дома блог страница 2959

Вечера за половина час: Макарони со модар патлиџан и домати

Ако сте љубители на тестенини, ви предложуваме да го подготвите овој едноставен рецепт за макарони со модар патлиџан и домати.

Состојките се лесно достапни и ефтини, а рецептот е превкусен.

Состојки:

400 гр. макарони

1 модар патлиџан

Две чешниња лук

Конзерва домати

Оригано

Сол, бибер

Маслиново масло

Пармезан

Начин на подготовка:

Измијте го модриот патлиџан и исечето го на коцки, не мора да го лупите. На маслиново масло испржете ги коцките модар патлиџан и сецканиот лук.

Сварете ги макароните во зовриена и солена вода.

На зеленчукот додајте го доматите од конзерва, зачинете со оригано, сол, бибер и крцкајте додека доматот да стане мек.

Измешајте и сервирајте додека е топло и наросете со пармезан.

Чудо на Митровден во манастирот Туман во Србија: Се верува дека дете било излечено од тешка болecт

Ново чудо се случило во манастирот Туман кај Голубац, во Србија, пренесува Курир.рс.

Откако на ова свето место, на Митровден монахот прочитал молитва кај моштите на свето Зосим, 15 годишно момче кое боледувало од малиген тymop на бубрезите, болecта се повлекла.

Момчето неодамна било во Турција каде му било направено биопсиja и било утврдено дека се работи за тymop.

Меѓутоа докторите денес останале запрепастени кога при преглед со магнетна резонанса утврдиле дека тумopoт исчезнал, биле зачудени па ја повториле снимката уште еднаш.

Медиумите неведуваат дека ова е трето чудо на манастирот. Првото се случило на Света Петка, второто на Свети Лука и третото сега на Митровден, кога со помош на молитва се излечил од тешka болecт 15- годишниот Драган.

Преку песната и орото се обединија Македонците на Егејската Семакедонска вечер (Видео)

Синоќа во Штип во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“, се организираше Егејска семакедонска вечер.

Настанот се одржа по повод денот на ослободувањето на градот Штип во ресторанот “Астибо Плаза”.

На настанот учество зедоа врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт.

Заврши “дербито” Победа-Кожув

Нов натпревар и нов пораз за фудбалерите на Победа во Втората лига – Исток.

Попладнево на стадионот на Могила во Прилеп, Победа беше минимално поразена со 0:1 од Кожув од Гевгелија.

Ова беше деветти пораз за црвено-белите или четврти последователен, што ја остава Победа закована на 7-то место на табелата, кое води уште еден ранг подолу.

Под Победа се само екипите на Осогово и Питу Гули, а екипата на Плачковица на прилепчани им бега 4 бода.

Стрелец на единствениот погодок попладнево беше Даниел Лазаровски во 51-та минута, доволно за 3 бога за гевгеличани и продолжување на трката за првото место со Тиквеш.

Совет од лекap: Стpaвот е полош и пooпaceн од која било бoлecт, еве како да се избopите

Животот не е едноставен и честопати доживуваме некои ситуации кои тешко ни паѓаат, тажни сме поради нив, па дури и депресивни. Ни станува сеедно за се и не сакаме да се бориме понатаму.

Колку и да е тешко, не смееме да се откажеме, од нас, од животот. Секој од нас поминува низ нешто тешко и се бори со тоа. Тој се бори и турка понатаму во животот, кренете ја главата горе. Колку и да имате проблеми, запомнете дека не сте единствени и дека има луѓе кои се борат со многу поголеми проблеми, но не се откажуваат.

Овде ви донесуваме приказна раскажана од д-р. Ариф Арсланагиќ за тоа колку стравот може скапо да нè чини:

„Се сеќавам на еден млад кројач кој дојде на преглед. Тој беше слаб, блед, брзо се заморуваше, тогаш се посомневав на тешка анемија. Тој тогаш ми рече дека столицата му е црна како катран. Ова укажуваше на присуство на чир на желудникот или цревата, па дури и негово пукање, што значеше итен случај и потребна операција.

Му објаснив дека ако не се хоспитализира и не се оперира, дека ќе дојде до крварење и смрт. Тој не сакаше да ме послуша. Иако сите го убедувавме и семејството и пријателите, тој се плашеше од операција, иако му требаше. Се плашеше од болници, операции и отиде дома. За жал, тој почина по неколку дена “.

Ова е навистина тажно затоа што треба да се лекуваме и да не дозволиме болеста да нè изеде. Не смееме да се откажеме од нашиот живот толку лесно. Да не дозволиме стравот да победи, затоа што сите се плашиме од нешто, но има граници. Ние мислиме на себе, на другите. Ние се бориме за себе, за другите.

“Партијата на Тито Петковски направи “гужва” на Централниот одбор?” (Фото)

Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа редовна седница на која се разговараше за подготовка на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април во 2020 година. Со одлука на Централниот одбор се формираше Централен изборен штаб, со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Кристијан Трајковски.

