дома блог страница 2960

Пејачката во голем проблем: Итно ги опepиpaла гласните жици

Мајли Сајруси имала опepaција на гласните жици и била задржана во болница.

Наводно Мајли веќе долго време имала проблем за кој ништо не знаела. Како што пренесуваат американските медиуми, пејачката морала да направи итна опepaција на гласните жици и не смее да снима и говори најмалку две недели.

За неа по операцијата се грижел Коди Симпсон, кој изјави дека се поминало во ред.

Македонецот пред трансфер во Милан ?!

По се изгледа дека Елиф Елмас нема долго да се задржи во Наполи. Имено како што шпекулираат медиумите во Турција и Италија, Бобан и Малдини, водечкиот двоец на клубот од Милано, имал план да дојде до Дијамантот во најскоро време, во зимскиот или летниот преоден рок.

Тие за тоа биле подготвени да му платат на Наполи цели 30 милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што наполитанците го платија летово кога го купија од Фенербахче.

Бобан и Малдини воопшто не се задоволни со тоа што го имаат во тимот, па веројатно ќе почне и реконструкцијата на тимот. Една од трансферните желби била нашиот дијамант.

Двајца прилепчани се спуштаат по највисоката зграда во Прилеп: Храбар подвиг кој мора да се погледне (ВИДЕО)

Спелеолошкиот клуб “Златоврв” од Прилеп објави видео од тренинг на највисоката зграда во Прилеп, популарната 13-катница.

Момците кои се спуштаат по зградата се Дарко Неданоски и Борче Петковски, а извонредното видео му дава дополнителен ефект на овој храбар потег.

Погледнете:

ВИДЕО: Јован Тодоровски и Андреј Ристески

Мицкоски со одлична вест за ПРОФЕСОРИТЕ, ова е тоа што го бараа и очекуваа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес беше во посета на Радовиш. Таму тој имаше средба со граѓани, а во своето обраќање пред радовишани тој се осврна на неколку работи кои се случувале во минатиот период, а една од нив беше и неодамнешниот договор помнеѓу СОНК и владата.

-Го слушам вчера како вели дека е постигнат историски договор помеѓу министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука. Истиот оној синдикат кој што побара со мене да се види и да разговара, а потоа избега и не дојде на средба. Причината зошто не дојдоа они треба да ја кажат. Еве јас нема да навлегувам во детали. Но сакам да го прокоментирам тоа, велат постигнале историски договор, постигнале зголемување на плати на просветните работници од 10%. Ќе ве потсетам синдикатот во образованието, науката и културата потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Ова зголемување од 10% е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор требаше да бидат минимум 31 250 денари, а да не зборуваме денеска за овие понижувачки трошки од 10%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето од мај месец ќе се врати кон колективниот договор и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата ќе бидат согласно колективниот договор и ќе бидат многу поголеми од овие 10% коишто денеска ги ветуваа.

Утре во Прилеп доаѓа шампионскиот трофеј на Вардар

Шампионскиот трофеј на македонскиот шампион во Лигата на шампионите утре ќе пристигне во Прилеп.

Трофејот кој Вардар минатата сезона го освои по втор пат ќе биде истакнат од 11-14 часот во кафе “Оникс”, а сите заинтересирани гости ќе можат да се фотографираат.

Настанот е во организација на Ракометната академија Вардар РК Филип Вардар од Прилеп.

Хеликоптер кој летал ниско истуркал се’ кај чинарот во Охрид: Граѓаните испаничени (Видео)

Полициски хеликоптер кој попладнево надлетувал ниско над Охрид, ги превртил чадорите и саксиите со цвеќиња поставени од угостителските објекти и тезгаџиите околу плоштадот кај Чинарот во Охрид.

Инаку градот денеска е под засилено полициско присуство поради утрешната средба на Заев, Вучиќ и Рама.

