дома блог страница 2989

Македонија горда на Влатко! Македонец ќе го предводи светскиот шампион во женски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија му честиташе на Влатко Андоновски кој е именуван за нов селектор на американската женска фудбалска репрезентација која е актуелен светски првак.

-Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои не калкулираат и знаат што сакаат во животот! Нашиот Влатко АНДОНОВСКИ стана селектор на светскиот првак – женската репрезентација на САД. Влатко е голем господин, честитки!, стои во објавата на ФФМ.

Промоцијата на 43-годишниот тренер на Рајн од Сиетл како нов кормилар на селекцијата со четири планетарни титули, исто толку олимписки злата и осум шампионати на КОНКАКАФ е планирана за в понеделник во Њујорк.

„Спортс илустрејтид“ се повикува на повеќе извори, според кои Андоновски е далеку најпосакуваното име за нов селектор од американските репрезентативки, некои од нив изјавувајќи дека за тоа биле консултирани од генералниот менаџер на националниот тим Кејт Маркграф.

Тој треба да дебитира на клупата на САД на натпреварите со Шведска на 7 ноември и со Костарика три дена подоцна на домашен терен.

Андоновски, кој е роден во Скопје, а живее во Канзас Сити со сопругата и со трите деца, е некогашен фудбалер на Работнички, Македонија ЃП и Вардар, како и на екипи од САД, преминувајќи во тренери по завршувањето на играчката кариера.

Руски доктори: Престанете да пиете кафе пред доручек, еве што може да се случи

Рускиот гастроентеролог Марија Бадалјан укажува на тоа дека утринското кафе пред доручек е многу штетно по здравјето, затоа што може да предизвика сериозни заболувања.

Како што објаснува таа, пред утринското кафе потребно е да “се стартува” дигестивниот тракт, а оние кои не сакаат да доручуваат можат тоа да го направат со една банана, мусли или пак некаква каша.

Утринското кафе е посебно погубно за хипертензивните пациенти, затоа што може да доведе до инфapkт или мозочен yдap.

(Tвитер) Наша државна химна би требало да биде: ‘Иди док си млад’

(TВИТ НА ДЕНОТ)

Наша државна химна би требало да биде: ‘Иди док си млад’.

(Видео) Автомобил од иднината: Погледнете го ова чудо на четири тркала

Создаден во партнерство со Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), терцо миленио концепт е суперавтомобил кој е дизајниран за третиот милениум. Резултатот е автомобил со напреден електричен погон, ултралесна структура и екстремно аеродинамична надворешност.

Ова е Ламборгини терцо миленио:

Македонска гордост! Aнсамблот “Танец” осови Гран при награда во Париз

На Меѓународниот фестивал на уметностите “Les Etoiles De Paris” во конкуренција на 350 учесници, оркестарот на „Танец” под водство на Дарко Илиевски ја освои апсолутната награда на целиот натпревар, Гранд прито. Настапот на оркестарот беше проследен со аплаузи на отворена сцена и беше испратен со овации.

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

„Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Перо Антиќ за прв пат зборува за ноќта кога го yaпcиja во Њујорк (Видео)

За искуството во НБА и во европските клубови, за ноќта кога го привеле во Њујорк, за страста кон автомобилите, за моментот кога го нокаутирал Леброн Џејмс. Ова се само дел од темите кои кошаркарската легенда Перо Антиќ ги раскажа во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре.

Антиќ и Жаре муабетеа и за приватниот живот на Перо, за синовите Лука, Павел и Петар, а шоуто го развеселија и игрите кои од оваа сезона повторно се враќаат.

Премиерата на првата емисија од 11. сезона на „Еден на еден“, гледајте ја во недела, на 27 октомври, во 18.30 на Канал 5. Мал дел од атмосферата на снимањето ви пренесуваме во најавата за емисијата:

Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Ова се новите шефови кои ќе ги гледаме на ТВ

Од неодамна стартуваше петтата сезона на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител, заедно со водителката Александра Илиевска и шефовите Марк Де Јонг и Никола Мишковски.

Но, по цели четири сезони продуцентите на барање на гледачите бараа да се воведе ненаква промена, но бидејќи шоуто е под франшиза, за истото немаше многу простор за додавање или одземање на зацртаната шема во кујната на доматите и пиперките.

Како што објасни Александара за порталот “Вистина.мк” на почетокот на неделава, без да направат отстапки од концептот, се решиле за едно големо изненадување за гледачите, односно да ангажираат нови шефови на местото на Марк и Никола.

Па така, пред камерите заедно со асистентите, сега пред предизвикот да готват за 20 минути се Филип Поповски и Бобан Симоновски.

Дали шефовите ќе се менуваат на неделно ниво или пак Филип и Бобан ќе бидат единствените во оваа петта сезона, останува да видиме.

Извор: “Vistina.com.mk”

Верувале или не: На Пендаровски му пречело “северна” во името на државата (Видео)

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во емисијата „Recite Al Jazeeri“ која премиерно ќе се емитува во понеделник вели дека му пречи „северна“ во името Македонија.

На прашањето од новинарката: “Ви пречи ли она „северна“ во името на државата?”

“Ми пречи. Ми пречи како и претпоставувам на сите Македонци, на сите граѓани во земјава. И ден денеска не можам да се навикнам. Можеби со тек на време, ќе биде”, одговори Пендаровски.

Србија денеска потпишува договор со Евроазиската Унија: 95 % од српските производи ќе имаат сигурен извоз без царини

Eвроазиската економска унија ја сочинуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, а Молдавија има статус на набљудувач.

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Москва треба да го потпише Договорот за слободна трговија со Евроазиската унија и нејзините држави членки.

Целта на оваа унија е соработка насочена кон заеднички интереси во економијата.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на почетокот од октомври го одобри нацртот на договорот за слободна трговија помеѓу Евроазиската унија и Србија.

Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија ќе се овозможи околу 95,5 проценти од српските производи да се извезуваат во Евроазиската унија без царини.

Минатата година трговската размена меѓу Србија и државите од Евроазиската унија изнесувала 3,4 милијарди американски долари.

ТВИТ НА НЕДЕЛАТА: Потпретседателот на СДСМ “фатен во тесно” (Видео)

Дел од синоќешното гостување на потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во синоќешната дебата на ТВ 24.