дома блог страница 2934

“Видео обраќање на Градоначалникот Јованоски”

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп преку објава на социјалните мрежи потсетија на обраќањето и ветувањата на актуелниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Во објавата се наброени ветувањата на Јованоски дадени во предизборието за локалните избори во 2017 година, а од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека речиси ниту едно од нив не е реализирано.

Објавата за кратко време предизвика лавина на реакции од граѓаните кои потврдуваат дека локалната власт многу малку прави за да го реализира она што го ветија.

(Видео) Вонредна состојба: Плажите во Грција како да се бомбapдиpaни

Делегација на грчката Влада предводена од министерот за одбрана Никос Панајотопулос, од утрово е на Халкидики за да ја утврди штетата од поплавите кои го зафатија овој полуостров и островот Тасос.

Обилни дождови и силни ветришта направија голема штета во Грција, пренесуваат грчките медиуми. Во осум селски месни заедници на југот на Тасос и две во општина Кавала, на копно, синоќа беше прогласена вонредна состојба.

“Министерката бојкотирана од бизнисмените, им читаше за НАТО на ученици и директори од училишта?”

Иако панел дискусијата носеше наслов „Улогата на бизнис заедницата во градење цврсти партнерства со НАТО сојузниците“, бизнисмените по се изгледа изостанаа…

Во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, синоќа во големата сала на Општина Прилеп се одржа панел дискусија на тема „Улогата на бизнис заедницата во градење цврсти партнерства со НАТО сојузниците“.

(Видео) Се зголемуваат: Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Науру? Каде е тоа? Тоа една од најмалите држави во светот и 17-та држава која го повлече признавањето на Косово.

Науру е поголема од Ватикан и Монако, но го носи епитетот најмалата република во светот. Оваа островска држава ја открил британскиот морепловец Џон Ферн и ја нарекол “Убав остров”.

Меѓутоа, името кое на овој остров му го дале локалните жители потекнува од зборот “анаоеро”, што значи “Одам на плажа”.

Пендаровски: Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава (ВИДЕО)

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.

Пендаровски истакна дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.

-Малиот шенген е една иницјатива, но тој нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме потполно зависни од Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум за млади лидери.

Претседателот Пендаровски рече дека процесот на проширување на ЕУ ќе потрае, затоа „Имаме информации дека во државите членки ќе има многу проблеми“ поради новата методологија која што ја предложи Франција.

-Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ, тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да го трансформираме нашето друштво, но вистински, а не бирократски, рече Пендаровски.

На регионалниот форум за млади лидери во Нови Сад учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Инаку, Пендаровски престојуваше во дводневна посета на Србија, каде што оствари и повеќе средби со високи српски претставници.

Екcклyзивна фото галерија: “Евакyaциja од нajвисоката згpaда во Прилеп”

Членовите на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп денеска изведоа технички тренинг (вежба) – спуштање и извлекување на лица од висококатната зграда, познатата 13-катница во Прилеп.

“Активноста опфаќаше користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина.

Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни”, велат во соопштението од клубот.

Вежбата е дел од активностите на СК Златоврв – Прилеп за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.

Денеска искористете го времето- утре големо разочарување, еве какво време не очекува во понеделник

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до 10, а дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Во недела и понеделник ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

(Видео) Во Шпанија можете да купите цело село за цена помала од стан во Скопје

Роси Костоја е ветеринарка и претприемачка, која израснала во село. Таа го руралното зеленило на Галиција, на северозападниот брег на Шпанија, но овој регион изymиpa бидејќи луѓето ги напуштаат селата.

“Татко ми имаше ранч и како дете имав навика да се шетам низ малите села кои беа напштени”, вели таа за Би Би Си. Галиција има 3562 напуштени села, а тој број се зголемува секоја недела.

Затоа Роси направила фирма која ќе го реши овој проблем со продажба на цели села од оваа област.

