дома блог страница 2986

ПС Прилеп со kpивична пријава против двајца прилепчани за неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Е.Б.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“ и „послужување“ и против Џ.А.(58) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“.

На 04.09.2019 на ул.„Беровска“ во Прилеп полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле метадон, додека при преглед на Т.Н. пронашле и одзеле метадон, кои претходно ги набавила од второпријавениот. По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот му дал здравствена легитимација и рецепти за метадон на второпријавениот, по што тој набавил метадон од аптека во Битола.

(Видео) Подземниот град крие многу тајни: Се наоѓа под планина и има мрежа на тунели! Никој не знае што правеле “нацистите” во него

Комплексот “Осовква” е најголемиот и најпристапниот потсетник на големиот проект “Риза”.

Тоа било обид на нацистите да изградат подземен град кој би можел да функционира со 20.000 луѓе, главно вojници или работници.

Изградбата започнала во 1943 година, а прекинала во 1945 година, но вистинската намена на подземниот комплекст останала непозната.

Се работи за седум подземни комплекси меѓусебно поврзани со разгранета мрежа на мегаломански тунели, кои се наоѓаат под Совините планини.

Нejзиниот профил на Инстаграм го следат над 35.000 луѓе: Интервју со Ангела Тасева, млада, креативна, девојка инфлуенсер

Aнгела Тасева е млад студент на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и е една од ретките девојки со илјадници следбеници на социјалните мрежи. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 34.000 корисници, а нејзините објави изнудуваат огромен број позитивни реакции. Ангела е член на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ и активен учесник во креирањето на младинските политики на партијата, нешто за што вели дека е горда и дека посветено ќе го работи и понатаму во животот. Нејзината креативност и многубројни објави во текот на денот, не натера да ја прашаме нешто повеќе за нејзе, па во продолжение ќе можите да прочитате кои се нејзините афинитети, желби, како и совети за да се изгради еден ваков “инфлуенсерски” профил.

Со што се занимава Ангела, кои се твоите хобија, интереси, што е она што го окупира твоето секојдневие?

-Ангела е студент на Правен факултет, се занимава со политика, хоби и е одбојка, лични интереси нема, а секојдневно е окупирана со сликање, другарки, дружење, читање книги во слободно време и секако со едно размислување „Што да се направи да подобро утре?“

Вистинска реткост е во Македонија да се има Инстаграм профил со толку многу следбеници. Како успеа да го изградиш својот профил и да привлечеш внимание од толку голема публика? Што според тебе ги поттикнува луѓето да те следат и позитивно да одговараат на твоите објави?

-Пред да почнам да се фокусирам на својот личен инстаграм профил, пробав да пробијам низ “светот„ на нашето денешно општество за да можам да сфатам што всушност сакаат да видат, слушнат или пак прочитаат луѓето. Започнав да постирам се што правам преку ден, од излегување на кафе, вечерни излегувања, готвење, работни задачи, до спремање испити и викенд уживања со семејството и пријателите. Според мене луѓето сакаат да го видат твоето вистинско „јас“, за да продолжат да те следат и да бидат позитивни спрема тебе.

Лесно или тешко е да се биде инфлуенсер во Македонија, кои се позитивните, а кои негативните страни?

– Ништо не е тешко доколку уживаш и сакаш да го работиш тоа што те прави среќен или среќна.
Позитивните страни се доста обемни, но можам да издвојам една, за мене многу значајна, дека се чувствуваш среќен кога знаеш дека можеш да понудиш квалитетен производ. Негативните страни што според мене се прифатливи се негативните коментари доколку на некој следбеник не му се допаѓа тоа што го нудиш.

Дали постои можност да се заработи од ваков ангажман и колку компаниите кај нас се подготвени и знаат да вложат во ваков тип на реклама?

-Да, можноста е секогаш отворена за одлична заработка, доколку умееш да направиш компромис за истата. Моето искуство до сега докажало дека секоја компанија се грижи за своите купувачи и сака да привлекува нови, сака да просперира на пазарот и е спремна да вложи за да биде секогаш подобра.

Добиваш ли непристојни предлози и дали според тебе корисниците на Инстаграм во Македонија имаат културни манири?

-Секогаш пред да прифатам било каква реклама, на прво место се ставам себе, и се запрашувам „Дали доколку го направам тоа ќе биде добра реклама за мене, а потоа дали моите следачи ќе бидат задоволни од истата?“ Досега не сум добила непријатен предлог, а доколку некогаш се случи тоа, лично за себе би го одбила.
Да, сметам дека во Македонија, корисниците на Инстаграм имаат културни манири.

