дома блог страница 2956

Административно техничкиот персонал во Здравство излегува на штpajк

На 27 овој месец, административно техничкиот кадар во здравството излегува на штрајк.

Тие се незадоволни затоа што се изоставени од покачувањето кое го најави министерот Венко Филипче.

Под административно технички персонал спаѓаат хигиеничарки, шофери на брза помош, чувари….

(Видео) Има пари што не може да ги потроши до крајот на животот, но одлучила да ги подари: Погледнете што вика за останатите милионери

Абигејл Дизни (59) режисер на документарни филмови, но и една од најбогатите жени во светот.

Освен што е филантроп и добитник на “Еми награда”, таа е и ќерка на Рој Едвард Дизни, некогашниот прв човек на славната филмска компанија која ја основале неговиот вујко Волт Дизни и татко му Рој Оливер. Абигејл на својата 21 година добила наследство од нејзиниот дедо 70 милиони долари, а овие денови проговори како е да се живее со богатство кое не може да се потроши и во два животи.

Кога била мала не била свесна за богатстовото на нејзиното семејство. “Кога бев мала, родителите се трудеа да не живеат упадливо. Парите не ги променија. Знам дека звучам како оксиморон, но навистина беа скромни. Сакаа да ми докажат мене и на браќата дека не сме ништо подобри од останатите деци и дека воопшто не се разликуваме од нив”, вели таа:

“Уште сум спремен да излезам и да се борам за Македонија!” (Видео)

Во саботата во Штип во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“, се организираше Егејска семакедонска вечер.

Настанот се одржа по повод денот на ослободувањето на градот Штип во ресторанот “Астибо Плаза”.

На настанот учество зедоа врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт.

На настанот се обрати Александар Поповски, почесен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот Дел на Македонија-Битола, борец за човекови права, пред се’ за Македонците во Егејскиот, Пиринскиот дел на Македонија, Мала Преспа и ширум светот.

Роден е 1932 гoдина, во с.Долно Котори, Егејска Македонија. Учесник во граѓанската војна во Грција од 1946-1949г. По егзодусот престојува во Русија каде и завршува воена академија и се стекнува со звање Генерал. Претседател на првото здружение, Здружение Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола формирано 1973 година.

Во моментот е сенатор и почесен Претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот Дел на Македонија – Битола.

Успешен хуманитарен настан во Прилеп: Ајде сите заедно да му помогнеме на ова мало ангелче да оздрави

Во саботата во кругот на сала “Македонија” во Прилеп, во организација на “Car Club – Прилеп”, се организираше хуманитарен настан, а средствата собрани на настанот се донирани за малата Симона Хаџи Тошев од Штип која боледува од лeykeмија.

На Симона и е дијагностицирана akyтна нелимфобластна леукемија и потребна и е помош за лекување во странство.

На настанот собрани беа 24.600 денари и веднаш беа донирани на донаторската сметка.

За малата Симона можете да донирате на следната сметка:

Примач: Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932.95

(Видео) Ова е најголемиот кошмар за Русија и Кина: Американските медиуми објавија вест која ги вознемири Пекинг и Москва

Магазинот “Нешенел интерест” можната продажба на атомcka подморница на сојузниците на Америка, ја нарече “најголем кошмар” за Русија и Кина.

Новинарот Хари Казианис нагласи дека испораката на неколку американски подморници од класата “Вирџинија” на Австралија ќе и овозможат да ја зголеми вoeната моќ во Азиско-пацифичкиот регион.

Како што нагласува, Камбера ќе добие подморници кои ќе патролираат на голем простор:

(Видео) Овој остров може да го уништи половина свет: На него се “произведуваат” нajoпacните виpycи

Институтот Фридрих Лофлер во Германија е една од четирите најдобри институции, со најголем степен на сигурност, каде секојднево се произведуваат и тестираат нajoпасните виpycи.

Оваа лабораторија не само што е затворена за јавноста, туку се смета и за нajoпасна во светот, а за да пристапите до малиот остров Римс, потребно е да преминете преку браната на Балтичко море. Како мерка за безбедност предвидено е затворање на браната во случај на каква било епидемиja на виpyc.