Јанушев со отворено писмо: ВМРО ќе победи убедливо, ќе донесеме обнова тоа и го должиме на Македонија

-Ова писмо го пишувам не за да кажам колку државата е тргната во погрешен правец, тоа веќе на сите им е јасно, туку да остане запишано што сме зборувале, за што се бориме, за која кауза.
А, таа кауза во која сите веруваме и за која се бориме е поголема од сите наши поединечни интереси, суети и превирања, особено во овие моменти кога власта притиска да се молчи,впрочем таа кауза не обврзува да се биде гласен, зошто молчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза, ова го порачува во отвореното писмо генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-А, нема да молчиме затоа што пропаѓаме како држава, како општество, и тоа во „дупло дно“, а безвременскиот Горан Стефановски во истоимената престава ќе напише реплика која неодминливо звони во овие последни месеци на оваа власт:„Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот“. Таквото „дупло дно“ го гледаме во секој агол во општеството, и тој срам не се „пере“ со некоја неуспешна изјава на премиерот за дефокусирање на вистинските теми, ниту пак со онаа замислена кавга помеѓу дворјаните во судството седнати во скутот на Заев, или пак со измислените покачувања на плати и пензии, кои всушност се намалувања или дел од ускратеното на луѓето кои треба да го добијат. Тоа „дупло дно“ не се брише ниту пак со безсуштинската борба на Шилегов за опстојувањето на Јапонските цреши, чие сечење, па садење, наликува на црпење на вода со кофа со дупнато дно, само колку да се помине денот, а да не се збори за тоа „дупло дно“ до кое не донесоа. Или пак онаа ќулавка врз главата на Катица не го мие од одговорност Заев, бидејќи не само што тоа е сликата на правдата денес во Македонија, туку тоа е сликата за срамот на Заев чиј што довчерашен најверен слуга беше токму Катица, пишува Јанушев во писмото.

-И сите оние кои мислат дека Заев утре ќе ги спаси за криминалите кои ги правеле за вождот на сегашната власт, нека ја имаат на ум сликата со ќулавката бидејќи така изгледа кога Заев пушта низ вода за да се спаси себе си. А, сега малку за вистинските „дупли дна“. Одговорноста за неуспехот во правосудството има име и презиме и се вика Зоран Заев. Ваквите божемни расправии помеѓу Обвинителството и Апелација за пуштањето од ефективен притвор на Катица е оркестрирано сценарио на Заев со кој тежиштето на вината за корумпираното судство сака да ја префрли од Владата во рацете на нејзините извршители, односно судството. Проѕирно сценарио во кое мислат дека профитираат со тоа што ќе прикажат дека судот самоволно ја пуштил Катица, додека портпаролот на СДСМ во обвинителството – Рускоска крева врева по принципот „држете го крадецот“. Ова е понеуверливо продолжение на оваа фарса од првиот дел на кавгата помеѓу Џолев и Дескоска, бидејќи сите заедно се лицето и опачината на една паричка чиј заеднички именител е Заев. И секако целата оваа монтирана кавга за перење од одговорноста за неуспехот на судството во гонењето на криминалот ќе заврши со една епохална порака на обвинителката портпарол „ќе ви ги истресам гаќите“, која доколку некој има дилема дали и доликува на еден обвинител ќе потсетам дека тое е милје во кое премиерот дели лекции за „мало сутра“, „мрчи“, кажува дека „баклавата била изедена, само њега нема“, „ќе ја мажел земјава за богата фамилија“ … што укажува на тоа дека е природно и обвинителот да е на истото ниво. И двајцата ја играат истата фарса зошто Катица може да пропее, додава Јанушев во отвореното писмо.

