дома блог страница 2984

Ова бил омилениот колач на Јосип Броз Тито, еве како да го подготвите

Животот на Маршалот Јосип Броз Титот се уште е топ тема во регионот. Интересно е што малкумина знаат дека маршалот се опуштал со виски старо 20 години и пушел цигари од Хавана, а кога е храната во прашање, тој не бил многу пребирлив. Според неговиот последен батлер, Јоже Осели, на југословенскиот претседател секогаш му сервирале различно месо, прилози и салати, а тој самиот си го ставал во чинија она што сакал да го јаде во моментот.

Исто така тој имал омилен колач што во некои места во Србија можете и да нарачате токму од Титовиот колач.

Еве како да го подготвите: 4 жолчки, 200 г шеќер, 5 лажици ладно кафе, 100 г мелени ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печив, шлаг од 5 белки.

ЗА ФИЛ 1: 400 мл млеко, 5 лажици брашно, 2 жолчки.

ЗА ФИЛ 2: 230 г путер, 10 лажици шеќер, 100 г растопено чоколадо за готвење, 1 ванилин шеќер (или екстракт).

ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете 100 г шеќер и измиксајте со миксер во цврст снег.

Во жолчките додадете исто така 100 г шеќер и миксајте. Потоа додадете 5 лажици ладно кафе, 100 г ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печиво и смесата од белки.

Мешајте полека со лажица за да остане смесата воздушеста. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути (плех со димензии 32х23х5)

Фил 1: Во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки и гответе со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади.

Фил2: во 230 г путер на собна температура додадете 10 лажици шеќер, 100 г топено чоколадо и 1 ванилин шеќер. Пенасто изматете и спојте го со првиот фил. Врз изладениот колач нанесете го филот и одозгора премачкајте со шлаг пена.

*на крај во останува една белка, таа можете да ја искористите за појадок или нешто друго.

Прилепчанка го развиори македонското знаме во Грција: Прво место за Талија на “Меteora Trail Run”

Талија Петреска од ОК „Златоврв“ го освои првото место на планинската трка во Грција “Meteora Trail Run 2019“ која се органзира по шести пат и на која учествуваа над 500 натпреварувачи од различни земји од светот – oбјави “Радио Пела”.

Meteora Trail Run 2019 е предизвик во трка и за искусни тркачи и за оние кои сакаат да се запознаат со волшебниот свет на трчање. Се трчаа на два различни правци. Патеката на 23 км, која е главната траса на Метеора Траил, патека долга 6 км, посветен на младите тркачи!

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Колачи со пиво – пиварки, едноставно неодоливи

Прво со вино, па потоа со пиво, па одберете што е подобро. Но, едно е сигурно, и едните и другите се вкусни, меки, се топат во уста. Еве за што се работи:

Состојки:

1 кг брашно
2 шолји масло
3 кафени лажици гриз
1 кесичка пециво
450-480 мл. пиво

За фил:

ореви или лешници, шербет, 2 шолји шеќер, 2 шолји вода,

За посипување:

100 гр. кокос

Подготовка:

Од горе наведените состојки, се замесува тесто, а количината на пиво зависи од тоа колку прима брашното кое го користите. Добро преработете го тестото и направете топчиња, а во внатрешноста на секое топче ставете лешник или орев. Печете во премачката тепсија на умерена температура. Додека колачите се печат направете шербет. Испечените колачи откако малку ќе се изладат потопете ги со шербетот. Нека останата така малку, па потоа посипете ги во кокос.

Добар апетит!

Побрзајте: “Огромен интерес за новиот конкурс во Општина Прилеп”

Најчудно е тоа што за соверник за спорт се бара Правен факултет…

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 лица. Според огласот објавен на веб страната од Агенцијата за администрација отворени се следниве работни места:

Најчудно е тоа што за соверник за спорт се бара Правен факултет…

Помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови за ова работно место: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Правни науки или Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Основната плата изнесува: 32.900,00 денари.

Раководител на одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Основна плата: 29.720,00 денари

Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 26.275,00 денари

Помлад соработник за здравствена, социјална и детска заштита, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Здравствена нега (сестринство) или Социјална работа и социјална политика, со или без работно искуство во струката

Основна плата: 22.035,00 денари

Виш соработник за утврдување на приходи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Основна плата: 24.420,00 денари

Самостоен референт за заштита и спасување, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназиско, економска или правна струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Самостоен референт за локални патишта и улици, Одделение за локални патишта и улици, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (архитектонска, сообраќајна или градежна струка), најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за управување со човечки ресурси

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (економска или дрвнопреработувачка струка), со или без работно искуство во струката

Основна плата: 13.500,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите подетални информации погледнете ги ТУКА

ВИДЕО: Скопје во првите пет најзагадени градови во светот

Со денови Македонија е на листата на земји со најзагадени градови во светот.

