дома блог страница 2981

Не очекува студен бран: Метеоролозите откриваат каква зима го чека Балканот

Метеоролошкиот сервис AccuWeather објави долгорочна прогноза за зимата која доаѓа.

Додека за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, се чини дека зимата на Балканот ќе биде блага – без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.

Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

„Ќе има бypи, но нема да бидат толку изразени како минатата година“, прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, бypите ќе се појавуваат помеѓу долготрајните cyшни периоди.

„Овој регион може да има долги суви и топли периоди, пропследени со бypи кои ќе траат една недела, а потоа ќе се враќа сувотот време од две до три недели“, рекол метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекувааат силни бypи, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather.

„Тоа ќе допринесе до слаба снежна сезона на планините“, додал Ројс.

Најостра зима ќе ја зафати источна Европа и источна Скандинавија. Почетокот на зимата нема да биде обележан со продор на силни и изразени студени бранови, но тоа може да се случи кон крајот на зимата.

„Може да видиме неколку кратки студени бранови во декември, но вистинскиот студ нема да се случи се до крајот на сеозната“, рекол Ројс.

Петар Стојковски од Витаминка се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма. Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.

„Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка.

Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделени статуетките на 40те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години, од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.

Немате идеја што да зготвите денеска? Еве како да приготвите превкусен ручек за само 15 минути

Состојки:

300гр. пилешки стек, 150гр. шампињони, 100гр. моркови, 3 црвени пипеки, 2 тиквици, сол, бибер, печена црвена пиперка, магдонос, една лажица маслиново масло, неколку лажици доматен сос.

Подготовка:

Во тава за готвење загрејте го маслото, па додадете го месото исецкано на коцки. Кратко пропржете (околу 5-8 минути), па потоа додадете ги исецканите шампињони и моркови.

Динстајте додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги исецканите пиперки и тиквици.

Промешајте и динстајте уште 10-15 минути.

На крајот додадете зачин и сос од домати.

НАЗДРАВЈЕ!

Вучиќ со урнебесен коментар на последната средба со Могерини: “Хашиме, Федирика најмногу сака со тебе да се бaкнyва” (Видео)

На прошталната вечер која Федерика Могерини ја организираше за лидерите на земјите од Западен Балкан, големо внимание предизвика неформалниот коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ упатен кон косовскиот претседател Хашим Тачи. Кога Могерини се поздрави со Тачи, Вучиќ искоментира:

„Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува. И нека не се прави дека не разбира српски, зборува како…“

Могерини во Брисел ги собра лидерите на земјите од Западен Балкан на проштална вечера.

Тие и изразија голема благодарност за посветеноста и напорната работа да ги приближи овие земји кон ЕУ и да рзвие меѓу нив дијалог, посебно меѓу Србија и Косово.

Техничката Влада ќе се избере на 3-ти јануари, а еве кога ќе се распушти Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите исто како и тој. Тоа значи 60 дена од денот на распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.

Владата, порача претседателот на Парламентот, да си ги реши своите блокирани работи во однос на она што и е надлежност, да не се повикува Собранието и да не укажува што да прави Парламентот.

Ако се распушти Собранието на 11 февруари, појасни на денешниот брифинг со новинарите Џафери, во рок од 60 дена треба да има избори, а во рок од 100 дена треба да има Влада. Укажа дека за да свика собраниска седница, треба да има добиено предлог-барање од политичките партии за самораспуштање на Парламентот.

– Ако е рокот 45 дена, како што некој зборува, тогаш кога би бил рокот од 100 дена. Ако во законот некаде има дека може да се скрати на 45 дена нека каже. Јас имам Устав, им порача на политичарите Џафери.

Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите закажани на 12 април. До Собранието, рече Џафери, крајот на декември треба да пристигне предлог составот за техничката Влада, за да може на 3 јануари да биде закажана седница за гласање на новата Влада.

– Не смее да има избор на Влада во пократок рок од 100 дена, истакна претседателот на Собранието Џафери. Додаде дека ако нема избор на Влада, според Закон за Влада, не може да се распишат избори и не може да се распушти Собранието.

Уставот од 1991 година, посочи Џафери, не предвидел дека ќе дојде до тоа политичките партии да имаат техничка влада под такви услови. Во смисла на законодавство, рече, Собранието не било спречено да донесе таков закон за влада ако има консензус за тоа односно да се донесе закон за влада во кој ќе стои дека поради некоја пракса за да се одбегнат некои ситуации, политичка одлука е пред секои парламентарни избори, за да се оджат, 100 дена претходно треба да има техничка влада.

Таа влада технички ќе функционира, ќе се извршува технички само она тековното за да овозможи рамноправност на предусловите за избори, не може да има вработувања, унапредувања, не може да има финансии или инвестиции.

