дома блог страница 2944

Teшка cooбpaќajka на патот Прилеп-Битола кај село Лагово

На 17.11.2019 во 17.30 часот на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучката кај Лагово, Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно моторно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удpил во земјена препpeка на патот.

Во нeзгoдaтa со тешки телecни повpeди се здобила coпатничката С.Д.(54) и била пренeceна во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекapcка помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Jaпонски џудо експерт викендов ги обучуваше прилепските џудо мајстори во Белград (Фото)

Викендов на 16 и 17 ноември 2019 година во Белград – Р. Србија се одржa семинар за тренери на тема „Техничко усовршување за учење на млади џудисти на возраст од 8 до 12 години“, а предавач на семинарот беше јапонскиот џудо експерт Хироши Катаниши – 8 Дан.

Џудо Клубот “Сеишин” од Прилеп зеде активно учество на овој семинар со свои стручни кадри, каде претставници беа тренерите Дејан Мицкоски и Мики Чадамов, а претставник од џудо ветераните беше тренерот и Претседател на одборот на Ветерани Киро Здравески.

Од Џудо Клубот “Санкаку” претставник беше Благојче Митрески кандидат Мајстор и актуелен џудо судија.

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви, уште Легенда“ гостува во Загреб

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви, уште Легенда“ од 18 до 22 ноември гостува во Загреб, каде пред загребската публика трипати ќе ја изведе заедничката претстава, која премиерно беше прикажана во октомври во нашиот театар. (19,20, 21.11.2019 од 20.00 часот).

Режисер на претставата, што е копродукција со Еуроказ, е Бранко Брезовец, композитор Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, а играат осуммина актери од ансамблот на театарот „Војдан ЧернодринскИ“ и петмина загребски артисти.

Проектот „Глембаеви, уште една Легенда“ настанува како финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, која што тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

Оваа претстава-есеј, ја доприра можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

„Глембаеви, уште една Легенда“ ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштина и ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск.

Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 г. како фестивал на нов театар кој во текот на своите 27 фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот и на кој настапиле над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржуваше во континуитет од 1987г. до 2013г.

Од 2006 г. Еуроказ се оддалечува од презентациската и информативната функција, и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери, а од 2014 г. продукцијата станува главната дејност на Еуроказ. Од самите почетоци, Еуроказ повикувал и соработувал со македонските театри.

Ова е второ гостување на прилепскито театар на Еуроказ.

(Видео) Го доживеал најголемиот кошмap: Нуркач сакал да ја истражи прекрасната пештера, но заглавил во неа 60 часа

Поминаа две години откако Сиско Грасија помина низ најголемит кошмар на еден нуркач.

Беше средина на април 2017 година кога овој професор по геологија, кој е и искусен нуркач, скокна во топлите води на Мајорка на рутинско нуркање. Грасија поминувал доволно време под вода и уживал во истражувањето на комплексниот систем подземни пештери.

-Мајорка е поубава под земја, отколку на површина, вели тој.

Го придружувал Гиљем Маскаро со кој сакал да ја истражува пештерата Пикета. Пештера со голем број простории, оддалечени околу еден километар од влезот. Им требало еден час за да стигнат до тие комори. Грасија започнал да собира примероци од карпи, а Маскаро заминал да ја истражи другата комора. Проблемите настанале кога се упатиле кон излезот, а една средба направила целосен пресврт на настаните.

Грасија и Маскаро се сретнале на една раскрсница и подигнале голема прашина од дното на пештерата. Поради тоа не можеле да видат каде се наоѓаат и каде се движат. Тогаш откриле дека нивното јаже за водење е скинато или дека паднало на дното.

Неколку земjoтреси почувствувани во Битола

Серија земjoтреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Два од нив, од кои едниот утринава во 07:41 часот и вториот вчера во 15:40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од три степени.

Првиот земjoтрес бил со Рихтерова магнитуда од три степени, а вториот со магнидута 3,3 степени.

