дома блог страница 2939

Лоша најава од УХМР: Еве што не очекува наредните денови

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, која попладне ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од нула до 10 степени, а дневната температура од 10 до 19 степени.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Стар лек за тироидната жлезда и за забрзување на метаболизам

Во минатото често пиеле ликер од зелени ореви, бидејќи знаеле дека е поефикасен од многу лекови. Оревите лекуваат различни болести, и тие се многу корисни за тироидната жлезда, грлото, респираторните проблеми, бронхитисот, како и за зајакнување на имунитет.

Националната медицина препорачува оревовка за лекување на анемија, но исто така и како прва помош за проблеми со желудникот и за забрзување на варењето на храната.

Ликер од ореви

Потребни ви се: 40 млади ореви, 1 кг мед, 1 литар ракија.

Подготовка: Ставете ракавици и исечкајте ги младите ореви, ставете ги во поголема тегла и над нив додадете 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете ја со соодветен капак и оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена.

Повремено промешајте ја содржината со пластична лажица.

Оревовката е исклучително богата со јод и затоа е добар лек за болест на тироидната жлезда. Пред сервирање, нежно протресете ја оревовката за да го подигнете лековитиот талог. Како аперитив, оревовката служете ја со мраз и парче лимон.

Нашиот Јане го запозна Дејвид Бекам и побара да се заштитат и промовираат правата на децата (ВИДЕО)

На Светскиот Ден На Детето, нашиот Јане Велковски заедно со други деца им се придружија на Дејвид Бекам и Мили Боби Браун за да зборуваат за детските права.

Јане Велковски вечерва се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот „Светски ден на детето“.

(ФОТО) Патриотизмот не секогаш носи профит: Погледнете и ќе ви стане јасно

Иако не успеал, на овој типер треба да му се пружи рака. Да погодиш вакви парови, со вакви коефициенти, е навистина мајсторство.

За жал натпреварот помеѓу Австрија и Македонија кој се одигра викендов бил кобен и бил причината поради која не освоил 10.000 евра.

Погледнете што се погодил во изминатите неколку дена:

Лашкоска: “Сугарески истиот човек сте вие од денес и тој во 2014 година? Тогаш скокавте од место, а денес…” (Видео)

Министерот Сугарески беше истиот човек којшто во 2014-та кога носевме закон за земање на заем за овој проект скокаше од говорницата, сега истиот тој не убедува да се задолжиме дополнително затоа што владата не успеа да го сработи проектот за трасата, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска од собраниската говорница.

-Денеска е на дневен ред Предлог законот за измени и дополнувања на законот за инфрастуктурни проекти за изградба на патната делница Кичево-Охрид, кој министерот Сугарески збунето лани се обудуваше да го брани, на „најспособната“ влада во историја на Република Македонија и беше потребна цела година да пушти закон во собрание за гаранција на Република Македонија на обврските по заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, истакна Лашкоска и додаде:

„Треба да се потсетиме каков театар имаше на левата страна од собранието, каде што седеше и Сугарески и претставници на СДСМ во моментот кога го носевме законот за заем за изградба на автопатот Кичево-Охрид со најголема забелешка за каматната стапка од 2% на годишно ниво за договорот со Експорт Инпорт банката на Кина, сега Сугарески излегува дека истата каматна стапка од истата банка била одлична идеја, вели пратеничката“.

Имено, според Лашкоска, владата во образложение ни наведува дека зема кредит за непредвидени работи во текот на работата со изградбата на делницата и ова е откритие за СДСМ дека за свлечишта или за широк ископ, повлекување земјени работи, само човек што нема сработено не предвидува дека ќе има провлекување на вакви работи во текот на изградбата.

Таа вели дека кога СДСМ е на власт во Македонија не сработуваат ништо, лажат и повторуваат едно исто, но вистината излегува на виделина.

