дома блог страница 2932

Да му помогнеме сите на ова мало ангелче: Малиот Влатче заслужува нормално детство!

Се бара помош за малиот Влатче, кој мора да замине на лекување во странство, откако физикалната терапија во нашата држава не дала ефект.

„Тригодишниот Владимир Грчев од Струмица има потреба од наша помош! Боледува од целебрална парализа и неговите родители треба да го однесат на третмани и рехалибитација во Турција во една од клиниките“, се споделува на социјалните мрежи.

Телефонските броеви за донации и сметки се следниве:

(ТЕЛЕКОМ) 143 123 (А1-ВИП) 143 465

Sparkasse Банка – 250008000810856

Комерцијална Банка – 300031000004317

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ДОНИРАТЕ ОД СТРАНСТВО:

Viktorija Grcheva IBAN: MK07250082220151433 SWIFT: INSBMK22

Страшен изум за пакување на тyтyнот во картони: Тутунарите има што да видат (ВИДЕО)

Пред неколку дена започна откупот на тутунот за овогодинешната реколта, па додека тутунарите го пеглаат и пакуваат родот од оваа година, еве еден интересен изум кој ќе им ја олесне работата.

Изумот е дело на Сефере Муховиќ, а на социјалните мрежи собира еден куп реакции и пофалби.

Погледнете:

Koнечно го cкpши малepoт: Несторовски го пocтигна својот пpвенец за Удинезе (ВИДЕО)

Во рамките од 13-то коло во италијанската Сериа А, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го скрши малерот и го постигна дебитантскиот погодок за Удинезе.

Нашиот Илија го постигна водечкиот погодок за тимот од Удине кога во 29-та минута на гостувањето кај Сампдорија стрелаше за 0:1.

(ВИДЕО) ШЕСТА во Европа, Мила Москов од Прилеп е македонска гордост

Претставничката на Македонија на овогодинешниот “Детски Евросонг”, Мила Москов, го освои високото шесто место.

Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

Мила Москов ја „запали“ сцената во Гливице, Полска. 14-годишната пејачка од Прилеп настапи со песната „Fire“ на јуниорската Евровизија.

Погледнете го нејзиниот настап:

(Видео) Пред камера изеде две од најлутите пиперки на светот- погледнете што му се случи

Мексиканскиот јутубер Хуго Лара Ариас изгубил кладба и морал да изеде две лути пиперки, па на крајот завршил и во болница.

На снимката се гледа како јаде две пиперки од вид кој се смета за најлут на светот, а веднаш потоа почнува да се гуши и кашла.

Жените кои беа со него, најпрвин му се смејат, но кога сфатија дека сериозно не му е добро, веднаш повикаа помош. Хуго завршил во болница, а после пет часа неговата сестра објавила дека тој се чувстува добро. „Хуго е стабилен, не знаевеме дека работите може да излезат од контрола“ напишала таа.

Ако е некаква утеха видеото на Хуго досега има половина милион пегледи.

(Видео) Милијардерот гледаше како губи милиони: “Непробојното” стакло на Тесла му потроши 770 милиони долари на Маск

Директорот на “Тесла” Илон Маск доживеа голем неуспех при претставувањето на “Сајбертрак” кога се скрши “непробојното” стакло на возилото.

Шефот на дизајн на Тесла, Франц фон Хозхаусен фрлаше метална топка за време на демонстрацијата во левиот прозор, а стаклото неочекувано испука пред очите на публиката.

Акциите на Тесла загубиле голема вредност по инцидентот, а Маск останал без 770 милиони долари, објави Форбс.

Јанушев до Заев: Бидејќи сакаше сѐ да се објави за „Peкет“ да ти ја освежам меморијата- кој му кажа на Боки дека е пријавен и дали ви е познато едно УСБ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук излезе со коментар на интервуто на премиерот во заминување Зоран Заев за „Радио Слободна Еврпа“ во која тој вели дека сака се да се објави за аферата “Peкет“ и оти нема што да скрие.

