МИСАЈЛОВСКИ ИЗБРИША ПОД СО ЗЕКИРИ: “Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој гостуваше во Телевизија 24 на дебата со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, побара тој да каже само еден проект кој во целост го реализирала оваа влада.

-Што направивте за овие 3 години на влaст? Реформите се прават за граѓаните, вие 3 години што правите?, запраша Мисајловски и додаде:

„Кажете ми едно ветување што сте исполниле. Кажете ми еден километар автопат што вие го имате зацртано, испроектирани, тендерирано и отпочнато со градба- еден километар автопат ве молам кажете ми. Дали знаете 5 инвестиции во овие 3 години што дошле во Македонија, до каде е Клиничкиот центар, до каде е мостот од Влае до Волково што го ветувавте, водоводот од Липково до Куманово, каде е студентскиот град во Скопје- вие ги ветувавте овие работи. Нема да ви контрирам, пофалете се до каде сте, кажете им на граѓаните. Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам. Ќе кажам секоја чест до цела Влада“.

Зекири видно вoзнемирен и без конкретен одговор му реплициреше:

„Ако некогаш се градело, сега се гради. Што ви е на вас бе човече, што зборуваш бе, што ми зборуваш бе“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.