дома блог страница 2943

Со xyманитарна акциja за прв пат во Прилеп одбележан Светскиот ден на пpeдвpeмено poдени деца (Фото галерија)

Денеска по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња, во бифето на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп, се организираше хуманитарен настан.

Иницијатор за оваа акција беа група на мајки кои ги родиле своите деца пред 9-тиот месец од бременоста.

Настанот кој насекаде ширум светот се одбележува со низа хуманитарни акции за прв пат беше одбележан и во Прилеп, овие мајки се надеваат дека одбележувањето на овој ден ќе премине во традиција.

Во акцијата беа вклучени голем број прилепски компании кои донираа производи и ваучери за да потоа сите собрани средства се донираат на неонаталошкото одделение во Прилеп. Еден од иницијаторите на оваа акција е Данче Оклеска која оваа идеја ја добила од Англија, каде и се породила во 24-тата недела од бременоста.

„Моето бебе е родено во 24 недела во Англија. И сега овој ден го празнуваме на овој начин со тоа што локалните компании ни даваат помош и поддршка во производи и ваучери, тие ваучери ги ставаме како лотарија, но и други фирми директно донираа во болницата. Се надевам дека собравме доволно средства за да купиме нешто кое ќе и користи на болницата во Прилеп и неонаталогија. Мојата идеја беше поддржана од многу мајки од Прилеп, но имаме тука мајки и од други градови и се надеваме дека ова ќе стани традиција. Имаме и поддршка од болницата и во другите држави овие манифестации се одржуваат во болница. Ова кај нас е за прв пат и се надевам дека наредните години хуманоста ќе биди поголема и ќе помогнеме на мајките и болницата“, истакна Данче Оклеска за порталот “Инфо Компас”, организатор на акцијата и мајка на предвремено родено бебе.

Христина Цветкоска своето бебе го родила во 30-тата недела. Таа вели дека во Македонија е табу тема да се зборува за оваа ситуација икао се повеќе бебиња се раѓаат предвреме. Пред нашата камера го опиша целиот страв кога се родило нејзиното бебе, кое пак не и било дозволено да го види цели 40 дена. Секој ден била во исчекување дали тоа ќе остане живо или ќе почини.

Трик за решавање на проблемот – кошулата повеќе нема да ви се извлекува од панталоните

Обично мажите знаат да полудат кога ќе им се извлече кошулата од панталоните. Во продолжение ви пренесуваме неколку совети како да го решите и тој проблем.

-Кошулата мора да паѓа преку ременот во должина од околу осум сантиметри.

-Вовлечете ја кошулата во откопчани панталони, а остатокот од материјалот кој ќе ви остане околу половината прифатете го со прсти и превиткајте кон грбот, а потоа закопчајте ги панталоните.

-За оние кои носат и долна маица, вовлечете ја во долната облека, а потоа кошулата во панталоните. На тој начин нема да се извлече маицата и да ја повлече кошулата надвор. Маицата треба да биде доволно долга за да не се извлече.

-Војниците и полицајците мора да изгледаат беспрекорно во копула, па поради тоа користат трегери, но не оние класични. Тие трегери се две продолженија кои на едната страна ја држат кошулата, а на другиот крај чорапите.

-Додека ги закопчувате панталоните водете сметка копчињата и затворачот на панталоните да се еднакви.

(Видео) Американските морнари признаа по 15 години за средбата со НЛО: “Сите снимки мораше да ги предадеме, а доказите да ги уништиме”

Пет Американци кои и служеле на морнарицата биле сведоци на мистериозни летечки објекти, кои им сметале на бopбените авиони на брегот на Јужна Калифорнија во 2004 година.

Гери Ворис, Џејсон Тарнер, Патрик Хјуз, Рајан Вајглт и Кевин Деј велат дека биде дел од американската морнарица кога носачот на авиони Нимиц имал средба со НЛО во ноември 2004 година, пренесува Дејли Меил.

Претходно оваа мистериозна средба ја поткрепуваше само црно-бела снимка која била снимена од бopбен авион.

Сугарески прашува: “Дали чувствувате одговорност за загадувањето?” (ВИДЕО)

Сеќавање на едно време кога тогашниот пратеник, а сега министер од СДСМ, Горан Сугарески и неговите сопартијци беа загрижени за здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.

Како е денеска, проценете сами…

ДPAMA ВО CУДHИЦATA: Вештak потврди дека снимените разговори се лепени, сечени и монтирани?

На денешноторочиште за предметот „Насилство во Центар“ одбраната го испитуваше вештакот Мирослав Котевски, доктор по технички науки.

