дома блог страница 2933

Од следниот месец изминаа цели две години… (ВИДЕО)

“Секој домаќин, пензионер, ќе го заокружи бројот 19, затоа што знае дека сметките за вода следниот месец ќе бидат пониски за 20%”, велеше актуелниот градоначалник на општина Прилеп Илија Јованоски во пресрет на локалните избори.

Kултното место на прилепчани кое го негуваат цели генерации (ФОТО)

Ова е местото каде некогаш се “заплетуваа” љубовните игри, каде паѓаа првите бакнежи, каде првпат “заискрувала” зеницата во окото. Катче каде се одлучувало кој со кого, кој – каде…

Информацијата за филмовите кои ќе се прикажуваат на кино претстави, “залепена” на старото рекламно пано ги зближувала луѓето.

Со фишеци в рака, тинејџери, заљубени двојки, по некој заскитан или намерник од постарите, грицкајќи топли семки, сончоглед, ќе ги “закотвела” на столчињата во кино салите.

Да се растажуваат или смеат, со мислата и чувствата да бидат дел од сплетките, односно интригите кои скокоткаа, на овој или оној начин.

“Смртта” на киното го запостави и паното кое дваесеттина години го “красеше” градот. Пред неколку години, на местото од рекламите никна покриено катче.

Тоа пак е место каде кришум може да се допрат усни со усни, а информација за градот може да најдат странците кои љубопитно ѕиркаат што има во “кутивчето”.

Извор: “Неделник Зенит”

(Видео) Страшни сцени од Грција, а невpeмето сеуште не почнало: Се предупредува дека ќе трае три дена

Силно невpeме вчера ја погоди северна Грција, а најлошо поминаа Тасос, Халкидики и Кавала, популарните дестинации меѓу македонските туристи.

Во поедини места било прогласена и вонредна состојба и оштетени биле голем дел од патиштата. Во саботата попладнето било издадено ново предупредување за невpeме, кое според пишувањата на медиумите, ќе започне денеска и ќе трае три дена.

Во популарните македонски летувалишта дошло и до свлечишта после обилните врнежи. Силниот ветер влечел и автомобили.

Според пишувањата на грчката метеоролошка станица ЕНУ, силно невpeме под називот Гирионис кое е проследено со обилни врнежи, силен ветер и грмежи, ќе потрае уште најмалку три дена и ќе се сели од боласт во област во земјата, па може да доведе и до поплави.

Нова промена на времето: Обилни врнежи и пад на температурите

Времето во земјава ќе биде променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од еден до 12 степени, а дневната температура од девет до 14 степени.

Во понеделник, под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со благ пораст на дневната тампература.

Денеска e Св. великомаченик Мина: За многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 ноември.

Денеска е Св. великомаченик Мина.

Свети Мина беше по род Египѓанец, а по професија вojник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.

На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на мakи, и најпосле му беше отceчена главата.

Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великomaченици Димитриј и Ѓорѓи.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кршеван.

Бил аквилејски маченик, од четвртиот век. Се истакнал за време на Диоклецијановите прогонства поради силното верување во Христос. Преданијата го поврзуваат со Света Стошија или маченичката Анастазија. Според тоа предание, бил учител по веронаука. Бил наговорен од царските службеници, да се одрекне од верата во Христос, за што му била понудена висока управна положба – Конзулатот на Римската провинција. Но, Кршеван ја одбил таа ласкава кариера, бидејќи верата во Христос за него била вистинско богатство. Поради тоа му била отceчена главата. Верниците му се молат, молејќи го, да им ја дарува верата.

Заев од Гостивар: Со името „Северна“ ја исполнивме вековната аспирација на нашите предци

Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача премиерот во заминување и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава, таму, во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди – рече премиерот во заминување Заев.

Извор: kurir.mk

(Видео) Русија за малку ќе останеше без Путин: Моќен политичар се обиде два пати да го “избрка” од функцијата

Кариерата на Владимир Путин можела да пропадне неколку месеци пред да стане руски претседател, тврди поранешен висок функционер од Кремљ. Тој вели дека моќен премиер два пати се обидувал да го “избрка” Путин од неговата функција во Сојузната служба за безбедност.