-За овој проект на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека е промашена трасата, само граѓаните и економијата трпат штета од ваквото неработење и функционирање на оваа влада. СДСМ треба да се извини на граѓаните на Република Македонија затоа што не успеа за три години да го продолжи со работа на штета на граѓаните, дополни таа.

Овој заем е само еден од ред на задолжувања, којшто ги има направено оваа влада, за последните 4 месеци ја задолжија оваа држава за 270 милиони евра, а министерката Нина Ангеловска со 5 задолжувања откако е министер, а ниту еден капитален проект.

“Што бара новиот градски автобус од 250.000 евра во Скопје?” (ФОТО)

Читател ни испрати фотографии од еден од новите прилепски автобуси за јавен градски превоз забележат на патарината пред Скопје.

Овој автобус е еден од четирите кои за вредност близу од 1 милион евра ги набави Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при Општина Прилеп.

Останува нејасно што бара автобус од прилепскиот јавен градски превоз во Скопје. Дали автобусот е однесен на сервисирање и дали има некој дефект?

Инаку набавката на овие автобуси ги следеа низа контроверзии и сомнежи на кои реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, од каде посочуваа дека за набавката на автобусите не бил објавен меѓународен тендер.

(Видео) Xopop за време на летот Келн – Скопје

Синоќешниот лет од Германија кон Македонија, поточно летот од Келн кон Скопје ќе им остане долго во сеќавањата на патниците од авионот. Како што пишува порталот ин7.тв за време на летот се случиле големи турбуленции кои траеле повеќе од нормално.

Силно тресење и стравот предизвика вистинска паника кај патниците кои што патуваа со авионот на една позната компанија.
Како што дознава ин7 од патниците кои што биле во авионот, надвор имало силен ветер и никој од нив не се сомнева дека можеби станувало збор за некој технички проблем на авионот.

-Се вознемиривме. Турбуленциите беа силни и траеа долго. Во еден момент видов еден паднат патник на кој што стјуардесите му помагаа. Не ми се случило никогаш порано ова, открива еден од патниците во авионот за ин7.тв.

 

ФК Осогово со реакција за изборот на Мурињо- “Предавник!”

Жозе Мурињо го одбра Тотенхем и ги разочара сите во Осогово, клубот од Кочани стана „славен“ на твитер со понудата за Мурињо кога минатата година остана без ангажман.

Осогово иако е второлигаш е еден од најорганизираните клубови во Македонија на социјалните мрежи, на твитер повторно се пошегува на сметка на Португалецот кого го нарече „предавник“ откако го избра Тотенхем наместо Осогово.

Познато е кој ќе биде технички Премиер во Македонија

Актуелниот министер за внатрешни, Оливер Спасовски, ќе биде технички премиер, ова за “ТВ Сител” го потврдил извор во партијата.

На 3 јануари, откако Заев ќе ја напушти премиерската функција, а на негово место ќе биде Оливер Спасовски.

Девојчето со ангелски глас од Прилеп кое сите ги остава без здив: Интервју со Александра Трајческа

Александра Трајческа е младо и супер талентирано девојче од Прилеп со ангелски глас. Кога таа пее публиката ужива во секоја секунда, секој стих, секој рефрен… Александра е прва година на Државното музичко училиште во Битола, а иако толку млада досега има еден куп настапи зад себе и секаде, ама баш секаде, се има претставено во прекрасно светло. Македонската публика подобро ја запозна преку нејзините настапи на талент шоуто “Пинкови ѕвездички”, каде редовно добиваше пофалби од стручното жири. Во продолжение разговараме со нејзе за досегашните достигнувања и идни планови на музички план.

1.Здраво Александра, кажи ни нешто повеќе за тебе и кога кај тебе се разви љубовта кон музиката, односно кога за прв пат забележа дека поседуваш музички талент?

-Љубовта кон музиката кај мене се разви уште на мали години. Паметам како заедно со моите сестри приготвуваме танцови и песни, додека телевизорот во дневната соба ечеше со македонските хитови на к-15. Но, талентот го открив можеби на свои 7-8 години со песната “Оро” на Јелена Томашевиќ. Потоа се запишaв во детскиот градски хор каде oд 10 години сум солиста.

2. Што претставува музиката за тебе?

-Клише одговор но, сепак вистината-живот. Музиката успева да ги опише сите постоечки чувства, желби и мисли. Таа дава слобода на изразување, неустрашливост, ми дава потполно право да бидам јас без никакви каења. Таа ми е терапија и одмор од секојдневниот живот.

3. Уште од мали години настапуваш. Имаш ли некој настап кој можеш да го издвоиш како најзначаен досега и кој секогаш ти буди посебна емоција?

-Дефинитивно тоа е првиот круг на “Пинкови Ѕвездички”. Не затоа што ми е најдобар, туку поради тоа што ме внесе во светот на перформирањето. Ми покажа колку можам да допрам до публиката и како можам да го искористам тоа што Господ ми го дарил, за задоволство, како на себе, така и на публиката. Тогаш почувствував еуфорија и до овој ден неможам да го заборавам чукањето на моето срце и среќата после тој настап. Исто така можам да го истакнам и настапот од финалето на минатогодишниот натпревар, каде настапив со џезерска верзија на музичкиот хит “Тoxic”. Tоа беше настап каде се покажа една друга страна на Александра, во свој елемент и со музика која јас ја обожавам.

4. Твоето образование го продолжи во средното музичко образование во Битола. Како ти оди таму и дали со сигурност ќе продолжиш и на високо музичко образование?

-Училиштето каде што продолжив е стриктно за класична музика, но многу работи се применуваат во целата музика. Супер е и секојдневно учам како чекор по чекор се создава оваа магија-музиката. Напоредно одам и во приватното училиште “Матрикс” каде работам со професорот Денис Димоски на свое вокално и артистичко напредување. Високото образование за мене е неизбежно, но незнам дали тоа би било во Македонија.

5. Имаш ли освоени награди?

-Освоив прво место на државно ниво минатата година за соло изведба како и многубројни хуманитарни благодарници.

6. Te гледавме на музичкото талент шоу “Пинкови ѕвездички”. Какво искуство беше тоа за тебе и колку придонесе ова натпреварување во твојот музички развој?

-Како што напоменав тоа ме внесе во водите на перформингот и музиката, ми покажа дека сцената е место кое кога и да се вратам ќе биде моја дома.

7. Во што се разликуваат ваквите талент шоуа во Србија и Македонија?

-Па во Србија ги има и се добро рекламирани, додека македонските може да се кажи дека не постојат.

8. Каде се гледаш за 15 години?

-Себе си за 15 години би сакала да се видам среќна работејќи го она што го сакам и најверојатно со 3 кучиња и некој мачор.

9. Дали се подготвуваш за нешто во скоро време и дали може да очекуваме твоја нова песна?

-Често снимам за прилепскиот театар со Томе Темелкоски, го отворив и премиерниот театарски детски фестивал “Силјан Штркот”, а во моментов работиме на проект кој би излегол следната година заедно со Томе.

10. Имаш ли некакво хоби или омилено место каде го трошиш твоето слободно време?

-Обожавам да танцувам и го сакам театарот.

11. Патување или шопинг?

-Патување.

12. Каде би сакала да настапиш, која е твојата животна желба?

-Не постои посебно место, би сакала да настапам пред публика која ќе ужива и ќе успеам да и го пренесам моето чувство кога ја слушам музиката, слобода и комфор.

13. За крај, кое е твоето мислење за музичката сцена во Македонија и дали македонската публика знае да ја цени домашната музика?

-Нашата музичка сцена дефинитвно во последно време се крева на нозе и народот почнува да го цени и нашето. Но, мислам дека македонските музичари како Каролина, Калиопи и многу други неоткриени заслужуваат многу поголема признание.