Откако на првото место овој викенд се најде Куманово, а Скопје на 10-то место, денеска сликата е иста, а Скопје се наоѓа во првите пет најзагадени градови во светот.

-Тони еве ги пак горат нешто, смрди не се дише, а од општина Карпош и Градот со прст не мрдаат- возбудено и изреволтирано ми пренесе Цобе, од кејот во Карпош. Видеата се во прилог, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на Фејсбук, споделувајќи и видеа од загаденоста во Карпош.

Верушевски бара оштета од 71.000 евра

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски бара 71.000 евра отштета во случајот Пуч.

Граѓанскиот суд соопшти дека пресудата за барањето на Верушевски, за државен паричен надомест ќе биде објавена најдоцна до 4 ноември.

Верушевски беше во притвор 344 денови под сомнение за шпионажа и предавство во случајот Пуч, каде осомничен беше и Зоран Заев, но некогашната специјална обвинителка Катица Јанева, го повлече обвинението.

Апел до сите граѓани: Голем пожap се пpиближyва кон манacтиpoт на Тоше Пpoecки над Крушево

“Почитувани, голем пожар се приближува кон манастирот Преображение!! Апел за помош до сите луѓе без разлика на нивната политичка и верска припадност за негово гаснење!! СЕКОЈА ПОМОШ Е ДОБРОДОЈДЕНА !! Голема благодарност до сите членови на УМС Крушево, кои активно се вклучија во синоќешната борба со огнот, голема благодарност и до сите граѓани и служби!! ПРИРОДАТА Е ВО ПРАШАЊЕ, А СО НЕА И НИЕ!! ТАА МОЖЕ БЕЗ НАС, НИЕ БЕЗ НЕА НЕ!!”, информираат на Фејсбук страната од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

(Фото) Бабата која стана мултимилионерка поради една икона

Стара слика е пронајдена во кујната на една баба од Франција. Оваа икона која долго ја чувала сега ја направи мултимилионерка.

Ремек делото е направено од италијанскиот сликар Чимабе од 13 век, а откриено е во почетокот на оваа година. Оваа слика беше конечно продадена по нејзината вистинска вредност, односно 24 милиони евра.

Доминик Ле Кон од аукциската куќа Аксион, кој делото го продал на анонимен купувач во близина на Париз, рекол дека продажбата го сруши светскиот рекорд.

Аукционерот ја видел сликата во јуни додека ја разгледувал куќата на северот од Франција и предложил сликата да биде однесена на проценка од експерти.

Иконата висела на ѕидото измеѓу кујната и дневната соба, а нејзиниот сопствник не ја сметал за важна.

Жената сега ќе го добие поголемиот дел од продажбата, наведува аукциската куќа.

Македонскиот гладиjaтop Даниел Стефановски со нова моќна бopба: Нокayт во втора рунда за Србинот Никола Зориќ

Македонскиот воин – Даниел Стефановски синоќа извојува победа против Никола Зориќ од Србија кој го замени Романецот Флавиус Владеску со нокаут во втората рунда, на настанот „Со борба против насилството“ во Страјкерс лигата во Нови Сад, Србија.

Првично Стефановски требаше да се бори со Владеску, четирикратен првак на Романија во кјокушин карате и вицешампион на Европа.

30 МИНУТИ ПРЕД СРЕДБА МУ OTKАЖАЛ: Рама го извиcи Пендаровски?

Претседателката на парламентарната опозиција во Албанскиот парламент, Рудина Хајдари, во својот говор во парламентот откри дека премиерот Еди Рама ја откажал средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски 30 минути пред да се оддржи.

Пратеничката рече дека ова е грд чин на Албанија со оглед на фактот дека Македонија е сојузник на Албанија.

Рудина Хајдари: „Срамота е што премиерот Рама ја откажа средбата со претседателот на Македонија, тој ја откажа средбата 30 минути пред да се одржи. Тоа е грда постапка на нашата држава. Да се откаже таквата посета на толку високо ниво, особено ако се земе предвид фактот дека Македонија е наш сојузник и оди напред заедно со нас на патот кон ЕУ. Значи, имаме неколку заеднички предизвици. Ова откажување на средбата беше грда претстава “ рече Хајдари, пренесува Ora News.