-Се разбира дека не убедуваат и дека Владата нема ништо ниту со бегството на убиецот на Мартин Нешкоски, зошто тие го пуштија да избега. И никаде ги нема оние „начучулени“ и сега напикани „револуционери“ на добро платени позиции да велат дека „нема правда-нема мир“, или пак да го прашаат како е братот на Нешкоски чиј израз на лице во една скорешна изјава кажува се, а тоа е горчина и збунетост. Впрочем, нели е тоа чувството кој го дели секој еден човек за сите неправди, падови и порази кои како нација ги доживуваме цели 28 години? И нели е време повеќе од било кога порано да ги смениме работите? Да го надминеме ова „дупло дно“, затоа што не смееме веќе да дозволиме компромиси со правдата и мораме да се бориме за апсолутна правда. Мораме да направиме реформи кои ќе донесат независно судство и одговорност за оние кои ги кршеле законите. Може да бидат нервозни и исплашени само оние кои правеле криминал. И да, навистина треба да се плашат.
Мораме да се избориме земјоделците да го добијат заслуженото и никогаш повеќе да не бидат злоупотребени. Да го вратиме достоинството во здравството, за лекарите и медицинскиот персонал, но и за пациентите. Да направиме силен економски бум кој ќе донесе приходи за бизнисот и повеќе пари за граѓаните. Да си ги вратиме добрите луѓе кои си заминаа од земјава. Да започнеме сериозна борба против загадениот воздух за да спасиме животи. За да го направиме ова потребно е да ги победиме овие кои ни го донесоа сето ова поради кое денес тонеме, порачува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите. И нема да ви поминат сите лаги кои ги посипувате и со кој ја напаѓате вистината, нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? … дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка… И сакам однапред да им кажам на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година, и дека сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете … со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас! И немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите, пишува Јанушев.

-Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте. Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви е заборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме. Немојте да мислите и дека заборавивме на патриотите кои лежат по затворите или пак на криминалците кои ги пуштивте на слобода. Не забораваме и за штета која ја направивте за името и достоинството со кое тргувавте. Нема да ви поминaт ниту оние лаги кои засилено ги лиферувате, како онаа дека вие сте биле помалото зло, бидејќи ВМРО било поголемото, дека ние наводно сме биле антизападна сила, ама вие на чело со Заев – е прозападната. Демантот пристигна од Европската Народна партија, а тој вели – цитат на Мицкоски споделен од ЕНП (EPP):„Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности“, стои понатаму во отвореното писмо.

-А ВМРО ќе победи, силно и убедливо, зошто за мене како и за многумина од мојата генерација ова е нашата животна битка. ВМРО, месните, општинските комитети се на нозе! Спремни за обновата за која мораме да се избориме. И ова е најмалу борба за некаква власт, туку борба за иднина во која веруваме дека мораме да ја донесеме. Македонецот не ја витка кичмата и не верува во чуда, но верува во казуа, идеја која не одржала низ времето. Големиот Македонец Гоце кажал „Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива“!
Ова е битка во која влегувам со целото мое срце, и знам дека ќе победиме. Тоа го должам на сите обесправени, на сите несреќни, на сите со изневрени надежи и оправдани неисполнети очекувања, тоа го должам на моите два сина, на луѓето кои ги сакам, тоа го должам на ВМРО и на Македонија!, го завршува отвореното писмо Јанушев.

Уште еден министер на Заев призна дека премиерот во заминување лаже

Пред да дојде на власт, премиерот во заминување Зоран Заев си поигруваше со емоциите на граѓаните и нивната болка за најблиските, потсетува пратеникот Антонио Милошоски. Тој го сподели видеото на кое во предизборието од центарот во Битола, премиерот во заминување ѝ ветуваше на една мајка дека ќе ѝ го врати синот.

Во едно гостување неодамна, министерот без ресор и член на СДСМ, Едмонд Адеми, призна дека ова ветување е само една голема лага.

“Секој кој вели дека ќе го запре иселувањето, ве лаже. Секој кој вели дека тие што заминале ќе ги врати дома, исто така лаже, вели Адеми.

Извор: republika.mk