Келнерка од американската сојузна држава Мисури, наместо бакшиш добила ливче од „Пауербол“ лотаријата, па добила 50.000 долари.
Тејлор Раси од О’Фалон раскажува дека лозот го добила од редовен гостин во кафулето каде што таа работи. Тој често им подарувал лоз кога нема ситно за бакшиш.
– Тоа е симпатично од негова страна, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“.
Среќната добитничка од своите надредени ја дознала веста дека добитниот лоз е уплатен во околината.
– Но, нема да ја нaпуштам работата поради ова, оти не ми доволно за до крајот на животот. Сѐ уште морам да работам, истакна О’Фалон.
Руската вojcка денес го слави Денот на вoeните извидници, соопшти руското министерство за одбрана.
“За храброст и јунаштвопокажано за време на извршувањето на задачите, повеќе од 700 офицери во вoeно извидничката служба добиле титула херој на Советски Сојуз и херој на Руската Федерација”, пишува во соопштението на министерството.
Голема тепачка изби помеѓу две семејства на свадба во Индија на 28 октомври.
Насилството настанало после погрешно нарачана песна на самата свадба која се одржала во селото Кодад.
Свадбарите, најнормално си ги почнале адетите, кога во еден момент семејството на невестата започнало да нарачува песни, а сето тоа почнало многу да ги провоцира сватовите, па набрзо започнале и навредите меѓу нив, а за кратко време настанало вистински хаос кога сите фатија да се тепаат меѓу себе па дури и возрасните жени.
Полицијата го истражува инцидентот, а не се знае дали бракот се уште важи.
Компанијата „Фејсбук“ тестира криптирани аудио и видео повици преку опцијата Secret Conversations во апликацијата месинџер, пренесуваат американски портали специјализирани за технологија.
Наводно, аудио и видео повиците направени преку опцијата за тајни разговори ќе бидат „шифрирани од почеток до крај на сите ваши активни мобилни уреди“.
„Фејсбук“ ги воведе тајните разговори како експериментална функција за месинџер во 2016 година, овозможувајќи им на корисниците да испраќаат „end-to-end“ шифрирани пораки, а се чини дека наскоро треба да биде овозможено криптирање и на аудио и видео повици.
Сепак, со оглед на тоа што оваа функција во моментов е во фаза на тестирање, може да мине извесно време пред навистина да можете да остварите аудио или видео повици на побезбеден начин.
Фејсбук инаку на почетокот од годинава објави дека планира да воведе „end-to-end“ енкрипција на сите свои популарни апликации за размена на пораки, како дел од пристапот за поголема приватност на корисниците.
Ова значи дека комуникацијата меѓу корисниците, без разлика дали се работи за двајца или повеќе, е заштитена со посебни кодови достапни само на уредите од корисниците. Целата комуникација е недостапна за било кој друг, а тоа важи и дури и за компанијата која ја овозможува услугата
Илјадници луѓе во Чиле протестираа на улиците барајќи подобри социјални услуги, но за време на протестот се случи силен земјотрес од 6,3 степени.
На видеото се гледа како околните згради се тресат додека демонстрантите протестираат среде улица, а во еден момент панично се вознемируваат од земјотресот.
Протестот инаку помина мирно, но некои демонстранти фрлаа камења во судир со полицијата.
Жители на Мариово изутрината од 8 до 10 часот го блокираа патот од излезот на Прилеп за Мариово барајќи да се обнови регионалниот пат до Витолиште кој, како што велат, е во катастрофална состојба и не е безбеден.
Од Иницијативниот одбор тврдат дека досега се обраќале со писма до сите надлежни институции, но немало никаква реакција на нивните барања за реконструкција на патот до оваа голема област која се граничи со Грција. Барат средба со локалните власти и одговор од институциите за итно преземање мерки за реконструкција на патот.
Тренчо Димитриоски од Иницијативниот одбор изјави дека е крајно време да се преземат мерки зашто патот е опасен за сите кои се уште живеат во Мариово, за туристите кои сакаат да го посетат и истовремено е нефункционален за стопанствениците со фирми во тој дел.
– Овој протест дојде по долги консултации со населението и со сите кои работат и стопанисуваат во Мариово. По неколку години со писмени и усни обраќања до сите институции во градот и во државава и со повици дека патот за Мариово е во премногу лоша, па и критична состојба, решивме да протестираме. Единствен е пат кој дава пристап до прилепско Мариово и каков што е сега, Мариово е отсечено. Навредливо е што дел од надлежните велат зошто е пат, кога таму нема жители. Во Мариово има луѓе кои живеат, околу 200 жители, има стопанственици, а доаѓаат и туристи и се интересираат за Мариово. Има сточари и стопанственици кои придонесуваат за државата. Има најмалку пет рудници. Каков туризам ќе развиваме кога нема пристапен пат? Има велосипедски трки и трки со мотори низ Мариово, ама имаше и критични случаи, а патот има земено жртви. Имаше три случаи на тешко повредени, изјави Димитриоски.
Испратени се писма, како што информира, до премиерот, до министерствата за транспорт и врски и до финансии, до пратениците, до локалната самоуправа на Прилеп. – Проблемот треба итно да се решава. Проблемот со патот мора да се реши. Од Прилеп до Витолиште е во должина од 53 километри, а најкритични се 10-ина километри од селото Штавица до Липов дол. Треба најитно да се санира, да се реконструира, рече Димитриоски.
Митре Грнчески од село Врпско вели до патувањето им е отежнато.
-Јас сум жител на селото Врбско, 13 километри по Витолиште. Патот е каменест, сами го поправавме и се оди само со џип. Тажно беше кога син ми прв стигна до Белград, а јас подоцна до Врпско. Во зима е уште покритично, ова и другите села се отсечени, објаснува Грнчески.
Во прилепско Мариово има 13 села со околу 200 жители.
На 04.11.2019 во 08.50 часот на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Алданци, крушевско, и патничко моторно возило „тико“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(67) од с.Кривогаштани, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобила сопатничка од возилото „тико“, Љ.Б.(64) од с.Кривогаштани и била пренесена во Медицинскиот центар Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Крушево.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски се огласи на социјалните мрежи по признанието на претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски кој истакна дека трасата на патот Кичево- Охрид не била промашена.
-ПУ ПУ НЕ ВАЖИ !!! Се што говоревте испадна дека е лага…… Не сте вие на прав пат туку вас ви е утната трасата.., пишува Мисајловски на Фејсбук.
Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала облачност, поголема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец југоисточен правец.
И за утре временската прогноза е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 15, Охрид 20, Битола и Крива Паланка 21, Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24.