дома блог страница 2980

А вие велите мојата работа е најтешка? (Видео)

Видео од двајца работници кои на огромна височина размонтираат градежно скеле…

Дали после ова ќе се пожалите од вашата работа и работни обврски?

Фото: “Датум не, ама Прилеп доби нова двојазична табла”

Нова институција во Прилеп доби двојазична табла на влезната врата. После Фондот за здравство и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, денеска и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа доби нова табла на Македонски и Албански јазик.

A eве како изгледаат и двојазичните табли на другите две институции:

Majка со две деца го молеше Бејл за автограм, а тој не ги ни погледна (ВИДЕО)

Герет Бејл се врати од Лондон во Мадрид, а на аеродромот го дочекаа бројни новинарски екипи.

Бејл покрај новинарите помина без да даде изјава, но со еден гест додатно ги налути фановите.

Имено, Велшанецот воошто не им обрна внимание на мајка со две деца кои го молеа за автограм…Погледнете!

Toрта за која сите зборуваат: Едноставно мора да ја испробате

Состојки:

1 литар млеко

2 пудинзи од ванила

250 гр. шеќер

3 ванилини шеќери

1 чоколадо за готвење

200 гр. мелени лешници

200 гр. кокос

200 гр. мелен кекс,

1 пакување бисквити

2 пакувања шлаг пена, и

250 гр. маргарин

Припрема:

Пудингот разматете го со малку млеко, а останатото млеко ставете го со шеќерот на оган да се повари, а потоа додадете го разматениот шлаг. Гответе дури смесата не се згусне. Кога филот ќе се олади додадете ги ванилиниот шеќер и маргаринот, па поделете ја смесата на 3 еднакви дела. Во првиот дел од смесата додадете растопено чоколадо и додадете ги лешниците, во вториот дел додадете го кокосот, а во третиот мелениот кекс. Составете, еден ред бисквити, па филот со чоколадото и лешниците, ред бисквити, па филот со кексот, ред бисквити, па филот со кокос, ред бисквити, па шлаг.

(ФОТО) Cпyштaњe со глaвaтa надoлy по нajвисоката згpaда во Прилеп

На Фејсбук страната од Спелеолошки клуб “Златоврв” објавени се фотографии од тренинг на членовите на клубот кои се спуштиле од највисоката зграда во Прилеп, познатата 13-катница.

Секоја чест за храброста на овие дечки!

Сите фотографии од овој луд потфат можете да ги погледнете ТУКА

ВИДЕО: Еве кои се добитници на третоноемвриските награди за 2019 година

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, на денешната прес конференција ги соопшти имињата на наградените, по повод 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградата за животно дело „Златна плакета“, му се доделува на Ѓорѓи Гешоски, за достигнувања и афирмација на атлетиката и развој на спортот.

Покрај наградата за животно дело, Комисијата додели и 5 плакети и 9 дипломи.

Со Третоноемвриски плакети се наградени „Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот, „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство, театар „Чин 4 Сцена 5“ за придонес во развојот на театарската уметност, „Клуб на литературни творци“ за достигнувања од областа на литературно творештво и џудо клубот ,,Пролетер’’, за достигнувања од областа на спортот.

Добитници на третоноемвриски дипломи се Злате Шуплиноски за достигнувања од областа на медицината, Гордана Цветаноска за достигнувања од областа на новинарството, Сашо Јандрески за млад иноватор од областа на медицината, Озган Сулејманоски за достигнувања од областа на музиката, Драгослав Миноски за достигнувања од областа на образованието, Билјана Јуруковски за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп, Борјан Јованоски за достигнувања и афирмација од областа на спортот и Филип Димкоски за афирмација на македонскиот јазик и образованието. Постхумно, диплома за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, му беше доделена на Александар Дворчанец – Сале.

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Тони Камчески, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3.Ноември“, пристигнале 30 апликации, а сите награди биле доделени едногласно.

На годинешните лауреати, наградите ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која ќе се одржи во недела, 3. ноември со почеток во 19.00 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“.

