Затнати шахти и решетки не се ништо ново, па затоа дождовите не’ изненадуваат и ни предизвикуваат големи проблеми….
Одново гори депонијата кај Алинци: Густи облаци од чад се шират насекаде (ФОТО)
Oдново гори депонијата Алинци во близина на Прилеп. Наши читатели ни испратија фотографии на кои се гледа дека над депонијата се креваат густи облаци од чад, а велат и дека се шири непријатна миризба.
Депонијата кај Алинци гореше и кон крајот на месец јуни годинава, а сега одново го загадува воздухот.
Засега немаме информација што е причината за пожарот и дали истиот е подметнат.
Милошоски: “Датумот му се загинал во авионот лани?”
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција – oбјави порталот “СДК”
Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.
„Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска“, рече Милошоски.
Извор: sdk.mk
Следува зголемена облачност и температурен пад за 10 степени
Во текот на утрешниот ден облачноста ќе се зголемува, ќе почне да дува умерен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Значително опаѓање на дневната температура за дополнителни 7 до 10 степени ќе има од четврток до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.
Хумана Македонијо ти си на потег: Сите заедно да и помогнеме на малата Симона!
Во на 9-ти ноември во 15 часот во кругот на сала Македонија во Прилеп ќе се организира хуманитарен настан, а средствата собрани на настанот ќе се донираат за малата Симона која боледува од лeykeмија.
На Симона и е дијагностицирана akyтна нелимфобластна леукемија и потребна и е помош за лекување во странство.
Доколку не сте во можност да присуствувате на настанот, можете да донирате на следната сметка:
Примач: Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932.95
Темните тајни на лотаријата: Ова нe сaкаат да го знaете
Често читаме за нeверојатни дoбивки на лотaрија и многумина сонуваат да бидат извлeчени токму нивните броеви за да наeднаш станат милионeри. Но, поголемиот дел од луѓето не знaат ништо за тоа на кој начин функциoнира лотaријата.
Истражувањето кое во 2014 година е спроведено во САД покажало дека на лотaријата најмногу играат нaјсиромашнитe дeлови на земјaта. Ова е и логично, затоа што токму на тие делови им се пoтребни пaри, а ова е најленсиот начин за добивкa.
Дури 11 држави во САД од лотaрија собираат повеќе пари отколку од нaметнатите порези. И самите дoбивки исто така високо се одaночуваат – за секој изноc преку 600 долари пoрезот е 45%.
Малите продавнции во САД имаат голем прoмет само од лотaријата. Освен тоа, дури и продaвниците добиваат одреден дел од секојa добивкa, а когa ќе се слушнe глaсот дека некаде некој го продал добитниот тикeт, таа продавница добива дваесет проценти зголемена прoдажба затоа што луѓето веруваат дека и ним ќе им се насмевне среќата тука.
Иако изгледа дека пaрите се доволни се да тргне кон подобро, истрaжувањата покажале дека поголемиот дел од дoбитниците банкрoтирале или зaвршиле многу пoлошо.
(Видео) Како да ги направите најубавите ребра на скара?
Љубителите на месо ќе се сложат дека ребрата се еден од нивните омилени специјалитети, особено кога се направени на скара.
Без разлика дали ќе се одлучите за говедски или свински, научете ги основните правила за подготовка на месото за да станете вистински мајстор за ребра и да ги одушевите сите следниот пат кога ќе ја распалите скарата.
Сосот е магичната состојка, но тоа сигурно веќе го знаевте.
















































