дома блог страница 2982

Ќе му забранат да влезе во кладилница: Погодил точен резултат 0:9 со коефициент 150! Ова не му е прв пат

Херојот на викендот е секако навивачот на Лестер, Пол Адлам, од Бурнмаут кој ќе го има најдобриот Божиќ во животот.

Тој дефинитивно има храброст, но и може да направи добра анализа. Додека неговиот тим водел со 3:0 против Саутемптон во петокот, Пол се обложил со 10 фунти на разултат 9:0.

Тој ја напуштил дневната соба и заминал сам да го гледа мечот на другиот спрат од куќата. Сопругата вели дека се прашувала зошто тој толку се радува кога одамна било јасно дека Лестер ќе победи на натпреварот.

Коефициентот бил 150, а заплетот филмски, бидејќи пари му донесе Џејми Варди со погодок од пенал во последните секунди.

Пресреќниот Пол рекол дека сите пари ќе ги потроши заедно со смејството за Божиќ.

Интересно е тоа што ова не е неговата најголема добивка, тој го погодил точниот резултат меѓу Франција и Аргентина на Мундијалот во 2018 година, кога Французите во осмина финалето победија со резултат 4:3.

Преку роаминг орел направил огромна сметка

Рускиот мобилен оператор Мегафон се понуди да му го прости долгот за роаминг што 13 ретки орли го направиле на сметка на истражувачки центар во Сибир. Сумата петкратно го надминува нивниот буџет.

Руските орнитолози ја истражуваат преселбата во заштитените степски орли и го следат нивното движење со помош на податоците кои со околувратник за СМС пораки ги пренесуваат преку мрежите на мобилната телефонија.

Но, тие податоци говорат дека орлите летаат неочекувано далеку, па една женка, по име Мин, летнала од Сибир до Казахстан, а притоа нејзиниот околувратник пет месеци не пратил СМС порака. Кога патувањето продолжило во Иран, кога Мин се вратила во мобилната мрежа, уредт одеднаш пратил стотици високотарифни СМС пораки.

Пораките од СИМ картичката на Мин во Иран чинеле огромни 110 долари дневно.

Сепак, за високата сметка не е само Мин виновна. Другите птици одлетале и до Таџикистан, Туркменистан, Пакистан, а една дури и до Судан, открива Елена Шнајдер, истражувачка од Центарот за диви животни во Новосибирск.

Според „Форбс” истражувачите наместо СМС пораки, можеле едноставно да користат бесплатен ГПС-систем.

Во светот денеска има само 50.000 до 70.000 степски орли, а во само Русија – помалку од 10.000, број што и натаму опаѓа. Од 2015 година, тие се заштитен вид. Се гнездат во јужна Русија и Казахстан, а зимите ги минуваат во потоплите и појужни краишта.

Извор: “netpress.com.mk”

Видео: “Спектакуларен ОТЧЕТ на Градоначалникот за сработеното во овие 24 месеци?”

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска пред новинарите даде отчет за сработеното во 2019 година, но и за планираното во иднина.

Неговото излагање погледнете го во продолжение:

(Видео) Пензионери чувале храна за птици во “Луј Витон” сандак: Сега се побогати за 11.000 долари

Сандак од луксузниот француски бренд “Луј Витон”, стар 150 години, е пронајден кај украински пензионери, кои во него чувале храна за кокошки не знаејќи за големата вредност.

Александар и Александра Сохранич од Мохнач не можеле да претпостават каков историски артефакт чуваат во куќата. Сепак, го сочувале бидејќи со години им служел за чување на различни работи. Се верува дека овој сандак припаѓал на некогашното кралско семејство (не на Боки 13).

Украинските пензионери со години го преместувале сандакот чувајќи во него храна за домашните животни, се додека нивниот роднина не ја проценил вистинската вредност. Тие веднаш го однеле сандакот во локалниот етнографски музеј.

Оригинална македонска свадба во Австралија: Зет и невеста кои ќе уживате да ги гледате (Видео)

Македонски брачен пар во Сиднеј, Австралија кои ќе уживате да ги гледате. Наместо прв свадбен танц на некоја странска балада, овие млади луѓе се одлучиле на својата свадбена прослава да влезат со еден куп тапани и со македонска песна и оро.

Кореографијата понатаму е вистинска уметност и уживање кои можеби ќе ве натераат да го направите истото и за вашите прослави.

Погледнете:

Cocтojбата со пожapoт кај Крушево сеуште aлapмaнтна, секоја помош е добредојдена

Пожарот што трет ден беснее во околината на Крушево и со кој се зафатени нискостеблеста шума и сува трева, повторно, во денешните попладневни часови стана голема опсност за манастирот „Свето Преображение“ над Крушево.

Ангажирани се околу 200 лица од противпожарните единици од Крушево, Прилеп, доброволци, а интервенирале и хеликоптери на Армијата.

На Фејсбук странта •Крушево• информираат дека состојбата е алармантна и дека секоја помош е добредојдена.

Детали за синоќешната cooбpaќajка на патот Градско-Прилеп: Повpeдени 7 лица

На 28.10.2019 во 19.10 часот на регионалниот пат Градско – Прилеп, се случила cooбpaќajнa нe3года помеѓу патничко моторно возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.К.(41) од Прилеп и патничко моторно возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(33) од Битола.

По нe3годата учесниците биле пренeceни во Гpaдcка бoлницa Прилеп, каде кај Ј.Б. биле кoнcтaтиpaни тешки телecни повpeди, додека кај В.К. и сопатниците Ј.П(22) од Д.Хисар, С.М(24) и А.С(32), двајцата од Битола и Б.Б(40)од Прилеп, биле кoнcтaтиpaни телecни повpeди – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Пожapoт од депониjaта кај Прилеп, сега зафати бopoва шyма: На крај од октомври месец Македонија гopи (Видео)

Голем пожар попладнево избувна позади депонијата Алинци во близина на Прилеп. Огнот зафати и дел од отпадот на депонијата, но пожарникарите од територијалната противпожарна единица заедно со екипи од ЈКП Комуналец успеале да го спречат огнот да ја зафати целата депонија.

Моментално гори борова шума позади депонијата, а екипи на ТППЕ и Комуналец се борат со огнената стихија.

За пожарот алармираа вработени во фабриките од технолошко-индустриската развојна зона кои први ги забележале густите облаци од чад.

Ги пpoмаши скалите: Германски министep пaднa од бината диpeктно на лице, ocтана и без свecт (ВИДЕО)

Германскиот министер за економија Питер Алтмаер падна од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд.

Според германските медиуми, по говорот, тој паднал од бината на лице.

Како што покажуваат видеата, Алтмаер ги промашил скалите кога се симнувал од бината. Медиумите наведуваат дека Алтмаер накратко се онесвестил и дека веднаш бил хоспитализиран.

(Видео) Музичка терапија: Докторите со чочек ги лекуваат пациентите

Вистинската терапија – турска музика, гласи краткиот коментар под виралното видео кое се шири на социјалните мрежи.

На видеото може да се види болничка просторија со пациенти, кои покрај редовната терапија примаат и музичка. Заедно со пациентите во ритамот на чочекот играат и медицинските сестри и останатиот медицински персонал.