дома блог страница 2985

Силјановска: Нема чекорење напред со згазено национално достоинство

Дали е време да се биде само сведок на настаните или пак да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија, прашува професорката Гордана Силјановска Давкока.

-Нема промени на подобро без визија и одговорно лидерство, нема европски вредности и реформи без знаење, стручност и компетентност, нема развој без стратегија и стратези, нема национално единство без дијалог и меѓусебно разбирање, нема чекорење напред со згазено национално достоинство, пишува професорката на „Фејсбук“.

Од полноќ повисоки цени на горивата

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Допиpa до cpце и дyшa: Емотивна изведба на „Зајди, зајди“ и „Ајде Јано“ (Видео)

Mattia Schirosa (хармоника) и Sandra Sangiao, пејачка на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (меѓународно признаена група која веќе има настапувано во повеќе од 30 земји низ целиот свет www.bgko.org) го презентираат својот личен проект: „Убунту“, патување во етничк музика, балканска, медитеранска и јужноамериканска, што го опишува нивниот пат како уметници и придружници во животот.

Нивниот репертоар се повикува нe само на сите места што заедно ги истpaжиле за време на безброј авантури доживeaни во нивните патувања, туку и за сите ceнзации, емоции и учења што ги издава секоја песна.

„Убунту“ е зулу и свахилиски збор и се користи за да се идентифиkyва она што се создава благодарение на синepгијата меѓу две лица.

Матија Широза е роден во Фано, но 10. години живее во Барселона, патувајќи, живеејќи и инспирирајќи се во Париз, Лондон, Торино и Болоња. Сандра Сангиао е од Барселона со потекло од Галиција и Кастилја.

Никогаш не ги покажува во јавност: Oва се синот и ќерката на Дино Мерлин

Балканската ѕвезда Дино Мерлин кој ќе ги забавува Скопјани за Нова Година не сака да го експонира семејството.Тој речиси никогаш не се слика со децата и сопругата бидејќи сака да ја зачува нивната приватност.

Но синот и ќерката на пејачот на социјалните мрежи споделија заедничка фотографија.

Ќерката на Дино се вика Наида и имаа 33 години и може да се пофали со диплома од Оксфорд за информатички технологија. Синот се вика Хамза и има 27 години. Тој студирал во Турција музички менаџмент.

Дино за своите деца вели дека се скромни и оти е среќен што израснале во вистински личности.

За прв пат во Прилеп: Во “Тhermal Therapy” ослободете се од болkите во вратот, грбот, зглобовите, главата…

Она што одамна е достапно во Америка, сега за прв пат го има во Прилеп, тоа е Thermal Therapy со помош на турмалин (разнобоен магичен камен).

Thermal Therapy е единствената можност во градот за сите оние кои се грижат за своето здравје. Ова терапија се изведува со помош на турмалин кој делува како инфрацрвен радијатор, познат како “витамини на воздухот”.

Инфрацрвената топлина е една од неколкуте иновативни терапии за кои се суди за управување со пациенти со акутна или хронична болка. Терапијата користи одредени брановни должини на топлина што се доставуваат до местото на телото со повреда, односно му помага на клетките да се регенерираат или санираат самите. Ова топлина продира во внатрешните слоеви на кожата со длабочина од 2 до 7cm, обезбедувајќи ефикасно за олеснување на болката.

Всушност, овој инавазивен, природен и безболен метод може да обезбеди огромен спектар на здравствени придобивки.

Со примена на оваа терапија се овозможува:

Обновување основната бактериска флора,

Го зголемува клеточниот метаболизам,

Го подобрува локалниот проток на крв,

Придонесува за подобра исхрана на ограните и ткивата,

Го обновува ендокриниот систем,

Го зајакнува имунолошкиот систем,

Ги враќа нервите по стресни ситуации и

Го подобрува спиењето,

Го подобрува дегенеративниот систем (костозглобен сиситем)

И помага во детоксикација.

Доколку имате проблеми со циркулација, болки во вратна и лумбална кичма, стрес, несоница, главоболка, болки во зглобовите и вкочанетост, периферна невропатија сега постои вистинско решение за вашето здравје. Дојдете и посетете не во Thermal Therapy – велат од новоотворениот салон за терапија сместен на булеварот “Александар Македонски” веднаш до Шопе маркет.

Teлефон за контакт: 076 676 819

(Видео) Македонски репрезентативци „влегоа“ во реално шоу

Македонските фудбалски репрезентативци Бобан Николов и Стефан Ристовски се „појавија“ во реалното шоу „Задруга“.

Еден од учесниците во шоуто, кошаркарот Марко Јањушевиќ – Јањуш доби пакет со гардероба меѓу која се најдоа дресовите на Николов и Ристовски кој игра за Спортинг.

Македонските фудбалери, кои Јањуш ги нарече негови браќа, му испратија и тренерки од ФФМ. Марко воодушевен од гестот на Македонците веднаш на себе ги облече дресовите од своите пријатели, а неговите колеги од шоуто му рекоа дека изгледа како да е од Македонија.

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стартуваат од полноќ.

Според последното решение минатата недела, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00 денар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1), останаа исти.

Американци ја слават македонската култура: Биле во Македонија, научиле песни и ора и сега ги научиле сите студенти (Видео)

Американки кои живееле во Македонија ја засакале нашата државата, слушале народна музика, научиле ора и сето тоа го пренеле во Америка.

Тоа што Македонците ги научиле во Македонија, сега тие веќе го знаат во Јута, Америка.

Погледнете како голем број американски студенти на еден од универзитетите во Јута играат македонско оро:

Македонците во Австралија го одиграа најдолгото оро на светот (ВИДЕО)

Фото/printscreen/falanga.com.au

Македонскиот фестивал за храна во Мелбурн и годинава беше место каде се јадеше највкусната храна, а во придружба на традиционалната музика, се одигра и најдолгото македонско оро во Австралија. Играорците, членови на културно уметнички друштва кои допатуваа од Мелбурн и Сиднеј, го започнаа орото, што беше доволно, потоа да се збогати танцот со расположените посетители – објави “Радио Пела”.

Целта со ова оро, на организаторот, Македонско австралиската организација на заедницата (MACO), беше да се поттикне единството на македонската заедница во Австралија.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

ПС Прилеп со kpивична пријава против двајца прилепчани за неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Е.Б.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“ и „послужување“ и против Џ.А.(58) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“.

На 04.09.2019 на ул.„Беровска“ во Прилеп полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле метадон, додека при преглед на Т.Н. пронашле и одзеле метадон, кои претходно ги набавила од второпријавениот. По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот му дал здравствена легитимација и рецепти за метадон на второпријавениот, по што тој набавил метадон од аптека во Битола.