И тоа се случува во Македонија: Пожap на пругата Прилеп-Битола

На 29.10.2019 околу 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на пругата Прилеп – Битола, во близина на стојалиштето „Новоселани“ битолско, при што биле опожарени прагови од пругата.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола и од вработени во Македонски железници – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Важно да се знае: Дали е можно претepaно внecување на овошје да биде штетно?

Сите знаеме дека е здраво да се јаде едно јаболко на ден. Но што е со две, три, четири, пет, десет? Може ли премногу овошје да биде нездраво?

„Дефинитивно може“, одговара германскиот лекар Карстен Лекутат. Овошјето содржи фруктоза, затоа и е толку вкусно и слатко. „Фруктозата е конечно сепак шеќер, со ситепроблеми кои произлегуваат од премногу шеќер“, вели тој.

Едно јаболко ве прави здрав, три често резултираат со масен црн дроб, објаснува.

Кога црниот дроб ќе се замасти, повеќето претпоставуваат дека е тоа поради алкохол. Всушност, вели Лекутат, во 20 до 30 отсто случаитоа нема врска со алкохол, туку е последица од прмногу фруктоза. Значи, треба да се јаде само зеленчук?

Не, одговара Лекутат. „Би бил среќен кога многу од моите пациенти би јаделе повеќе овошје затоа што луѓето, генерално, јадат премалку. Новреди да се размисли кој вид на овошје го јадемеи која количина затоа што не е сето овошје еднакво богато со шеќер.

„Бананите, јаболката, сливите имаат многу повеќе шеќер одпортокалите или шумското овошје“, објаснува нутрицинистката Антје Гахл. Таа препорачува пет порции овошје и зеленчук на ден. Притоа, зеленчукот има приоритет.

Например, две парчиња овошје, три зеленчук. Не е неважно ниту како се консумира овошјето. „Свежото овошје е подобро од процесуираното“, напоменува Лекутат и додава дека во сокот од овошје има повисоки концентрации и побрзо доспева во крвотокот, поради што д-р Лекутат не е оборник за сок од портокалнаутро.

Многу стручњаци не се воодушевени ниту со смудито. „Когаќе ги погледнете сите состојки, веројатно не би изеле толкава количина овошје во еден обрк. Но во течен облик тоа ќе се случи многу брзо“, вели Гахл. Дали тоа значи дека треба да се откажете од сок од портокал наутро или од смуди за појадок?

Одговорот е повторно – не. Со други зборови консумирањето на овошје треба да се прилагоди кон животниот стил. Кој сака да го почне денот со сок од портокал, мораи да вежба за да го потроши внесениот шеќер.

Уште едно понижување: “Во Германија се продава “Северномакедонско” вино од Македонија”

Македонски активист објавува амбалажа за македонско вино кое се продава во Германија.

На етикетата е напишано дека се работи за вино од видот “Розе” од “Република Северна Македонија” од 2018 година.

На амбалажата нема ознаки за компанијата што го произведува виното кое е македонско но ако фразата се толкува како придавка е означено како “Nordmazedonien” или Северномакедонско.

На графиката од етикетата е поставено и стилизирани сонце од Кутлеш или Вергина како што го означуваат во Грција.

Според правилата на германскиот јазик и други северно-европски јазици зборовите северна и Македонија се претвараат во еден збор што значи Северномакедонски.

Македонската влада пред и по потпишување на Преспанскиот договор тврдеше дека со промена на името нема да се промени придавката Македонски/а/о без притоа да ги анализира спецификите на европските и светските јазици.

(Видео) Кака не го доживеал ова во цела кариера: Убава судијка му даде жолт картон без причина, па побара да направи селфи со него

Бразилскиот фудбалер се најде во несекојдневна ситуација. Презгодна судијка му даде жолт картон без причина, па направи селфи со него.

Секако, сцена која не ја доживеал во целата кариера.

Иако во прв момент беше изненаден, кога сфати дека станува збор за шега, слатко се насмеа: