дома блог страница 2974

Борисов: “Замислете јас да му пуштам некој шпиyн на Путин да му врбува луѓе”

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја никогаш не била заложник на притисоци кога е во прашање протерувањето на руските дипломати.

Тој тоа го истакна поради информациите дека бугарските власти протерале еден руски дипломат поради сомнеж дека се занимавал со шпиунажа.

“Претседателот Путин ме знае многу добро, тој исто така знае дека јас не сум подложен на притисоци. Koга на сите им наредуваа да протеруваат дипломати, јас тоа не го направив”, вели Борисов и додава:

“Меѓутоа, сега фативме еден дипломат кој се занимава со шпиунажа и моментално решив да ја средам работата. Замислете јас да испратам некој свој човек кој во внатрешноста на администрацијата на Путин би врбувал луѓе, протерувањето би било најблагото нешто што би се случило”, вели Борисов.

Потсетуваме дека, амбасадата на Русија во Бугарија доби нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија со која вработен во амбасадата се прогласува за “персона нон грата”, а дипломатот ќе ја напушти земјата.

Постојат голем број рецепти за приготвување на пилешки крилца, но овој е едноставно совршен

Состојки:

1 кг. пилешки крилца, 1 лажичка црвена пипер, 1 лажичка доматно пире, малку вода, масло, сол и бибер.

Начин на подготовка:

Пилешките крилца посолете ги со сол и бибер.

Доматното пире помешајте го со малку вода, па прелиете ги пилешките крилца.

Посипете со црвен пипер и масло, па добро промешајте.

Наредете ги крилцата во тепсија и печете во рерна на 200 степени, 30 минути.

Подгответе се навреме за да не платите казна: Од 15-ти ноември стартува законската обврска

На 15. ноември почнува да важи законската обврска за зимска опрема во возилата.

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Полицискиот службеник може ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) од член 136 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Хрватска нутриционистка објасни зошто се дебелееме – откри кои намирници се штетни

Нутриционистката од реалното шоу „Живот на вага“, Мартина Линариќ им објаснила на натпреварувачите кои се правилата ако сакаат да ослабат и зошто воопшто се доаѓа до дебелина и влошување на здравјето.

На кандидатите им одржала предавање за штетноста на шеќерот и солта и им објаснила колку ги има во намирниците.

Објаснила дека дневното ограничување на шеќер за мажи е 36 грама, односно 7 коцки, а оваа количина ја препорачува и Светската здравствена организација.

За жените се препорачани 5 коцки, односно 24 грама.

Во две лажици кечап, кој сите го конзумираме, има 8 грама шеќер, што е скоро 2 коцки.

Мартина исто така му нагласила на натпреварувачот кој пиел 6 литри газирани сокови дека со тоа внесувал 690 грама шеќер, а тоа е цела тегла.

Што се однесува до солта, Светската здравствена организација препорачува внесувањето да биде околу 5 грама дневно за здрава личност. Се над оваа количина е подлога за развој на кардиоваскуларни болести.

-Солта може да се замени со куркума, рузмарин, ловоров лист, магдонос и други зачини – препорачува нутриционистката.

Емисијата која заслужува Оскар: Момчето од Струмица доби целосна трансформација! Секоја чест! (ФОТО)

Приказната за младото момче Дејан Младенов од Струмица вечерва во 22.30 ќе го добие својот среќен крај.

Дејан во емисијата “Вип на еден ден” ја сподели својата несреќна судбина и изрази желба за враќање на насмевката на својот лик.

Дејан низ својата исповед раскажа потресни детали од неговиот живот, но и ја покажа својата позитивна страна и борбата за живот и непредавање.

Одземен од родителите поради семејно нacилство, израснат во дом, во постојана потрага по среќа и радост. Дејан доживеа неверојатна трансформација и изненадување кој се паметат цел живот.

Во пресрет на емисијата која вечерва ќе се емитува на “24 TВ”, на Фејсбук страната од емисијата објавени се фотографии од трансформацијата на Дејан.

Поскапува легализацијата на дивоградбите: 1 евро за квадрат станува 100 евра за квадрат

Легализацијата на дивоградбите со новиот закон нема да биде едно евро од квадрат, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по поставувањето на првиот столб од далноводот од Штип кон Пробиштип.

Тој во вторник ќе ја презентира информацијата и потребата од носење нов закон за легализација на дивоградбите.

-Комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти, што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој закон, за да немаме дилеми апсолутно дека ќе се случува таму нешто и понатаму. Лицата со социјален ризик се опафтени во тој дел, каналските канализации. Меѓутоа добро е прво да помине информацијата на Влада и предлог-законот да го доставиме и потоа ќе бидете целосно информирани, изјави Сугарески.

