членство за преземање радикални чекори за остварување на оваа програмска определба, која Синдикатот на Клинички центар уште на почетокот во целост ја поддржа, стои во соопштението.

Аплицирајте: Можност за вработување на Роми во државна институција во Прилеп

Јавната здравствена институција Здравствен дом – Прилеп, објави 2 огласи за вработување, и тоа за следниве работни позиции:

Помлад соработник за правни работи, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи

Општи услови

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции

решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари

2. Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи

Општи услови

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно-економско или гимназија/Вишо економско, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 14.992,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Ром(ка) 1.

И со турнат тикет можете да освоите милион денари: Погледнете како!

Во периодот од 18 октомври до 19 декември во Sport Life и недобитните тикети, добиваат. Со акцијата под името Втора шанса за милион, со еден промашен тип на тикетот, останувате во игра со погодените коефициенти на другите натпревари. Играчот со најголем збирен погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, добива  1.000.000 денари, а за останатите 4 прворангирани играчи следуваат поени за подароци од СЛ маркетот.

Акцијата важи за членовите на СЛ клубот, така што со приложување на СЛ клуб картичката при уплатата на тикетите, тие ќе можат да учествуваат во Втора шанса за милион денари. Доколку двајца или повеќе играчи на крајот на кампањата имаат ист збирен најголем погоден вкупен коефициент, за прв ќе се смета оној кој има најголем број тикети со еден промашен натпревар. Акцијата ги опфаќа  сите тикети со најмалку три натпревари на кои има еден промашен пар: несистемски тикети (со една комбинација, системските не се во конкуренција), тикети од обложување во живо и микс тикети.

„За тикетите со еден промашен тип, играта не застанува! Доколку сте член на SL клубот  добивате ексклузивното право за учество во Втора шанса за милион, како и за многу други поволности и добивки.“ истакнуваат од Sport Life.

Ексклузивно: “7 миксери за градежен бум во Прилеп – Економијата бележи раст?”

Невообичаена ситуација во Прилеп, дури 7 миксери за цемент на едно место, нешто што ретко се гледа.

Причината за тоа е новата зграда која се гради отспротива на поранешната фабрика “Солидност”.

Погледнете го чудото од стадион кое Дејвид Бекам го гради за својот клуб (ВИДЕО)

Дејвид Бекам по завршувањето на фудбалската кариера сериозно влезе во светот на бизнисот. Тој основаше фудбалски клуб во САД. Неговото име е Интер Мајами и од следната сезона ќе играат во МЛС лигата.

За таа цела Бекам со уште неколкумина инвеститори градат стадион кој ќе чини 930 милиони долари и кој е вистински вселенски брод. Ќе се вика „Мајами фридом парк“ и ќе ги има сите услови за уживање. Ќе прима 25.000 гледачи со сите пропратни елементи па дури и шопинг мол внатре во објектот.

Додека тој се прави ѕирнете како ќе изгледа.

Несекојдневен пливач во Дојранското езеро (ВИДЕО)

Пред неколку недели од водите на Дојранското езеро беше уловен огромен сом, денес во истото ова езеро повторно може да се види несекојдневна ситуациja.

Дива свиња плива во Дојранското езеро.

Погледнете:

“Господинот Тимоние ја освести Владата?”

Тимоние: “Преспанскиот договор можеби е прeдуслов, но европската агенда е друго прашање и тоа не е доволно. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и тоа беше пренесено кај грчките и македонските соговорници. Не значи дека тоа не е важно, но имаше чудно преместување на критериумите што повеќе беше маркетинг. Можам да ги разберам емоциите, можам да го почувствувам рaзочарyвањето, но ова се политички разговори за иднината на ЕУ“, изјави без дипломатски ракавици амбасадорот на Франција.

Целосното стaбилизирање на политичкиот живот во земјите од Западниот Балкан не е нешто што е завршено, и ние и вие мора да посветите поголемо внимание на таа тема. Да се отворат преговори не значи само по себе решавање на сите други сложени прашања и реформи кои треба да ги имаме на ум. Треба секогаш да се каже, кога збориме за проширувањето, францускиот претседател Макрон бара да се создаде нова методологија за оваа област, и пред неколку месеци почнавме да работиме на тој документ, за кој сега не би можел да откријам дополнителни детали. Советот на ЕУ во Македонија создаде големи очекувања и драматизација, но за нас во ЕУ беше повод да си ги поставиме и вистинските прашања за kpизата во Европа. За Макрон европското прашање е од суштинско значење, тој сака да изградиме способна и функционална Европа, а прашањето за Балканот да биде прашање на етапи, понуда на етапно приближување кон ЕУ. Регионот не е целосно консолидиран, има признаени и нeпризнаени држави, и треба да се зајакне компонентата на регионалната соработка.

Тимоние: Нема да откријам тајна доколку кажам дека на последните средби на министерот Димитров и вицепремиерот Османи со нивните соговорници во Париз беа отворени и прашањата за cyдството во Македонија, која е тема е многу важна и има многу предизвици кои што треба да се надминат и подобрат.

Тимоние без дипломатски ракавици рече дека одговорноста за недобивање на датум за преговори не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија дека на овој самит на ЕУ ќе биде доделен фамозниот датум. Тимоние рече дека Франција предупредувала дека реформите се клучни за започнување на преговорите, а дека Преспанскиот договор е само еден предуслов, но тоа не е доволно за да се стигне до целта. Според амбасадорот Тимоние, клучните реформи во Македонија не се до крај исполнети, а на чуден начин фокусот бил префрлен само на еден од исполнетите пpeдуслови, а тоа е Договорот од Преспа за името со соседна Грција, чија важност тој не ја оспорува.

Амбасадарот на прес конференцијата даде дополнителни објаснувања за самитот на ЕУ во Брисел, на кој Македонија и Албанија не добија датум за преговори за членство во ЕУ. Амбасадорот Тимоние изјави дека ситуацијата и дискусијата за проширувањето не била така еднострана како што се претставува, туку дека на крајот имало усогласен предлог од Германија и Франција кој се однесувал на Македонија и Албанија, но другите земји членки не го прифатиле, затоа што бил оценет како минималистички. Амбасадорот потенцираше дека претседателот Макрон подолго време е конзистентен во ставот дека е потребно на усогласување на нова методологија за проширувањето.

Извор Магазин.мк

Секоја чест! Александар Неделковски го освои високото петто место на Светското првенство во Чиле

Одличен настап на Александар Неделковски на Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21 во Сантјаго, Чиле, во кати во јуниорска конкуренција. Неделковски го освои петото место, а малку му избега бронзениот медал.

Александар Неделковски го мина првиот круг, а во вториот круг беше втор со 23,98 (16,66 + 7,32), пред него беше само Алесио Џинами од Италија со 24,3.

Во третиот круг Неделковски беше трет со 23,6 (16 + 10), како и Луис Гарсија од Венецуела, а првото и второто место и припаднаа на Алесио Џинами 23, 38 и на Адам стелцл од Словачка 23,28 поени.

Во борбата за петото место Неделковски се пресмета со Луис Гарсија од Венецуела. Нашиот репрезентативец ја изведе катата „ганкаку“ и доби 23,86 (16,66 + 7,20) поени, а Гарсија за „кусанку“ 22, 98.

Во најзначајниот момент во кариерата, односно борбата за бронзениот медал се сретна со Карим Валед Гали, при што нијанси одлучуваа. Гали славеше со „ганкаку), бидејќи доби оценка 24,88, а Неделковски 23,06 (16,10 + 6,96) со изведба на „ун су“.

Во конечниот пласман Неделковски го освои петото место што е голем успех за него.

Владанка Аврамова во женска конкуренција во кати за јуниори е 31-ва.

извор: Ipon.mk

Mладиот Македонец продолжува да гази низ цела Германија: Уште еден светски медал во неговата витрина

Нашиот кик боксер Виктор Димовски – Taмпес, повторно го освои првото место на Светското првенство во поинт фајт.

На Светското првенство што се одржа во Нордхон Германија од 18 до 20 октомври, во организација на светската WFMC организација, учествуваа борци од целиот свет.

Велешанецот кој живее во Франкфурт Виктор Димовски, имаше повеќе борби.

Во елиминациите ги победи борците од Бразил, Германија, Франција и Англија, а во финалната борба го победи борецот од Полска и го освои златниот медал на ова Светско првенство.

Честитки за Виктор и му посакуваме уште многу успеси.

За потсетување малиот Димовски неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство во Дизелдорф.

Млад Македонец растура на светско ниво: Виктор стана двократен светски шампион, а ќе атакува на уште два медали (Фото)