Од твоите објави може да се забележи дека си поддржувач на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во кратки црти на што се должи твојата поддршка на оваа политичка опција и дали можеби својата иднина ја гледаш во политиката?

– Можам да се пофалам, без да кријам, дека сум горда на моите 6 години посвета на политичкиот подмладок Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата поддршка на оваа политичка партија најпрво се должи на идеолошката матрица, а потоа на начинот на градење како личност, почитта спрема семејството, дружбата и запознавањето на татковината од блиску. Да, ќе продолжам да бидам активна во политиката и во иднина, затоа што сум благодарна за секој мој труд вложен во неа.

Која е твојата “дестинација од соништата” која сакаш да ја посетиш?

– Сметам дека нема поубаво место за живеење од нашата Македонија, но кога би сакала да отидам на друго место и дефинитивно само да го посетам како дестинација ја избирам Кина.

Каде се гледаш за 10 години?

– За 10 години, се гледам тука во Македонија како адвокат во своја адвокатска канцеларија.

Твој совет до сите девојки и момци кои сакаат да станат инфлуенсер…

– Верувајте во себе, давајте го максимумот од себе, без разлика каде и да припаѓате, пронајдете се, не плашете се да бидете свои, затоа што само различни, а свои можеме заедно да изградиме подобро општество во кое ќе уживаме сите!

“Дали жалбите на 8-те нови вработувања во Општина ќе го турнат конкурсот?”

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 лица. Според огласот објавен на веб страната од Агенцијата за администрација отворени се следниве работни места:

Најчудно е тоа што за соверник за спорт се бара Правен факултет…

Помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови за ова работно место: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Правни науки или Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Основната плата изнесува: 32.900,00 денари.

Раководител на одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Основна плата: 29.720,00 денари

Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 26.275,00 денари

Помлад соработник за здравствена, социјална и детска заштита, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Здравствена нега (сестринство) или Социјална работа и социјална политика, со или без работно искуство во струката

Основна плата: 22.035,00 денари

Виш соработник за утврдување на приходи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Основна плата: 24.420,00 денари

Самостоен референт за заштита и спасување, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназиско, економска или правна струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Самостоен референт за локални патишта и улици, Одделение за локални патишта и улици, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (архитектонска, сообраќајна или градежна струка), најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за управување со човечки ресурси

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (економска или дрвнопреработувачка струка), со или без работно искуство во струката

Основна плата: 13.500,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите подетални информации погледнете ги ТУКА

Интервју со Лариз Гајзер во 18 часот на Алфа Телевизија

Вечерва во 18 часот на Алфа Телевизија ќе се емитува интервјуто со новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер“. Тој во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рекет“ и објавуваше видеа за овој случај.

Во интервјуто тој говори зошто не смее да ја посети Македонија, какви материјали поседува и дали ќе ги објави.

Погледнете го неговото интервју вечерва на Алфа.

ГЕЈЗЕР: Франција oдби да ги отвори преговорите со Македонија за да го тypне Заев од власт

Последниот Европски совет беше запаметен по блокадата за влез во ЕУ на Албанија и Македонија. Негативниот исход се должи на Франција, според која, пред се во Македонија има коруптивни случаи (меѓу кои и оние откриени од Ла Верита), доволни за да не почне проширувањето. Од тогаш, како во Брисел, така и во Македонија, Франција се смета како големиот предавник на европските идеали – објави “Инфомакс”.

Францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние е секојдневно под директен напад од страна на телевизиите контролирани од Зоран Заев, а европскиот парламент ги осуди вчера Франција, Данска и Холандија поради тоа што ги блокирале преговорите со двете балкански држави.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Фото: Tpaдиционално укpacна македонска cвaдбa во Прилеп

Непишано правило е автомобилите да бидат украсени со знамиња, па често по улиците можат да се забележат свадбарски поворки со државното знаме, но и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Ѕвездата од Кутлеш е речиси традиционална на секоја семејна прослава во Прилеп и уникатен украс под кој се имаат одиграно безброј ора и се имаат пеено безброј македонски песни.