Законот е правен заедно со општините и ЗЕЛС, а целта е да се решат објектите кои во моментов не можат да се легализираат, согласно постојниот закон.

Прашан како тоа ќе влијае врз граѓаните и фирмите кои градат легално, Сугарески објасни дека оние што граделе нелегално ќе си платат казни и комуналии.

-Ќе го земам за пример Штип каде во моментов можеби има 4.000 дивоградби или не знам, еден куп низ државата. Ние мора да ги решиме, тие мора да имаат правен статус, рече Сугарески.

Премиерот Заев дополни дека по разговорите со ЗЕЛС е многу важно што треба да се легализираат објектите кои не биле опфатени со закон, зашто другата опција е да се уриваат.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ ќе го добие старо-новиот уникатен изглед

Се враќа првобитната, уникатна фасада на познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ или попозната како Стара црква. На надворешноста од црквата, која е заштитен споменик на културата, се вади слојот малтер и се откриваат керамичките блокови комбинирани во градбата со камен, уникатни во земјава што е првобитниот изглед на Црквата кога се градела пред 181 година.

Според отец Илчо Смилески, старешина на црквата, парите, во вредност од околу 35.000 евра се обезбедени преку Преспанско-Пелагониската епархија, работите се во тек и ќе се интервенира додека дозволуваат временските прилики.

– Црквата, оригинално, кога е градена во 1838 година е издигната со камен и посебни, керамички блокови, специјално изработени за црквата, а речиси не се среќаваат кај другите цркви во земјава. Не се знае зошто надворешноста била прекриена со слој од малтер пред околу 90 години, но сега се враќа првобитниот надворешен уникатен изглед. Ангажирани се фирми од Прилеп. Едната, „9 март монт“ е за надворешното обликување, а фирмата „Караорман“ ќе се погрижи за осветлувањето, објаснува отец Смилески.

Од прилепскиот „Завод и музеј“ ги потврдуваат зафатите и нагласуваат дека специфичните керамички блокови, специјално направени за изградбата на црквата се ретка техника.

– Керамичките блокови кои ги направиле за изградбата на црквата се особени и не се среќаваат на тлото на земјава. Тоа ѝ дава уникатност на Црквата која има посебно значење за Прилеп и за прилепчани, изјави Благоја Атанасоски, директор на „Завод и музеј Прилеп“.

Црквата „Свето Благовештение“ е најпознатата во Прилеп и има своја историја. За нејзина изградба инсистирал прилепскиот еснаф и прилепчанецот Хаџи Ристо Логотед морал да патува во тогашен Цариград за да добијат посебно одобрение-ферман од Султанот за изградбата на црквата.

Инаку, во црквбата пред повеќе од 15 години беа пронајдени книжни икони кои на изложба беа претставени во Њујорк. Храмот го поседува и бесценетиот Иконостас, најголем во земјава и трет по значење што го изработила тајфата на зографот Петре Гарката. На Иконостасот прилепскиот и битолскиот Завод и музеј ќе го почнат процесот на анализа за зачувување и конзервација на Иконостасот кој преку 20 години е оставен на забот на времето и постои опасност да биде уништен.

Приказната за Дејан од Струмица, кој бил одземен од родителите, вечерва ќе добие среќен крај

Приказната за младото момче Дејан Младенов од Струмица вечерва во 22.30 ќе го добие својот среќен крај.

Дејан во емисијата Вип на еден ден ја сподели својата несреќна судбина и изрази желба за враќање на насмевката на својот лик.

Дејан низ својата исповед раскажа потресни детали од неговиот живот, но и ја покажа својата позитивна страна и борбата за живот и непредавање.
Одземен од родителите заради семејно насилство, израснат во дом, во постојана потрага по среќа и радост. Дејан доживеа неверојатна трансформација и изненадување кој се паметат цел живот.

Видео: “Синоќа “течеле пари” по главна улица во Прилеп?”

Наш читател ни испрати видео од синоќа, снимено пред зграда “Македонија” во Прилеп. Хидрантот пред зградата бил во дефект, па голема количина вода течела по булеварот.

Дефекти се случуваат и се поправаат, но ако се има во предвид дека водата во Прилеп е изгор скапа, а неодамна градот се соочи и со недостиг на вода, тогаш што помалку вакви дефекти толку подобро.

За цената на сметките за вода на прилепчани пишувавме и порано, а повеќе можете да погледнете во линкот во продолжение:

“Повисоки сметки за вода од оние за струја плаќаат прилепчани??”

Симболиката во насловот “течеле пари” кажува доволно после ова….

Детална временска прогноза: Од понеделник промена на времето

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно време со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Викендов ќе преовладува претежно облачно време и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.