дома блог страница 2958

УЈП ја објави листата на должници

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долговите до 31 јули и неплатени до 31 октомври, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.

На листата има над 2.539 физички лица (повеќе за 19 од претходната листа) и 2.020 правни лица (повеќе за 25 од претходната листа), фирми, претпријатија и слично. Вкупната сум на долгот е 10.129.716.081 денари, што е повеќе за 15.032.646 денари од претходната листа. Долгот за даноци и придонеси изнесува 9.969.945.359 денари, додека долгот за царински давачки е 159.770.722 денари.

Целата листа на УЈП може да ја видите ОВДЕ

Ja шират македонската кауза преку делење на знамиња со сонцето од Кутлеш: Валандово го огреаа еден куп сонца (Фото)

Членовите на патриотското здружение “Аманет 1903” од Скопје развиорија еден куп знамиња со сонцето од Кутлеш во центарот на Валандово.

Целта на ова здружение е ширење на македонската кауза преку давање на македонски знамиња со сонцето од Кутлеш и други реквизити.

Видео: “Зошто градоначалникот не одговара на овие прашања од Локвенец?”

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова пред медиумите на последната прес конференција го истакна Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Засега на овие прашања нема одговор од општината и градоначалникот Илија Јованоски…

Една година зaтвop за газдите кои нема да исплатат К-15

Работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор, популарникот К-15, или ќе бараат од работниците да им ги вратат исплатените средства ќе бидат казнети.

Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година, пишува „Вечер“

Од Сојузот на синдикати очекуваат дека со зајакнатата казнена политика и измените на Кривичниот закон ќе се елиминираат појавите на формална исплата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) Првата македонска народна песна која потекнува од 16 век, а ја рецитира легендарниот Ненад Стојановски

Првата запишана македонска народна љубовна песна потекнува од Костурско. Запишана е во 16 век и звучи уште поубаво кога ја рецитира легендарниот Ненад Стојановски.

Слушнете во продолжение:

Импресивно видео: Како за неколку дена се преместува пруга и пат и се прави тунел

На интернет сме гледале видеа од Јапонци и начинот на кој тие брзо и економично ги завршуваат своите работи. Сега, во таа пракса се обиделе да се покажат и Холанѓаните. Преместија пруга и пат и направија тунел за неколку дена. Импресивно!

(Видео) Лука Дончиќ доби шамap од тренерот сред утакмица: Погледнете ја неговата реакција

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ, одигра уште една беспрекорна утакмица, но сепак доби шамap од тренерот.

Дончиќ со 24 поени, 14 скокови и 8 асистенции ги предводеше Маверикс до триумф над Мемфис.

За време на третата четвртина, на тајм-аутот помошниот тренер на Далас, Џамал Мозли, му објаснуваше нешто на Словенецот, а на крајот го удри по лицето.

Очигледно е дека Мозли го направи тоа без лоша намера, но можеби малку претера. Ова не му се допадна ни на Лука:

Четворица млади тренери прават чуда за гимнастиката во Прилеп: Голем број медали од сите натпревари и трофеј за најдобар клуб (Фото галерија)

Гимнастичкиот клуб “КГС Партизан Соколи” од Прилеп, нескромно и’ покажува на Македонија дека во нашиот град Прилеп има вредни дечиња кои сакаат да се занимаваат со спорт, па и конкретно со гимнастиката.

Гимнастичкиот клуб го водат дипломираните професори по физичко образование, спорт и здравје, Мартина Јездиќ, Ивана Јанкоска, Александра Стојаноска и нашиот првак и виртуоз во машка спортска гимнастика Дино Бошњак, сите ученици на покојниот Златко Ангелески- Лајцата, кој несебично ги прими, научи, задржа и им ја влеа љубовта и убавините на спортската гимнастика.

Овој клуб брои многу членови (повеќе од 40) и на посебна радост на тренерите дваесетина од нив се редовни натпреварувачи на Државните натпревари во А и Б лига.

Во изминатиов период се одржаа и завршните државни натпревари, каде што на 26.10.2019 со медали се закитија:

Ева Јашмакоска – 2-ро место – постари пионерки
Сара Петрова – 1-во место – јуниорки
Стефани Спиркоска – 1-во место – сениорки

Теа Велкоска – 2-ро место – сениорки
Ева Илиоска – 3-то место – сениорки
Ивана Јанкоска – 2-ро место – сениорки

Екипно – помлади пионерки – 3-то место (Сара, Илина, Хана, Стефанија, Михаела, Барбара)
Екипно – постари пионерки – 2-ро место (Ева, Леона, Марија, Стефанија, Ана Марија)
Екипно – сениорки – 1-во место (Теа, Стефани, Ева)

А една седмица после нив во машка конкуренција со медали се закитија:

Александар Наумоски – 1-во место – сениори
Бојан Ристески – 2-ро место – помлади пионери
Матеј Тасески – 3-то место – постари пионери
Дамјан Атанасоски – 2-ро место – млади јуниори

За крај, за потенцирање е информацијата дека на Државното првенство во повеќебој во Охрид “КГС Партизан Соколи” беше прогласен за најдобар клуб во женска спортска гимнастика.