Нашата чудесна Македонија: Собирач на ѓубре има поголема плата од доктор (ФОТО)

Деновиве проструи информација дека стотици доктори само оваа година ја имаат напуштено Македонија, а последниве неколку години нивниот број достигнува неколку илјади лица. Доколку се уште не ни е јасно зошто потрагата за пристојна плата нашиот медицински кадар ја бара во странство тогаш објавените огласи ни го објаснуваат тоа.

Имено на огласите за работа се вработува собирач на ѓубре за плата од 15 илјади денари, додека докторите се вработуваат за минималец односно за 12 илјади и 550 денари.

Извор: “Курир”

Магија на Горан Пандев: Македонскиот капитен сеуште cтpeла со стил (ВИДЕО)

Горан Пандев со погодок му донесе деби победа на новиот тренер на Џенова, Тијаго Мота. Домашните славеа со 3-1 во рамки на 9.коло во Серија А.

Горан Пандев му врати на својот поранешен играч од Интер за довербата и стави точка на победата од 3-1 против Бреша со својот прв сезонски погодок, што го постигна на мајсторски начин како во најдобрите денови.

После 30 години адвокатура во Австралија гори од желба да се врати во родниот Прилеп

Илија Талески три децении на петтиот континент

– Убавата социјално здрава држава е Австралија, но крие кошмари за дојденците

-Среќа во својата земја

И во пензионерските денови на прилепскиот 68 годишен поранешен адвокат Илија Талески – Палислама, силно бувта огнот на носталгијата за родниот Прилеп. По 30 години низ австралиската јабана, во Мелбурн, кожа не го држи за родната грутка. Тагува со солзи во очите за пријателите, другарите, за градот на својата младост, за сокачињата, кои станале модерни улици, за аромата на тутунот, која пријатно го опива. Иако со последните летови далечината е само 26 часови, иако челадта му е далеку од срцето. Палислама сонува третото доба да го ужива во реновираната куќа в центар. Како неизгаснет пламен му гори желбата за Прилеп. Затоа, кога ќе дојде, останува по неколку месеци дома. Но, како му се ближи денот да одлета од родното гнездо, така маката, како рана го пече и го гори, сé посилно. Душата му се расцепува кога со солзи ,,бега,, од дома за австралискиот “пекол”. Во Прилеп му цвета утробата. Трпението го издава, зашто телото, како сиве овие години, му е од другата страна на океанот, а срцето нераскинливо му чука во ритамот на родната грутка. Го држи надежта дека за скоро време, јаве ќе му станат мечтите да отседне пак низ кафетериите на муабет со своите стари пријатели низ старата чаршија, да брка ќеф, како во младоста, во галежот на звуците на камбаната на градскиот саат и да ужива на страста, свирката на синтисајзерот и неговата голема љубов – џезот.

– Немав потреба да заминам за Австралија во 1988 година. Бев адвокат во Прилеп, но вујко ми беше дојден и ме кандиса низ муабет да бидам адвокат во Австралија. Зашто од таа професија таму се заработувале неброени пари. А и во Прилеп опадна адвокатурата. Првин беше многу тешко. Едвај се навикнав. Туѓа земја, туѓи навики, а овде растен, гледан, еден на мајка, гален со убава адвокатска работа. Западот е немилосрден. Мора да работиш. Најдов државна служба како болничар. Нормално, со претходна обука од шест месеци. Убавата социјално здрава држава со многу привилегии, но зад себе крие кошмари за дојденците, особено за оние кои имале релативно стабилен живот во родната земја – ги пренесува Талески првите моменти од стапнувањето на австралиското тло.

Делел правда на нашинци

И таму не згаснала професионалната ориентација, адвокатурата. Три години учел да ги совлада австралиските закони и да биде адвокат.

– Плаќав да завршам адвокатура. И работев две години кај Делиос Вест Компани, фирма на нашинец од Егејска Македонија. Потоа се префрлив во врховниот суд, каде има четворица судии и се запишав во книгата за баристерите. Судскиот систем е поинаков од нашиот. Се применува т.н. комон лоу, ист за сите земји од Комонвелтот. Многу е тешко да се научи, има многу судски одлуки. Работев како поддршка на адвокатот, кој ги собира доказите, повикува сведоци, собира слики од местото на кривичното дело и од него зависи дали судот ќе го прифати делото или не. Адвокат не бев. За тоа треба да си таму роден, да се знае перфектно англиски јазик. По две години во врховниот суд, сам дома работев за Македонците со помали спорови, комшиски, сообраќајки без тешки последици. Водев само трибуналски спорови, кај нас ги викаат управни спорови, за прекршоци. Трибуналите се брз начин, како медијаторство, без судски трошоци – објаснува Талески.

