дома блог страница 2957

“Мало сутра” 100.000 денари плата за докторите и тие не го добијаа ветеното од Владата?

Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Универзитетските клиники постигнаа договор со Владата и ресорниот министер Венко Филипче за зголемување на платите на здравствените работници.

Според договорот, специјалистите од први февруари ќе добијат плати поголеми за 25 проценти, професорите за 20 проценти, општите лекари на контото ќе имаат плус 15 насто, болничарите 10 отсто и останатите здравствените работници по пет проценти.

(Видео) Спектакл на “Велодром” во Марсеј: Најмоќната кореографија на навивачи која досега сте ја виделе

Марсеј и Лион синоќа го одиграа едно од најголемите дepбија во францускиот фудбал, а на „Велодром“ се појави спектакулapна кореографиja, за која на нaвивачитe им беа потребни 200 часа за да ја подготват.

Сите подгрупи на Марсеј се собраа и ја направија џинoвckaта кореографија во чест на екипата, која го прослави 120. Роденден, а трошоците за изработката беа финансиpaни од клубот.

Кореографијата се изведуваше на сите четири трибини на стадионот, кој има капацитет од 67.334 седишта.

Уште една земја го повлече признавањето на Косово, ова е досега најголема

Република Гана го повлече признавањето на Косово, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за “Прва ТВ”.

Дачиќ ја покажа нотата од Гана во која се наведува дека владата на оваа африканска држава донела одлука да го повлече признавањето на Косово и дека одлуката која ја донела претходната влада на Гана е погрешна.

Тоа е засега најголемата земја која го повлече признавањето на Косово, а преговорите помеѓу Србија и Гана траеле година и пол.

Гана е шеснаесетта земја која го повлече признавањето на Косово.

ЏК Бушидо- Прилеп со 11 медали го заврши Меѓународниот турнир “МИОКИ ОПЕН”

Џудо клубот Бушидо од Прилеп видекндов зеде учество на Меѓународниот турнир “МИОКИ ОПЕН” кој се одржа во Скопје. На турнирот настапуваа над 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Бугарија.

Прилепчани се вратија назад 11 медали и заокружија уште еден меѓународен успех.

Ова се освојувачите на медали: Филип Стојкоски 2 место, Тамара Илиоска 2 место, Теодора Илиоска 3 место, Анастасија Велкоска 1 место, Анастасија Мицеска 3 место, Стефан Талески 3 место, Анастасија Спасеска 2 место, Дамјан Маркоски 3 место, Матеј Малиновски 3 место, Елена Малиновска 3 место, Филип Попоски 3 место.

Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.лв/

РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Кога “Ѓурѓа” ќе загрми на преполн плоштад: “Некст Тајм” приредија вистински спектакл (ВИДЕО)

По повод прославата за 11 Ноември – Денот на ослободувањето и 500 години од постоењето на Куманово, викендов на плоштадот имаше богата музичка програма, а свој концерт имаше и дуото “Некст Тајм”.

На својата Фејсбук фан страна “Некст Тајм” објавија дел од атмосферата на концертот, погледнете во продолжение:

Германија го доби првиот градоначалник Турчин на голем град, кандидатот кој го поддржа Меркел поразен

Гласачите во Хановер по прв пат во историјата на градот избраа политичар од турско потекло за градоначалник.

Белит Онај, 38-годишен пратеник од партијата на Зелените, вчера на изборите освои речиси 53% од гласовите, победувајќи го својот ривач Екхард Шулц, независен кандидат кој го поддржа Христијанско-демократската унија (ЦДУ), пренесува “Анадолија”.

Toj стана првиот турски политичар кој доби функција градоначалник во некој голем германски град.

За време на својата предизборна кампања вети дека Хановер ќе го претвори во еколошки град во кој ќе се грижи за животната средина и климатските промени. Вети борба за поголема достапност на социјални станови и подобрување на социјалната кохезија.

Онај е еден од најпопуларните млади политичари во Германија, кој ужива голема поддршка од гласачите со имиграциско потекло.

Во Германија живее бројна турска заедница од речиси 3 милиони луѓе.

ДЕНЕС Е ПОСЕБЕН ДЕН: Моќната симболика на броевите 11:11

Денешниот ден ни носи силна енергија да разбудиме во себе нова сила за пресврт во животот.

Денеска е 11 ноември, многу посебен ден. Барем така вели нумерологијата, која бројот 11 го опишува како исклучително моќен, односно комбинација на броевите 11 и 11 како неверојатен спој на духовното будење и моќните почетоци. 11 е сам по себе број на почетокот, интуицијата, пресвртот.

Денешниот ден ни носи силна енергија да разбудиме во себе нови потенцијали, нова сила за пресврт во животот или да дојдеме до значајни сознанија кои може да ни го изменат животниот пат.

Исклучително е важно што промените кои можеме да ги иницираме најчесто се позитивни. Како што вели нумерологијата, универзумот на 11.11 ни праќа порака да обратиме внимание на тоа што ни го зборуваат срцето и душата.

Денес се големи и шансите да ја сретнеме сродната душа, ова е и ден на средби на љубовници кои одлично се разбираат, а целиот месец ноември е месец на љубовта.

На 11 ноември се родени Леонардо Дикаприо и Деми Мур, а се вели дека лицата родени на овој ден имаат иста енергија како и волшебните броеви на нивното раѓање.

Концерт на квартетот “Полихимниа” во Прилеп по повод 40 години од формирањето на Домот на културата “Maрко Цепенков”

Во рамките на одбележувaњето 40 години од формирањето на Домот на културата на 13 ноември 2019 /среда/ од 19 часот во изложбениот салон на Центарот, концерт ќе одржи кварететот Полихимниa.