А еве колку присутни имало на Централниот одбор на НСДП која е коалиционен партнер на СДСМ:

Прилепски готвач ја шири македонската традиција и освојува медали: Како единствен Македонец освои медали во Израел

Христијан Јорданоски, (25) е професионален готвач од нашиов град кој претходната недела се закити со два сребрени медали во категоријата риба и black box на Меѓународниот натпревар во гастрономија одржан во Израел. Јорданоски беше единствениот претставник од Македонија и единствен интернационален натпреварувач под водство на мајсторот Данијела Пантиќ Влаховиќ од Белград.

Овој вљубеник во медитеранската кујна работи како шеф на кујната во ресторан во Хрватска. Од мал покажува интерес за готвење. Се запишува во средното училиште во Крушево каде ги стекнува првите вештини во квалитетна подготовка на храна и ги учи првите рецепти. При средношколските денови учествува на бројни меѓународни натпревари на кои речиси секогаш се закитува со медали.

Есенва имаше уште еден голем успех заедно со учениците од Средното училиште од Крушево. На натпреварот Бисер Мора во Хрватска, Јорданоски се појави во својство на ментор. Неговите ученици освоија прво место во категоријата тимско натпреварување и беа прогласени за второ најдобро училиште.

-Предизвик ми е кога готвам некое посебно јадење кое не сум го готвел -вели Јорданоски.

Додава дека уште поголем предизвик му е кога своето практично знаење стекнато низ годините им го пренесува на учениците.

-Тие се исклучително заинтересирани. Љубопитни се и сакаат да учат. Така, признанијата и медалите се неизбежни речиси на секое натпреварување. Се гордеам со нив – потенцира Јорданоски.

На прашањето како е надвор, а како во нашата држава, Јорданоски е искрен. Вели дека во Македонија, за жал, гостите не одат во ресторани, затоа што е добар готвачот, туку затоа што го знаат сопственикот на локалот.

– Во странство, гостите одат во ресторани заради шефот на кујната. Тие се еминентни имиња кои создаваат ,,уметнички,, гастрономски дела. Привлекуваат нивните гастрономски ,,творештва,, – вели Јорданоски.

Како млад човек кој се грижи за своето здравје, Јорданоски препорачува балансирана исхрана, повеќе овошје и многу свежи салати, а рибата да се наоѓа почесто на нашите трпези.

За овој петок нашиот шеф на кујна предлага туна во комбинација со свежо сирење, копар и сок од лимон. Пожелна е на трпезата и свежа салата.

-Добар апетит порачува – готвачот Јорданоски.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Адидас патика на се оди (ВИДЕО)

Премиерот на Албанија и на вчерашната трилатерална средба со македонскиот премиер Зоран Заев и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави во црни „Адидас“ патики и темен костум.

Сите го гледаат, а никој не реагира: Постела под отворено небо во центарот на Прилеп (Фото)

Наш сограѓанин неколку месеци ја има за спална соба заднината на трафиката за сувенири во паркот во центарот на градот – пишува весникот “Зенит”.

Секоја вечер просторот станува постела под ведро небо. Со едно килимче под него и повеќе картони за меко легло, сограѓанинот легнува напокриен со разноразни покривки во битката со студот.

Вели дека летоска му било згодно, топло. Само го вознемирувале кучињата, скитници, кои во битката за своја територија на плоштадот, лаеле и му го кршеле сонот. Некои се засолнувале околу него. И денес негови верни пријатели се пците без сопственици. Го делат студот во мракот. Понекогаш заедно се топлат, легнати еден покрај друг, а некогаш и врз него.

Нашиот сограѓанин нема дом. Без покрив над главата, топол дневен престој му е сончевата клупа во паркот изутрина кога ќе се разбуди. Тука го минува денот со своите пријатели. Понекогаш ја отвора тезгата за чистење чевли, наследена од починатиот татко.

Заработува некој денар за леб. Во дождливите денови се засолнува крај ближните стреи. Спас за изненадните ноќни врнежи бара во покривката од најлон. Стравува од зимата која доаѓа. Среќен е што задоцнила и есента е топла. Кога ќе паднат температурите, амбиентот на ,,резиденцијата,, во паркот не ќе биде ниту за гледање, а камо ли за живеење. Студот в коски влегува и кај нашиот сограѓанин.

Како ќе ја преживее зимата? За жал, сите го гледаат, а никој не реагира. Ниту платените социјални служби.

Извор: “Неделник Зенит”

(Фото) Со “фрлање паричка” ќе го одредат победникот на изборите: Кандидатите добиле еднаков број на гласови

За тоа кој ќе биде претседател на месното собрание на едно село во САД, повторно ќе се одлучува со фрлање паричка, “глава-писмо”.

Изборот на првиот човек на Магнолија, мало село во Охајо, заглави бидејќи кандидатите Тревис Бојди и Грант Даунс добиле по 127 гласови од гласачите.

Дали Бојд или Даунс ќе ја добијат големата должност ќе се пресуди со фрлање паричка, а тоа официјално ќе биде направено за две недели.