дома блог страница 2948

Ги “збриша” ли Багески конкурентите на анкетата? Oва се резултатите!

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат. За владеачката СДСМ од Прилеп како сериозни кандидати се споменуваат актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

До изборите има уште речиси 5 месеци, но врз основа на овие муабети кои циркулираат во јавноста во изминатите 3 дена на нашиот сајт поставивме анкета преку која ги запрашавме граѓаните:

“Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

Според резултатите кои ги добивме за четворицата кандидати, во изминатите 3 дена гласале 1573 наши читатели.

Прв изби Никола Багески, кој на анкетата доби 491 гласови.

На второ место е Зоран Пачешкоски со добиени 432 гласа.

На трето место е Миле Талески со добиени 349 гласа.

И на четврто место е Кристијан Пиличев со добиени 301 гласови.

Сепак, колку овие бројки го одразуваат вистинското расположение кај граѓаните и пред се вистинската доверба на партиските органи во нив, ќе видиме идната година пред изборите кога партиите ќе излезат со официјални кандидати за пратеници.

(Видео) Најскапиот часовник на планетата: Продаден е за 28.25 милиони евра

Единствениот рачен часовник „Patek Philippe“ под ознака „Grandmaster Chime Ref. 6300A-010“ е продаден на хуманитарна акција на компанијата „Only watch“ во Женева за рекордни 28.25 милиони евра!

Тоа било доволно овој часовник да ја понесе титулата најскапиот во цел свет. Претходниот рекорд за најскап рачен часовник на светот го држеше „Rolex Dayton“, кој му припаѓаше на Пол Њуман, а кој во 2017 година е продаден на аукција за 17.7 милиони долари.

“Овој часовник може да прави речиси се’, освен да ви направи кафе”, рече Сабин Кегел, шефица на аукциската куќа “Кристи” во Женева.

(Видео) Неверојатна приказна: Уште едно чудо што се случило на Острошки манастир

Кога ќе го посетите Острог, ќе слушнете како луѓето викаат “Да одиме кај светецот”.

Се смета дека Свети Василиј е сеуште жив, односно се верува дека неговиот дух сеуште живее во манастирот, но и дека Божје чудо го движи неговото тело. Едно сведочење за тоа го пренесе и владиката Атанасиј на 11 ноември, говорејќи за девојка која била “опседната од бес”, а свештеништвото спас побарало од Свети Василиј.

За несреќната девојка нејзиното семејство спас побарало најпрво во манастирот Житомислич во Херцеговина.

“Ми зборуваа свештениците, овде, во Острошки, дека била доведена една опседната девојка од нашето село Житомислич. И читале свештениците во манастирот молитви, па ме повика игуманот Данило да ме праша што да правиме? Водете ја, реков, кај светецот”, започнува да зборува владиката Атанасиј пред верниците.

(Видео) Најпознатиот јутубер на Балканот ги воодушеви сите: Одеше од врата на врата и им даваше пари за сметки на социјални семејства

Данило Бадњар, познат како Чода, еден од најпознатите и најплатените јутубери на Балканот, пред неколку дена ја воодушеви целата домашна јавност кога сними видео во кое на луѓе од Котеж и Крњаче им дава пари за сметки.

Всушност, тој поделил околу 90.000 динари на домаќинства на кои тоа им е потребно, а на крајот од видеото заплакал од среќа затоа што имал можност да направи такво нешто.

“Јас и мојот другар камерман појдовме до неколку куќи во Крњача, а потоа и во Котеж. Секоја врата на која затропав ми отворија. Беа срдечни и се заблагодарија”, вели Данило за српски “Информер”.

“Наредниот ден отидов во солитер во блокот 23 во Нов Белград. Речиси никој не сакаше да земе пари. Очигледно станарите во овој дел од градот стојат подобро финансиски. Сепак, ми рекоа да им ги дадам тие пари на оние на кои им е потребно”, додава Чода.

Чода го напушти средното училиште за да игра игри и се посветил на работата на јутјуб, но подоцна го завршил вонредно.

Страшно вкусна! Кралска пита проја, мека како душа (Видео)

Одлично јадење со врвен вкус кое мора да се проба!

Состојки:

200гр. царевно брашно, 2 лажици обично брашно, 1 пециво, 2 јајца, 100гр. крем сирење, 200гр. кисела павлака, 50гр. кашкавал, 50мл. масло, 100гр. тврдо сирење, 200мл. јогурт и 100мл. кисела вода.

Подготовка:

Заматете ги јајцата, па додадете го царевното и обичното брашно заедно со пецивото, крем сирењето, павлаката, кашкавалот, маслото, јогуртот, тврдото сирење, киселата вода и сето тоа добро промешајте го.

На тавата за печење ставете огноотпорна хартија, а потоа ставете ја смесата и порамнете ја. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Гужва од огласи за државно! Нови огласи за вработување и во Фондот за здравство во Прилеп

Фонд за здравствено осигурување на Македонија, подрачка служба Прилеп, објави 4 огласи за вработување.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат: две лица за работно место соработник за здравствена заштита, еден контер и еден инженер на систем.

Основната плата за соработник за здравствена заштита изнесува 23,520 денари, за контер 18,229, а за инженер на систем 23,520 денари.

Огласите се активни до 18.11.2019 година! Аплицирајте!

(Видео) Чудна миризба излегувала од автомобилот: Била шokиpaна од она што го пронашла, а за се’ се криви…

Веројатно на многу возачи им се случило некое животинче да им прави проблеми под хаубата, но Холик Персик од Питсбург има малку поразлично искуство.

Таа знаела дека нешто не е во ред кога се паркирала пред библиотека и почувствувала чудна миризба. Додека возела слушал чудни звуци кои доаѓаат од под хаубата.

Кога погледала под хаубата се шokиpaла. Куп ореви и трева.

Ќe биде ли ова безвpeмcнcки xит? Новата пecна на Игор Џамбазов pyши peкopди уште првиот ден (Видео)

Koнечнo, во етерот излезе новата песна на шоуменот Игор Џамбазов. Има многу интересен наслов „И племето и семето“.

Џамбазов е познат по фантастичните текстови и пораките кои ги испраќа преку своите песни, а тоа всушност е најдоброто во една песна – да допре и да се слушне пораката.

Песната за помалку од 24 часа има над 80.000 прегледи на Фејсбук и масовно се споделува од корисниците.

Температурата слична, времето различно- еве какво време не очекува викендов, особено искористете го денот утре!

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во недела времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд.

Центapoт за кyлтypa “Марко Цепенков” прocлави 40 години од своето фopмиpaњe (Фото галерија)

Со концертот „Од Нас за Вас“ синоќа во преполната голема сала од ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп беа одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“, односно центарот. На прославата присуствуваше и заменик министерот за култура г. Владимир Лазовски.

На концертот настапија танцовото студио Зодијак, пејачите Ана Митоска, Илија Белистојаноски и Катерина.

Попоска, театарот Чин 4 Сцена 5 изведе извадоци од две претстави, а се претставија октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и „ DOUBLE STRINGS “.

Беше потсетено дека на 14 ноември 1979 година бил отворен Домот на културата, а првата претстава што била изведена била „Факел“ од Коце Солунски.

-Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции.. што се реализирале во институцијата низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко – велат од ЦК„Марко Цепенков“.

По повод годишнината во изложбениот салон беше поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.