Тој истакна дека снимката доставена до судот како доказ од страна на СЈО, согласно со записот од системот кога бил создаден разговорот меѓу, како што наведува СЈО поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бил остварен на 1 јуни 2013 година, но потоа бил модификуван на 14 август истата година во 12 часот – пишува “Инфомакс”

На прашање на одбраната што значи модификуван, Котевски истакна дека можело да биде скратен, копиран, променет. Исто така, истакна дека постојат многу едноставни алатки достапни на пазарот кои овозможуваат модификација на снимките.

Извор: “Инфомакс”

Пpoтecт и почеток на штpajк на вработените во прилепски „Еурокомпозит“

Шеесетината вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ повторно се собраа на протест пред фабриката, прекинувајќи ја работата и барајќи си ги своите права. Тие велат дека сѐ уште не ги зеле сите плати за повеќе од четири месеци, ниту им е извесна иднината. Инаку, 154 вработени заминаа технолошки вишок и на сите со закон им е овозможена исплата на заостанатите придонеси. Сега голем проблем имаат вработените. Велат отсега стапуваат во штрајк со порадикални мерки.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во „Еурокомпозит“, штрајкот и радикалните мерки се поради тоа нема никаква најава што ќе се случува со вработените.

-Имаме најавено од денеска генерален штрајк и почнуваме со порадикални мерки со протести по улиците и собирање пред Владата. Во последниве четири месеци зедовме во просек вкупно 30-ина илјади денари. Немаме никаква работа. Упатуваме апел до Владата под итно да се најде работа од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Доколку не се најде такво решение, подобро е да се стави клуч на вратата на „Еурокомпозит“. Бараме под итно да ни се исплатат по 30.000 денари за да почнеме со работа. Жално е кога сите се борат за зголемување на платите, ние се бориме за минимална плата, рече Богданоски.

Помина една година кога 154-ица работници заминаа технолошки вишок, а од ветувањата дека ќе се најде инвеститор и оти ќе се исплатат побарувањата нема ништо, наведуваат работниците.

– Мора да се каже дека и за оние кои заминаа технолошки вишок и за нас, 63-јца кои останавме да работиме, со Закон се реши прашањето за заостанатите придонеси. До септември се платени. Но ние продолживме со работа, а не ни е средено со платата и неизвесна е иднината. Ако вака се продолжи, повторно треба да ја молиме Владата да ги решава придонесите, изјави Богданоски.

На менаџментот му се дадени роковите кои ги бараше, но ништо не е решено. Затоа, како што велат вработените во „Еурокомпозит“, мора да се преземат порадикални мерки.

Со детектор за метал барале изгубена бурма, а најдоа цело богатство (Видео)

Кога двајца Ирци тргнале со детектор за метал да ја бараат изгубената бурма на едниот од нив, не можеле ниту да претпостават дека ќе си заминат дома побогати за 100.000 фунти.

Пол Рајнард (44) се расплакал кога заедно со најдобриот пријател Мајкл Гвин (52) наишол на вистинско богатство во Северна Ирска.

Пријателите пронашле 84 златни парички кои датираат од 16 век. Експертите велат дека само една ултраретка паричка со ликот на Хенри Осми вреди 5.000 фунти.

Меѓу нив се наоѓала и паричка од 1546 година кога владеел кралот дете Едвард Шести, со вредност од 3.000 фунти.

-Ова е момент за кој сонувавме. Беше тоа неверојатно чувство, нешто како проверување на броеви од лотарија за да видите дали сте добиле. Се тресев од возбуда, се уште не можам да верувам, изјавил Рајнард.

Паричките се на проценка во Мизеј, а според првичните информации нивната вредност е 100.000 фунти.

Што се однесува до бурмата, таа не е пронајдена.

ФОТО: Падна првиот снег на Балканот: Еве каде вееше синоќа

Втората половина на ноември ќе ја одбележи натпросечно топло и претежно облачно време со дожд.

Иако немаше најава, снег денеска падна во Босна и Херцеговина.

На фотографии кои локалните жители на градот Купрес ги споделија на друштвените мрежи може да се забележат со снег покриени предели во градот кој за време на зимата важи за едно од омилените места на љубителите на снежните идили.

Регулаторна донесе одлука: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денара.

За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Teшка cooбpaќajka на патот Прилеп-Градско кај Дреново

На 17.11.2019 во 14.30 часот на патот мотел „Дреново“ – Кавадарци се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(36) од с.Возарци и мопед марка „баотијан“, без регистарски ознаки, управуван од Т.П.(28) од с.Дреново.

Во нe3годата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот на мопедот Д.П.(32) од с.Дреново и бил пренeceн во болницaтa во Кавадарци за укажување лекapcка помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат во полицискиот билтен на МВР.