Гости ќе бидат Ана Митоска – сопран и Катерина Попоска – мецосопран.

Податоци за квартетот

Квартет Полихимниа го започнува своето делување во 2017година, идеја која се вродува по реализација на еден интересен проект “Професорите и учениците камерно музицираат“, ова воедно е и почетокот на концертното деби на Квартет Полихимниа.

Во Квартет Полихимниа настапуваат Николина Е. Тодоровска- флејта, Риана Рамиз- виолина, Маре Видевска- виолончело и Верица Шотаровска- пијано, професори во УОМУ “Панче Пешев“- Куманово и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“- Скопје. Тие се активни изедувачи, професори со богата биографија и бројни успеси, имаат освоено многубројни награди со своите ученици и се дел од жири комисии за категорија соло флејта, виолина, виолончело, пијано и камерна музика на државните и меѓународните натпревари. Квартет Полихимниа брои неколку настапи од своето формирање, настапува на концерти со своите ученици, гостува со ученици на концерт во УОМО “Панче Пешев”-Куманово, настапува на Зимскиот музички камп 2018г. во Крушево во Домот на Културата, концертно настапува во КИЦ Салон 19,19 април 2018г., на Меѓународниот Фестивал Полихимниа во 2017г. во Даут пашин амам, реализира концерт “Летни звуци” на Манифестацијата “Летни скопски акорди 2017г.” на плоштад Мајка Тереза во Скопје и концерт на Манифестацијата “Карпошово лето 2017г.”Т.Ц.Лептокарија. Во 2018г.и 2019г. настапуваат на манифестацијата Нов културен бран од Министерство за култура со два целовечерни концерти во Скопје и Лешок во преполните сали на Даут пашин амам и Дом на културата Кирил Пејчиновиќ-Тетоец,во 2019г. Подржани од министерството за култура, ќеги реализираат концертите во Велес, Прилеп, Неготино, Охрид., а истата година ќе настапат на меѓународна сцена со Божиќен концерт во Сала Балдини, Рим.
Квартет Полихимниа со своите колеги редовно настапува на училишни концерти, тие се трудат секогаш програмата која ја изведуваат да е различна, да ги вклучуваат своите ученици и да ги афирмираат. Заедно работат на формирање на програмот за концертите, ги обработуваат избраните дела и аранжираат за соодветниот камерен состав. Програмата која ја интерпретираат ја прикажува нивната виртуозност и музикалност, преку неа сакаат да се приближат до публиката, да ги пренесат своите емоциите и да ја задржат возбудата на публиката до последната нота.

Ана Митовска: сопран – дипломира соло пеење на ФМУ – Скопје , во класата на проф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија, Шпанија. Учесник е на повеќе мастеркласеви за класично пеење низ Европа. Работела повеќе од една деценија во Македонска опера и балет, настапувајќи на манифестации како Мајски оперски вечери, Охридско лето, Скопско лето, како и во редовниот репертоар на Операта, во која бележи и концертни солистички настапи со хорот и оркестарот на МОБ. Од 2018 година работи во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Како солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски музичари и врвни ансамбли, самостојни концерти и перформанси. Нејзиниот разновиден и несекојдневен репертоар се протега од раната класична музика и почетоците на белканто стилот, па наназад преку старите стилови на пеење како средновековна литургиска музика, музика на трубадурите, источно црковни напеви и музика од светот, кон ангажмани како вокален солист во филмска и театарска музика. Ангажирана била и како музички соработник во театар. Дел е и од претставата „Глембаеви“ во НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во улогата на Анита. Својата вокална техника и интерпретација ги усовршува со Ема Киркби, Руди Парк, Бенџамин Бегби, Катарина Ливјаниќ, Ана Дурловски, Михаило Арсенски, Билјана Јакимовска- Јовановска и Јосиф Герџиков.

Катерина Попоска – мецосопран – дипломира на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек Музичка теорија и педагогија. Средното музичко образование го завршува во Битола, отсек Муз. теорија и педагогија, а основното музичко образование во Прилеп во “Ордан Михајлоски-Оцка”, отсек Соло пеење. (2006)Како хорист учествува во првата постава при хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ , учествува и во хорот на Младинскиот културен центар во Скопје (каде што освојуваат високи награди во Швајцарија, Италија) и двата хора под диригентска палка на маестро Сашо Татарчевски. (2014)По враќањето во Прилеп учествува како вокал во составот Џез, соул, фанк квартет , учествува како гостин на годишен концет на “Октетот Прилеп”. (2015)Учествува како основач и хорист на хорот “св.Петка”. (2018)Како диригент застанува пред градскиот хор при Куд.”Пере Тошев” Прилеп, каде што настапуваат во Р.Бугарија и земаат висока награда, настапуват во Земун,Белград, Р.Србија, во Македонија на „Охридски староградски средби’19“.Учествува како солист во преформансот „Сонувања за заборавеното“.Во меѓу време настапува на хуманитарни настани и концерти во родниот град како вокал и како диригент моментално работи како професор по Музичка култура во средното Економско улилиште каде што го води и хорот при тоа училиште , а работи и во основното муз. училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп.

Од утре до четврток дожд и ветер

Под влијание на влажен бран од Медитеранот, утре и во среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи на повеќе места ќе има утре во вечерните и ноќните часови, а во среда повеќе врнежи се очекуваат во источните делови. На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд.

Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде девет, а максималната ќе достигне 20 степени.