Албанец протеран од Црна Гора зошто развиорил албанско знаме на манифестација во Бар

И. Д.(64) по националност Албанец е протеран од Црна Гора во траење од еден месец и казнет со 300 евра поради незаконско истакнување и виорење на знамето на Република Албанија на манифестација во Бар.

Лицето го развиoрил албанското знаме на манифестацијата ,,Краинска косетнијада“.

Полицијата поднесе предлог за покренување на прекршочна постапка пред обвинителството во црногорскиот град, Бар.

Извор: republika.mk

Голем празник: Го славиме Преподобен Јоаникиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 ноември.

Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики.

Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот бил овој преподобен Јоаникиј. Се родил во Витинија, во селото Мариката. Како момче бил овчарче и уште тогаш го засакал молитвеното тихување. Подоцна се замонашил во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и поминал 50 години во подвиг. Од Бога добил големи дарови: ги лечел сите мakи и болecти, изгонувал демони, скротувал yверови, преминувал преку вода како по суво, ги предвидувал идните настани. Проживеал 94 години и мирно се успокоил во 846 година.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Елизабета Угарска.

Живеела во тринаесеттиот век. Била ќерка на Угарскиот крал Андрија Втори и жена на грофот Лудовик со кој имала три сина кои ги воспитувала според христијанството. Била богата, скромна во облекувањето и градела домови, во кои ги примала сиромашните, старите луѓе и болните. И се молат верниците за разни потреби.

Чудотворен мелем: Измешајте три состојки и решето го проблемот со проширени вени

Овој здравствен проблем е доста чест во модерното општество и никој не е сосема сигурен дека истиот ќе го заобиколи. До оваа состојба може да дојде од најразлични причини и на било кој човек.

Проширените вени се фрустрирачки како од здравствен, така и од естетски аспект. Најчестите причини за појава на проширени вени се недостаток на физичка активност, генетика, ограничено движење или хормонски пореметувања кај луѓето.

Во секој случај, постојат природни, домашни лекови кои помагаат во справувањето со оваа болест како и спречување на развојот на истата. Со овие неколку состојки ќе успеете симптомите да ги сведете на минимум. Овој рецепт за подготовка на домашен препарат за лекување на проширени вени докажано е ефикасен и се применува во народот со години, а се што ви е потребно се алое вера, моркови и јаболков оцет. Како што можете да претпоставите, лекот се подготвува со лесно достапни намирници и на мошне едноставен начин.

Состојки:

1/2 шолја исечкани моркови

1/2 шолја алое вера

Јаболков оцет

Упатства:

Алое верата и морковите ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот, и додека цврстите состојки се „блендаат“ додавајте по малку јаболков оцет, додека не добиете хомогена смеса. Смесата на крајот треба да биде густа како крема.

Како се користи:

Нанесете ја кремата околу зафатените подрачја, а потоа кренете ги стапалта на висина на струкот во времетраење од 30 минути. По 30 минути, измијте ја кремата со ладна вода. Доколку сакате кремата да ви помогне во отстранување на симптомите, потребно е ова да го правите 3-4 пати дневно.

Белешки:

Покрај користењето на овој народен лек, потребно е да правите кратки прошетки секој ден. Тоа ќе ви помогне во подобрување на вашата циркулација. Покрај тоа, важно е лекот да го користите секојдневно во континуитет.

Мицкоски откри кога јавноста ќе ги дознае имињата на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДМПНЕ сѐ уште не одлучила кои ќе бидат нивните предлози за министри во техничката Влада.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, за ТВ “Алсат” изјави дека предлозите за технички министри и заменици-министри ќе се знаат во втората половина од декември.

„Дискутиравме само за процесот којшто следува. Не сме дискутирале сѐ уште за имиња. Во моментов во партијата трае процедура на испитување на јавното мислење за имиња во одделни општини за кандидати за пратеници. Во моментов сме во таа фаза. Инаку, втората половина од декември месец ќе има јавноста информации за тоа кои ќе бидат имињата коишто од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за технички министри, заменици-министри итн“, рече Мицкоски.