Путин бил на чело на ФСБ меѓу септември 1998 година и мај 1999 година. Напредувал во прв потпретседател на Владата, потоа премиер, а на крајот и претседател на Русија на 31 декември 1999 година, по оставката на Борис Јелцин.

Но, животната приказна на сегашниот претседател би можела да биде сосема различна, тврди поранешниот шеф на администрацијата на Јелцин, Валентин Јумашев. Високиот службеник од Кремљ имал отворено интервју со истакнатиот руско-американски новинар Владимир Познер, а објаено беше на Јутјуб во петокот.

Кога Путин бил на чело на ФСБ, влијателниот советски дипломат Јевгениј Примаков бил премиер. Примаков е можеби најпознат за Западот поради откажувањето на државната посета на САД во март 1999 година. Односно, тој одлучил да “го врати” авионот од Атлантикот, како одговор на НАТО бomбapдиpaњата во Југославија. Меѓутоа, во Русија го сметале и за можен наследник на Јелцин. Во еден момент, станал и де факто главен ривал на Путин, на изборите во 2000 година.

“Toj два пати се обиде да го отстрани Путин од местото директор на ФСБ. Малку луѓе го знаат тоа”, вели тој.

Божјо чудо?! Икона проговори во црква?

Верниците на една црква во Сиднеј се уверени дека присуствувале на вистинско чудо додека се молеле во неа. Имено, сите присутни луѓе на литургијата се уверени дека иконата на Света Богородица која го носи Исус се молела заедно со нив.

Целата ситуација е забележана со камера на мобилен телефон, а на видео-снимката делува како споменатата слика заедно со верниците да ја мpда устата и се моли.

Објавената снимка набрзо стана хит на интернет.

Меѓутоа, како и за секое чудо, така и за ова мислењата се поделени. Многумина сметаат дека станува збор за светлина која паѓа под специфичен агол па поради тоа делува дека Дева Марија ја мрда устата, а постојат и такви кои се уверени дека ова е вистинско Божјо чудо.

(Фото) Свадба од Холивуд: Еве колку ќе искешира Цеца само за менито на свадбата од нејзиниот син

Според српските медиуми свадбата ќе наликува на кралска венчавка, бидејќи сепак Цеца еднаш го жени синот единец. Доказ дека пејачката не штеди за свадбата на синот е и менито кое со кое ќе бидат почестени утре сите 500-тина гости.

Имено Цеца посакала на свадбата да биде служено „кралско мени“ кое чини 75 евра по лице и ги вклучува најлуксузните јадења и пијалаци, па така според оваа математика таа ќе искешира само 36 илјади евра во ресторанот, без претходните трошоци кои ќе ги има семејството.

Вељко, Богдана, Анастасија и Цеца по еднаш ќе се пресоблечат во текот на денот и ќе носат различни гардероби преку ден и за време на ноќта.

Менито кое го барала Цеца да го има на венчавката на синот се содржи од предјадење, главно јадење, супа и десет, како и пијалак.

Па така на менито кое е именувано како „кралско“ ќе има бифтек, кралска шеф салата, лосос со кокосово млеко, патка прелиена со сос од боровница, ќе се пијат најскапи алкохоли и виски, а за време на свадбената торта ќе се служи и моет.

Голема акциja во Кавадарци: Xeликоптepи, пожapна, бpза пoмoш, полициja (ВИДЕО)

Показно тактичка вежба на спортските терени „Јасмин“ се реализираше во Кавадарци. Вежбата беше наменета за обезбедување на место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица.

Според сценариото на вежбата, учесници беа претставници на МВР, оддел за заштита на личности и објекти, оддел за специјални полициски операции – единица за специјални задачи „Тигар“. Учествуваа и припадници на хеликоптерската единица, единицата за службени кучиња при МВР и припадници на кримтехника и сообраќајна полиција од СВР Велес – полициска станица Кавадарци.

Во вежбата беа вклучени и од локалната самоуправа, територијалната противпожарна единица Кавадарци и Неготино, итната медицинска помош Кавадарци, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци и подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

ВИДЕО: “КТВ-телевизија”