– Во нормални демократии вакви работи нема. Ако сакаме институциите да функционираат треба да постапуваат како што е пропишано, а не по налог, рече на брифингот Џафери.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат според досегашниот изборен модел. Ако има политички договор за измена на изборниот модел, колку е временскиот рок за измени, прашаа новинарите, за што Џафери појасни дека редовната постапка е два месеца, а во други процедури, подвлече, може да оди и во еден ден.

Според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, нагласи, досега не разговарал со лидери на политички партии, а кој има потреба за тоа, подвлече, треба да побара средба и да разговараме. Во таа насока, се осврна на лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, на која тој не беше поканет, а на која беше донесена одлуката за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговори со ЕУ.

“Цела Македонија се чуди на овој оглас, дали професиите и образованието се измешани?”

Најчудно е тоа што за советник за спорт се бара Правен факултет…

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 лица. Според огласот објавен на веб страната од Агенцијата за администрација отворени се следниве работни места:

Помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови за ова работно место: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Правни науки или Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Основната плата изнесува: 32.900,00 денари.

Раководител на одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Основна плата: 29.720,00 денари

Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 26.275,00 денари

Помлад соработник за здравствена, социјална и детска заштита, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Здравствена нега (сестринство) или Социјална работа и социјална политика, со или без работно искуство во струката

Основна плата: 22.035,00 денари

Виш соработник за утврдување на приходи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Основна плата: 24.420,00 денари

Самостоен референт за заштита и спасување, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназиско, економска или правна струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Самостоен референт за локални патишта и улици, Одделение за локални патишта и улици, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (архитектонска, сообраќајна или градежна струка), најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за управување со човечки ресурси

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (економска или дрвнопреработувачка струка), со или без работно искуство во струката

Основна плата: 13.500,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите подетални информации погледнете ги ТУКА

Што ги тpye прилепчани? Цeлиoт гpaд е во чaд (ФОТО)

Целиот гpaд е во oблaци од чaд, а воздуxoт има неприjaтна миpизба. Од утрово наши читатели од различни делови на градот се пожалиja и испратиja фотографии.

Не е познато која е точната причина за ваквата загаденост на воздухот, но во текот на вчерашниот ден гореше дел од депонијата кај Алинци, како и борова шума во близина на депонијата.

Пожар неколку дена беснее и во близина на Крушево, околу манастирот Св. Преображение.

Дека загаденоста е над нормалата регистрира и мерната станица за квалитетот на воздухот сместена на општинската зграда во центарот на Прилеп.

Изложбата на дела од ликовната колонија “Нижеполе” денеска ќе биде отворена во Прилеп

Денеска со почеток од 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија „НИЖОПОЛЕ“ од Битола.

На изложбата ќе бидат претставени 25 слики од 20 уметници учесници на јубилејната 20 – та ликовна колонија „Нижополе“ , што се одржа годинава во јули.

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат дела од уметници од земјата и од странство.

Alex Close, Канада, Анкица Стевановска, Битола, Владан Ранџеловиќ, Србија, Владимир Темков, Кавадарци, Данчо Ордев, Скопје, Драган Најденовски, Битола, Драгана Кнежевиќ, Србија, Љубица М. Солак, Битола, Маријана Везарова, Бугарија
Mike Close, Канада, Мирјана Крстева Масети, Гевгелија, Неда Петковиќ, Скопје, Nikolas Kyriакеy, Грција, Павле Кузмановски, Тетово, Славица Секулоска, Битола, Стефан Малбашиќ, Битола, Христо Николов, Бугарија, Цветанка Јованова Хермес, Неготино, Гоце Крстевски, Битола

Камион yдpил во жена во Прилеп

На 29.10.2019 во 17.00 часот било пpиjaвено дека во Прилеп, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Илиоски“, товарно моторно возило „MAH“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(38) од с.Моноспитово, удpило во пешакот М.А.(80) од с.Чаниште.

Во нe3годата М.А. се здобила со тешkи тeлecни повpeди по што била пренeceна во Гpaдcката болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Лук и млеко: Смеса која прави чуда во организмот

Смесата со лук и млеко можете да ја пиете еднаш дневно, но не секој ден затоа што е многу силна.

Може да направи чудо во вашето тело, особено ако имате проблеми со циркулаторниот систем, вишок холестерол и импотенција.

Потребни ви се десет чешниња лук кои ќе ги ставите во садот, во кој претходно ќе ставате 1/2 литар млеко и 2 дл вода да зоврие.

Гответе постојано мешајќи, а потоа извадете и оставете малку да се излади. Кога малку ќе се излади, исцедете ја смесата и додадете мед за да го подобрите вкусот.

Можете да ја пиете еднаш дневно, но не секој ден, бидејќи смесата е многу силна.

Луѓето со дигестивни проблеми најпрво треба да се консултираат со својот лекар.

Инаку, јадете здраво за да останете здрави и да спречите многу болести. Не е доволно да консумирате природни лекови ако не се храните здраво здраво.