Така создал два извори на приходи. И државен и приватен, со доста предности.

– Затоа кога идам во Прилеп, седам повеќе време. Имам платен одмор и други надоместоци со државната служба. Животот од прва рака изгледа добар. Социјалата е одлична. Мелбурн беше прогласен за најдобар град за живеење. Но, Прилеп ми е поубав.Тука секој ден е уживање – ги пренесува импресиите Талески.

Подотеран, заличен и поурбан Прилеп

Колку и да е Мелбурн привлечен, сепак кога се качил на Селечка, со пејзажот на Прилеп, никој не ќе успее да го убеди дека има нешто поубаво од родниот град.

– Козјак и планините нагоре, се душата и срцето на човекот кој се родил во Македонија. Тука сме растени, тука се спомените на младоста. Посебно задоволоство ми е кога го слушам градскиот саат како чука. Ме радува заживувањето на околината на саатот. Градов ептен ме бендисува. Подотеран е, личен и урбан. И луѓето се однесуваат на повисоко културно ниво. Гледам радосни лица. Тоа ме расположува. Во својата земја, секој треба да биди среќен. Верувам, убеден сум дека доаѓаат подобри денови, а среќата со пари не се купува, но потребни се за секојдневниот живот – кажува Палислама.

Носталгијата не го пушта од прангите. Не одлучил пензионерките денови да ги минува дома. Се токми засекогаш да ја напушти Австралија. Оти како што пеат птиците дома, никаде не ја знаат таа песна. Неговата мисла за домашната топлина, за зраците на своето сонце, сонцето што изгрева од зад Селечка ја дели и неговата животна сопатничка. Ја дотерува куќата, ги враќаат прачките во прилепското седело, додека нивните две ќерки веројатно ќе останат од другата страна на светот. Но, со длабока прилепска трага со здрави дебели корени, кои никогаш нема да се откорнат.

– Децата го сакаат Прилеп. Се воодушевија кога дојдовме во куќата првпат. Се изненадија. Ми рекоа дека куќата е прва лига, в центар. Старееме и сакаме да имаме база, да се знае темелот. Впрочем, тука ни се роднините, пријателите – вели Талески, додавајќи дека тука е неговиот живот, својот град, најубав на светот.

Уште се грчи Палислама од Австралија. Нозете му се враќаат во Прилеп. Сонува пак да биде дома, да стапне на својата земја. Со душа чека пак да се спушти авионот овде. Засекогаш.

Џезот му е духовна храна

Свирењето на клавијатури му е пасија. Отсекогаш бил страстен заљубеник во музиката. Особено во џезот.

– Тоа и ќе ми остане додека претам. Ме релаксира, ме ослободува џезот. Таа е музика за сентиментални луѓе, за романтични, полни со емоции. Можеби сум се себепронашол што сум запливал во водите на џезот. И таму се надградував. Зедов една година на Ричмонд Џез Академи во класата на пијанистот Дениел Робертсон. Продолжувам на стари години. Се образувам, зашто не може аматерски да се учи. Потребна е теоретска настава. Недоволно е само средно музичко. Основата е едно, а надградбата бара доста труд и џезот да ти лежи на срцето – кажува Палислама, кој открива дека секоја година и во Прилеп ужива во заедничката свирка со пријателите од музичките денови додека го голта кусиот прилепски воздух.

Генеза

Групата Генеза од пред четири децении ја сочинувале Илија Талески – клавијатури и вокал, Зоран Увцески – соло гитара, Душко Велкоски – вокал, Марјан Спиркоски – бас гитара и Владо Талески Лејдио – тапани. Првин свиреле блуз-џез-рок, ју-рок, класичен и психоделичен рок, итало-француски балади. За РТ Скопје снимиле авторски блуз-инструментал и препев на тема од Сантана.

Генеза вежбале во Универзалната сала. Идејата им била да воспостават фестивал за млади таленти. Подоцна, во Генеза членувале и Пецо Смугрески – соло гитара и Трајче Рувчески – Волкот – тапани.

Генеза била чест гостин низ градовите во Македонија. Уште се прераскажуваат свирките во Охрид, каде им се придружил и хармоникашот Ласкало. Тоа било предвестие на балканскиот турбо-фолк.

Извор: “Зенит”