дома блог страница 2961

(Видео) Под мразот ја пронајдоа тајната нацистичка станица: На ова место се барало богатство, а мисијата била прекината поради тpyeње со храна

Метеоролошката станица на Александровиот остров во Арктичкиот круг била локацијата на тајната нацистичка научна станица, од која научниците се вратиле назад во 1944 година, поради труење со храна (месо од поларна мечка).

Тогаш наводно биле спасени со подморница. Приказната е толку бизарна што се мислело дека е лага и мит од времето на вojната. Меѓутоа, по 72 години, руски истражувачи го пронашле местото на изгубената метеоролошка станица.

(Видео) Поздрав од Марс! Црвено небо и портокалова магла во Австралија, а ова е причината

Пожapите кои се шират во Австралија веќе одзедоа два животи, а пет луѓе се водат за исчезнати, додека најмалку 150 куќи беа проголтани од пламенот.

И додека жителите на Нов Јужен Велс стравуваат за своите животи и домови, дополнително ги загрижи и глетката која ги дочека вчера.

Имено, апокалиптична сцена со целосно црвено небо и портокалова магла ги преплашија Австралијанците, а станува збор за природен феномен кој се појавува кога има големи пожapи во комбинација со сув воздух.

Полициjaта пpиведе 26-годишен прилепчанец

На 08.11.2019 во 16.00 часот, полициckи слyжбеници од Полициckaта станица Прилеп на ул.„Дебарца“ во Прилеп го пpивeлe Џ.А.(26) од Прилеп, поради тоа што при пpeглед кај него била пронajдена мapиxyaна.

По целосно документиpaње на cлyчajoт, пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат во полицискиот билтен на МВР.

“Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!”

-Прво и единствено барање, што сами сме си го поствиле пред себе, ама не во 2014та, туку секогаш: “Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!” Да живее организацијата!, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

-Да прифатиш партиска понуда за пратеничка кандидатура значи, пред се’, да ја почитуваш изборната програма, врз основа на која гласачите би ти ја дале довербата и честа да бидеш народен пратеник. Но најбитно, а во однос на националните прашања, е да ја почитуваш волјата на народот, изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но гласачите најдобро знаат кој ја оправдал нивната доверба, а кој ја продал нивната волја за грст сребреници, напиша на Фејсбук, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Големо разочарување за фановите: Само што започна да се снима, популарната серија прекината

По прикажани само шест епизоди од продолжението на популарната тинејџерска серија од 90-тите, „Беверли Хилс 90201“, „Фокс“ објави дека ќе заврши со снимањето после една сезона.

Фановите на серијата беа возбудени од враќањето на нивните хероите на малите екрани, откажувањето на новите сезони најмногу го растажи актерите кои се вратија во полн состав.

Сепак, рејтингот на серијата не беше задоволителен, па телевизијата го откажа понатамошното снимање.

Во Прилеп се одржа Државно првенство во пинг-понг за основните училишта

Во организација на Федерацијата за училишни спортови – Сојуз на училишни спортови на Прилеп, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општина Прилеп, денеска во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп се одржа Државното првенство во пинг-понг за ученици во основните училишта.

На првенството учество зедоа 60 натпреварувачи од основните училишта од нашата држава. Очекувано, најголем успех имаа играчите кои активно тренираат во некој од клубовите кои учествуваат на Државното првенството. Меѓу учесниците, свои претставници имаше и прилепскиот пинг-понгарски клуб „Младост 96“.

“Мало сутра” ќе добиете одговор за ова?

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова на последната прес конференција го истакна Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

За сега нема одговор од Општина Прилеп на изнесените прашања од страна на советничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Уникатната изложба “Фрагменти” на скулпторот Жарко Башески синоќа отворена во Прилеп (ФОТО)

Синоќа ( 8.11.2019) во ликовната галерија беше отворена изложбата „Фрагменти“ од македонскиот скулптор Жарко Башески, нашиот сограѓанин кој живее и работи во Скопје.

Изложбата предизвика голем интерес, па ликовната галерија беше преполна со посетители кои сакаа да ги видат скулптурите на Башески, изработени од полиестер, силикон, текстил.

Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, која посочи дека творештвото на Жарко Башески е претставено преку бројни самостојни и групни изложби низ земјата и во светот. Неговата изложба „Фрагменти“ содржи дела создавани во различни периоди.

-Во сопственото творештво авторот обработува теми кои се однесуваат на севкупното постоење, природата на битието, општите и фундаментални својства на есенцијата или суштината на животот и апсурдноста, односно безнадежноста како универзална човекова состојба. Користејќи се со материјали како стаклена волна, силикон, полистер, акрилик, природни влакна и текстил, конструира минијатури, скулптури со човечки размер и хипер реалистични фигури. Преку веродостојната и експресивна моќност на реалистичната претстава, односно нераскинливата врска меѓу физичкиот стимул и психичката состојба на фигурата, Башески ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор. Управувајќи со фигурата, како авторот во куклена претстава, Башески ја режира и ја поставува сцената, вовлекувајќи го посетителот во прецизна, директна и активна интеракција со реанимираната фигура, при што, секој поединечно, фигурата и посетителот, ја изведува и артикулира сопствената улога – посочи на отворањето на изложбата Димеска, додавајќи дека современиот човек се соочува со неможноста за идентификување или сплотување со сопствената автентична природа.

Нашите сограѓани изложбата ќе можат да ја посетат во наредните три недели.

Репрезентативците во крос кантри трчаат за Македонија, а не за “Северна” (Фото)

Репрезентацијата на Македонија на претстојната Балканијада во крос ја „признава“ само Македонија, без „Северна“, на што наведува заедничката фотографија од Црна Гора, каде што утре ќе настапи на Балканијадата во Беране.

„На покана на Балканската атлетска дедерација за претстојното Балканско првенство во крос кантри, Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со 5 атлетичари. Денес нашата репрезентација предводена од тренерот Божурка Ѓошевска и од официјалното лице Игор Јакимовски, а во состав: Дарио Ивановски, Кристијан Стојани, Маја Рајчина, Рената Соколовска и младинецот Мартин Милошевски, пристигна во Беран, Црна Гора , каде ги завршија своите последни подготовки за утрешните трки“, соопшти АФМ на својата страница на Фејсбук покрај фотографијата со покриена „Северна“ на таблата со името на државата Македонија.

ЗAБOРAВИЛ ДА И3БEГA: Кpaдeц се oпијaнил дoдeкa кpaдeл

Некои кpиминaлци се фaтeни затоа што се враќаат на местото на злocтoрcтвoтo, но некои никогаш не заминуваат, откри швајцарската полиција која решила крaж6a на 31 скапо шише вино и шампањ.

Полицајците биле повикани во станбена зграда во Менцинген во близина на Цирих за да испитаат влез во подрумот, објави локалната полиција во средата.

Откриле не само дека осомничениот укpaл шишиња во вредност од 2.000 швајцарски франци, вклучително и неколку шишиња на реномираниот француски производител „Chateau Mouton Rothschild“ и шампањ „Dom Perignon“, туку и дека дел од пленот испил на самото место во текот на следните неколку дена.

Уaпceниoт маж кој ја минал ноќта додека спиел во гаражата на станбениот комплекс бил уaпcен од полицијата на местото на злocтoрcтвoтo.