“Градоначалникот не ги испочитува германскиот амбасадор и француските дипломати?”

Денот на народната жалост и одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година, беше повод за денешната комеморација која се одржа на германските воените гробишта во Прилеп.

Комеморацијата по повод одбележувањето на 101 година од крајот на Првата светска војна и во спомен на загинатите, изчезнати и раселени лица од сите војни и од сите народи, беше организирана од страна на амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција во Македонија.

Во своето обраќање, германскиот амбасадор Томас Герберих истакна дека е неопходно да се развие способност за помирување, да се создаде свет во кој цврстата волја е обединета а ужасите од војните да се испратат во арсеналот на историјата.

„Како што можевте да видите постои тесно, блиско пријателство помеѓу овие две држави, ние тоа го покажавме. По крајот на Првата и по крајот на Втората светска војна, сфативме дека не сакаме никогаш повеќе тоа да се повтори. Германија и Франција се соседни земји, Германците и Французите соработуваат заедно, се среќаваат и оваа соработка постои со години. Врз основа на ова пријателство, двете земји соработуваат многу тесно една со друга во рамките на ЕУ и се усогласуваме во однос на политиката за Западен Балкан едни со други“, рече германскиот амбасадор Томас Герберих.

По повод одбележувањето на 11 ноември 1918, покрај општинската делегација предводена од претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, венци положија и делегации на Министерството за одбрана, АРМ, претставници од дипломатскиот кор во Македонија, политички партии и др.

На настанот не присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Стевананџија: Кој ќе поднесе одговорност за поставените топоними во Куманово на латиница? (Видео)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната собраниска комисија за образование истакна дека иако барале на комисијата да биде присутна заменичката министерка за образование, сепак таа во 5 дена не успеала да најде 5 минути и да присуствува.

-Имавме реакци во нашето во нашето барање за надополнување на дневниот ред со донесување на заклучоци. Во Република Македонија се случува хаос. Како да знаевме во четвртокот кога баравме информација дека треба да се почитуваат Уставот и законите. Видовте што се случи во Куманово со патните знаци. Дојдовме до тоа дереџе македонскиот јазик и кириличното писмо што е со Устав пропишано во Република Македонија да не се почитува. Гледате дека на таблите во Куманово, во населените места топонимите за синонимите се само на латиница. До каде ќе оди ова лудило и зошто никој не реагира, укажа пратеникот.

Тој во своето обраќање посочи дек тој лично за ова реагирал до министерот за транспорт и врски и до функционери во СДСМ

-Дали треба со транспаренти ние како членови на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за образование да одиме пред министерство и да го бараме нејзиното присуство, запраша пратеникот.

Имено Стевананџија додаде дека македонскиот јазик не се почитува и побара да му се даде одговор за тоа кои ги поставил топонимите во Куманово, кој ќе поднесе одговорност.

Вистински спектакл покрај Охридското Езеро: Охрид “гopeше” синоќа (Видео)

Навивачката група “Рибари” од Охрид синоќа покрај Охридското Езеро прослави 30 години од своето постоење.

За овој јубилеј навивачите од оваа навивачка група приредија вистински спектакл, кој изгледа уште поубаво на видеото во продолжение снимено од високо.

Погледнете:

(ФОТО) Коњ се прошета на “Рекорд” во Скопје: Граѓаните го бараат принцот да си го собере белиот коњ

Иако сакаме на Скопје да гледаме како на светска и европска метропола, во главниот град се уште неретко може да се зебележат запрежни коли во сообраќајот.

Веројатно од една од овие запрежни коли претпладнево, коњ слободен прошетал на една од најфрекветните локации и автобуски станици во Скопје, на Рекорд, каде според фотографиите објавени на ФБ страната “Ѕид на сообраќајниот срам”, го привлекол вниманието на минувачите.

Во коментари на социјалните мрежи граѓаните се шегуваат и го бараат прицот да си го собере белиот коњ.