Cyден и ocyден за Македонија! Прилепчанецот Харалампија Цветаноски е човек кој и во десеттата деценија од животот гopи за Македонија (Видео)

Харалампија Цветаноски Рампе е човек кој ретко некој не го знае во Прилеп. Неодамна ја издаде својата книга “Решив да ја кажам вистината”, во која пишува за прогонот врз неговото семејство во минатото, но и за македонската историја и револуционерна борба.

Цветаноски е во десеттата деценија од животот, но сеуште поседува виталност и енергија. Тој е осуден во време на поранешниот систем на управување кога се залагал за независност на Македонија.

Повеќе за него слушнете во прилогот на новинарката Каролина Дурло:

Дно: “Македонскиот јазик се уништува во Куманово? Ќе одговара ли некој за ова?” (Фото)

-Ова се новите патокази поставени во општина Куманово, Република Македонија. Никаде го нема македонскиот јазик и кириличното писмо! Како македонец, НАЈОСТРО реагирам против поставувањето на овие патокази и ги повикувам градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и Владата на Република Македонија, да постапат согласно Уставот и да се отстранат овие патокази, а потоа да понесат и политичка одговоронст! Во оваа држава, и во оваа општина, живеат мнозинство македонци, и ваквото изоставување на македонскиот јазик го сметам за понижувачко и навредливо кон нашите чувства како Македонци, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Ублажете ги болките во стапалата со помош на четири едноставни трикови

По долга прошетка, планинарање или исрпувачки шопинг чувствувате непријатна болка во стапалата, можеби дури и грчеви.

Еве како можете брзо и едноставно да им помогнете на своите стапала.

1. Вежба за јакнење на стапалата

Тоа е можеби последната работа која ви е на ум во моментот додека стапалта ви пулсираат од болки, но јакнењето на вашите стапала е, всушност, еден од најдобрите начини за ублажување на болката. Еден од наједноставнните начини тоа да го направите е одењето. Искористите педометарот во вашите „паметен“ телефон и секој ден мерете колку чекори сте направиле.

2. Сода бикарбона

Сода бикарбоната ја користат во домаќинството за различни цели, но дали сте знаеле дека помага кај ублажувањето на болките и отекувањето во вашите стапала? Причината лежи во тоа што сода бикарбоната има противвоспалителни и смирувачки својства кои можат да ги ублажат болките и воспалението во стапалата.
Наполнете голем сад со врела вода и во неа растопете половина шолја сода бикарбона. Оставете правот сосема да се растопи, пред да ги потопите стапалата во водата. Останете така 15-20 минути, ќе почувствувате големо олеснување.

3. Горчлива сол

Горчливата сол е богата со магнезиум кој не само што има противвоспалителен ефект туку исто така, помага и во ублажувањето на болките. Третманот со горчливата сол можете без страв да го употребувате за отстранување на болките во нозете и стапалата.

4. Мразот помага

Чувството на студено кое го пружа мразот, исто така, може да пружи големо олеснување. Обвиткајте неколку коцки мраз во чиста крпа и нанесте на болната нога или стапало. Веднаш ќе почувствувате олеснување, а мразот може да го ублажи и отокот доколку се појавил.

Болките во стапалата се многу непријатна појава, дури може и да ја ограничат вашата мобилност, движење, поради што ваквите брзи методи може да ви бидат од корист и да им пружат олеснување на вашите изморени нозе.

(ВИДЕО) Koмити му приредија спектакуларен дочек на Игор Карачиќ во арената “Јане Сандански”

Во овие моменти Вардар го игра седмиот натпревар во групната фаза од Лигата на шампиони. Во “Jaне Сандански” гостува Киелце, а вардарци во 15-та минута водат со 10:5.

Најмногу внимание предизвика камбекот на Игор Карачиќ кој оваа сезона настапува за полскиот тим, а “Комити” му приредија спектакуларен дочек скандирајќи го неговото име.

Погледнете: