Ова е дефинитивно промена на улогите. Зелена жаба проголта цела змија отpoвница, а ова видео покажува колку е сурова борбата за опстанок во природата.
Жабата сфати дека ова сепак беше преголем залак за неа и ја пушти змијата:
Носачи на мpToвечки ковчези на погpeб и се потребни на Германија. Оваа работа најчесто ја прифаќаат пензионери и студенти.
Недоволниот број на вработени на ова работно место сеуште не довел до одложување на пoгpeб, вели Кристијан Јегер, директор на здружението за погpeби во Германија.
До неодамна ковчезите ги носеле пријателите или роднините, но сега тоа се променило.
“Како што се променувале солцијалните околности, стана нормално нивните места да ги заменат пензионери или студенти кои сакаат дополнително да заработат”, вели Јегер.
Македонската претставничка на Детскиот избор за песна на „Евровизија“, Мила Москов, вчера ја имаше првата проба. Четиринаесетгодишната Мила, во недела, на 24 ноември во Гливице, Полска, ќе се претстави со песната „Fire“.
Веднаш по објавувањето на песната, минатиот месец, таа ги собра симпатиите на обожавателите на музичкиот настан ширум светот.
Мила Москов инаку доаѓа од Прилеп и ја има целата поддршка од нејзините сограѓани.
Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?
-Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн, рече Мицкоски и додаде:
„Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме“.
Показно тактичка вежба ќе се реализира во сабота со почеток од 12 часот во Кавадарци, на спортските терени „Јасмин“. Вежбата е за обезбедување на место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица.
Според сценариото за вежбата, учесници се претставници на МВР, оддел за заштита на личности и објекти, оддел за специјални полициски операции – единица за специјални задачи „Тигар“. Ќе учествуваат и припадници на хеликоптерската единица, единицата за службени кучиња при МВР и припадници на кримтехника и сообраќајна полиција од СВР Велес – полициска станица Кавадарци.
Во вежбата ќе бидат вклучени и од локалната самоуправа, територијалната против пожарна единица Кавадарци и Неготино, итната медицинска помош Кавадарци, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци и подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.
Денеска беше изведена генерална проба за оваа голема вежбовна активност на надлежните институции за дејствување при непогоди.
Ова е рецепт кој лечи цело тело: ги чисти крвните садови, го лечи срцето, го зајакнува имуниот систем, бубрезите и останатите системи за излачување, но и дигестивниот систем од патогена микрофлора.
Помага кај подобрување на мозчните функции и памтење, штити од инфаркт, помага кај воспалени зглобови, но е одличен лек против некои видови на рак. Исто така ја регулира и телесната тежина.
Состојки:
400 грама проникнато жито (пченица) 15 лимони (органски) 12 чешниња лук 1 кг мед 400 грама ореви
Подготовка:
За да ја подготвите никнатата пченица, ставете околу 400 грама пченица во стаклена тегла, ставете вода и оставете преку ноќ. После 10-12 часа, прецедете ја водата низ чиста крпа/газа и малку измијте ја пченицата.
Оставете ја исушената пченица во тегла уште 24 часа и ќе добиете ‘ртена пченица.
Смелете ја заедни печницата оревите и исчистените глави лук. Смелете 5 лимони со кора и измешајте се во сад. Земете го само сокот од преостанатите лимони и измешајте го со остатокот додека не добиете хомогена смеса. Додајте мед и измешајте со долга дрвена лажица, а потоа префрлете во тегла, која треба да ја чувате во фрижидер. После 3 дена смесата е готова.
Употреба:
Земајте по 1-2 лажички од смесата 30 минути пред доручек, пред ручек , пред вечера и пред спиење.
За лекување на рак земајте од мешавината на секои два часа.
Рецептот гарантира долг и здрав живот, ја чува свежината на телото, младоста и енергијата, бидејќи ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни состојќи, протеини, јаглени хидрати и и растителни масти. Ја подобрува функцијата на сите внатрешни органи и жлезди.
Извор: “press24.mk”
Претседателот во заминување на Европскиот совет Доналд Туск е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП). Така одлучија синоќа во Загреб претставниците на тие партии на кои Туск им вети дека ќе се бори против популистите.
За Туск гласаа 491 пратеник, а против 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.
Првиот лидер на Централна и Источна Европа на ЕПП ќе го замени Французинот Жозеф Дол, кој ја предводи партијата од крајот на 2013 година.
Туск (62) беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија на десен центар и најсилната група во Европскиот парламент.
Ако припаѓате на групата луѓе кои, откако конзумирате портокали, обично ја фрлате кора, повторно не правете го тоа. Кората од портокал има многу лековити својства и можете да ја примените во вашето домаќинство.
Ако има непријатни мириси во вашиот фрижидер, крајно време е да ја искористите кора од портокал. Сè што треба да направите е да ја посолите кората и да го ставите во фрижидер.
-Солта ќе апсорбира мирис и влага, а кората од портокал ќе остави свеж мирис на цитрус, велат експертите.
Со кора од портокал, можете да ги исчистите дрвените површини во вашиот дом. Ставете ја кората од портокал во тегла и прелијте со оцет. Оставете ја смесата да отстои две недели и на крајот ќе имате потполно природно, нетоксично средство за чистење.
Течноста исцедете ја, пренесете ја во шише со спреј и започнете со чистење.
Покрај дрвените површини, со оваа средство можете да ги исчистите и дамките од бигор. Можете исто така да користите кора од портокал за да го освежите својот дом или гардероберот.
Треба да ја завиткате кората од портокал во крпа или стара облека и да ја оставите насекаде во плакарот. Кората од портокал содржи 90 до 95 проценти лимонен, хемикалија која е токсична за комарци, мушички и други слични инсекти.
Едноставно ставете ја кората од портокал близу вратата и прозорецот и извадете ги инсектите од вашиот дом на едноставен и исклучително ефтин начин.
Во текот на летото за да спречите каснување од комарци, можете да нанесете кора од портокал на телото или да подготвите лосион така што ќе ја исушите кората, ќе ја смелете, а потоа да измешате со вода.
(Твит на денот)
-Шилегов вика дека Борис Сарафов го убил Ѓорче Петров ?
Fun fact: Ѓорче Петров починал во 1921, Борис Сарафов во 1907
Шилегов вика дека Борис Сарафов го убил Ѓорче Петров ?
Fun fact: Ѓорче Петров починал во 1921, Борис Сарафов во 1907 pic.twitter.com/nphU4FzS16— Библиотекарката (@natatonajubava1) November 20, 2019
Денеска е Собор на св. архангел Михаил.
Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови.
Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска вojска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“.
Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.