Со тоа успешно заврши и оваа спортска година за прилепскиот гимнастички клуб, а од клубот се надеваат дека признанието за најдобар гимнастичар/ка на годината во одредена категорија на ниво на држава, да припадне на некој член од нивниот клуб.

Им честитаме и им посакуваме уште повеќе успеси наредната година!

Царовска: Според статистичката пресметка четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари

Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот.

Министерката за труд и социјална Мила Царовска за “Детектор” вели дека според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари.

„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речи си до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики“ – Вели Царовска за “Детектор”.

Ефтимов во интервју за “Јавно.мк”: Власта го растури правниот систем, го расцепка за да го користи за свои цели

Интервју на Дајанчо Ефтимов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот “Јавно.мк”, за состојбите во земјата, подготовките за претстојните парламентарни избори и резултатите од истите.

ЈАВНО.МК: СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈ АКТУЕЛЕН ПРОБЛЕМ НА КОЈ СТЕ ФОКУСИРАНИ И КАКВИ РЕШЕНИЈА ЌЕ ПОНУДИ ВМРО-ДПМНЕ?

“Политичката и општествена сцена во земјава помина низ бурен период кој резултира со закажани предвремени избори, а случувањата на сите ни открија дека граѓаните и нивните потреби во перцепцијата на актуелната извршна власт се ставени, фрлени на маргината .

Токму заради тоа оценките на граѓаните со кои се среќаваме се изразено негативни. А, такви се веќе оценките и мислењето на странските претставници на држави и организации.

Како правник, еден од главните проблеми кои се во фокус на моето дејствување е правната држава, владеење на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот, демократските капацитети на институциите. За тоа како функционира правната држава и каква правда им се нуди на граѓаните најдобро говори крахот на реформите на правосудтвото. Во моите претходни јавни настапи истакнувавме дека не може носител на реформите во правосудството да биде Премиерот кој водено е економист. При самото формирање на советот за реформи стручните лица и авторитетите од таа област одбија да влезат а по извесно време и се повлекоа и го оставија сам СДСМ да го прифати заклучокот дека она што го предложија е неуспешен проект.

Конкретно, во прилог на подобрување на состојбите ВМРО-ДПМНЕ предлага ново законско решение за Јавното обвинителство во кој би се инкорпорирале и надлежностите на досегашното таканареченото Специјално обвинителство. На тоа ревносно ее противи актуелната власт бидејќи постојат тековни криминални активности кои би можеле да се гонат. Заложба на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се преиспита потеклото на имотот на сите политичари и јавни носители на функции за секој за кој ќе се утврди таква потврда.

Скандалот со случајот Рекет секојдневно метастазира односно се во предистрагата и истрагата се повеќе се вклучуват личности од јавнио живот кој биле вплеткани во оваа мрежа, меѓутоа самиот органот кој треба до крај да го проследи случајот се однесува инертно – очигледно мотивиран од политички .

Да потсетиме на скандалот со телефонско јавување на Премиерот до еден од градоначалниците од нивните коалициони партнери кои исто така се влијателни во нивните партии заради правниот систем во кој што бара да влијае на разрешување и назначување на судија со што фактички влијае на политичко решение за составот на Врховен суд.
Нарачани предистражни и истражни постапки, нарачани пресуди и притвори јасно покажуват дека наместо својата оргинерна задача правосудниот систем е ставен во функција на потребите на извршната власт, односно на врхушката од партијата на власт.

Конечниот заклучок е актуелната власт го растури правниот систем. Под изговор дека е корумпиран. Го расцепка правниот системот на помали делови за да може да го користи за свои цели. Потоа, започна прогон врз опозицијата со намера да си отвори простор за непречено коруптивно дејствување врз политичките конкуренти, од што најмногу штета претрпеа бизнис секторот и стопанството.

Но, јас секојдневно се среќавам со сограѓаните. Ги следиме состојбите во разни случаи на поединци и организации кои се жалат и се обидуваме на најбрз начин да најдеме решение за сите проблемите. Повеќето од проблемите веќе ни се изложени во рамките на Разговори за обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди солидни решенија со кои ќе се воспостави правен поредок и демократски систем на вредности како и владеење на правото во сите сегменти на општественото живеење”.

Целосното интервју прочитајте го ТУКА