Зоран Заев со очигледна нервоза, што би рекол народот од “немајкаде”, “храбро” вели да се објави се за аферата “Peкет”. Можеби обвинителството ќе го послуша или можеби не, но еве неколку прашања за освежување на меморијата:

“1. NSKRO 74/17 – USB, се сеќавате ли г-дине Заев?

2. Кој од влада му дојави на Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет?

И, еве за денес последното:

3. Се сеќавате ли на Вашата комуникација со Јанева?

П.С. – сетете се за комуникацијата затоа што телефонот е на сигурно. ?

И да, за разлика од вашите ова не се лажни вести

(Видео) Невестата Богдана е “купена” според традиционалните обичаи: Започна свадбата на деценијата во Србија- се пука како да е вojна

Вељко Ражнатовиќ во овие моменти влезе во собата на неговата идна сопруга Богдана Родиќ откако претходно ја “купи” според традиционалните српски обичаи. По сите претходни обичаи кои ги направи и го пoгоди јаболкото од прва, младоженецот ја зеде својата идна сопруга и започна веселбата во нејзиниот дом.

Според фотографиите тие одлично се забавуваат, а очигледно истото го прави и Цеца која денеска е највесела свекрва.

Младоженците според фотографиите не се одвојуваат едни од други и цело време играат заедно. Во дневната соба каде што се сите гости еден од сватовите пykaше и со пи штол, а на ова Цеца му возврати со аплауз.

Цензура во Пиринска Македонија: Каракачанов бара забрана на македонски организации во Бугарија?

Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов сигнализираше до јавниот правобранител Сотир Цацаров за обидите за создавање македонско национално малцинство во Бугарија, според прес-центарот на ВМРО чиј лидер е тој.

Ова го јавува весникот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана.

„Според најавата, опасната активност ја спроведуваат две невладини организации, регистрирани во Благоевград, кои во своите статути имаа цели и задачи слични на забранетата партија ОМО “Илинден”-Пирин. Меѓу основачите на здружението се и луѓе од раководството на засегнатата организација“, се вели во текстот.

Каракачанов побарал од јавниот правобранител да престане со регистрацијата на двете здруженија – Граѓанското општество за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци. Таквата можност е достапна во согласност со одредбите на Законот за непрофитни правни лица, се наведува во огласот.

Според Каракачанов, како што пишува весникиот, невладините организации биле регистрирани во Благоевград на почетокот на август. Во нивните мотиви за основање, основачите рекоа дека ќе спроведат активности за поддршка во различни насоки на македонското национално малцинство во Бугарија, се вели во соопштението. Двете здруженија се регистрирани за активности за македонското национално малциство во Пиринска Македонија.

Краток хороскоп за идната 2020 година: Време за нови победи за овните и хармонија за вагите

Според кинеската астрологија, 2020 е година на Стаорецот, знак кој е симбол на амбициозност, посветеност и брзина. Астролозите истакнуваат дека во 2020 година доаѓаат убави промени за знаците.

Овен – време е за нови победи

Бевте многу вредни во 2019, а во 2020 време е да ги соберете плодовите од својот труд. Оваа година ќе им донесе среќа и просперитет на оние кои се потпираат на себе и не се сомневаат во својот успех. Успехот нема да ви падне од небо, туку веќе имате апсолутна заслуга за тоа што ќе го добиете. Ве очекуваат нови победи, ќе имате поттик за остварување на своите амбиции.

Бик – исполнување на еден голем сон

Бикот секогаш тежнее кон реалност и никогаш не прави нереални планови. Меѓутоа, во текот на 2020 година ќе се промени погледот на животот, односно родените во овој знак ќе го добијат тоа што одамна го посакувале. Елементот на земја управува со 2020 година, а тоа значи дека Бикот како земјен знак ќе има голема шанса за развој на кариерата, но и финансиска благосостојба.

Близнаци – ќе почувствувате голема животна радост

Близнаците се радуваат на промените со отворено срце и голема доза на оптимизам, па за нив секоја година носи нешто позитивно. Оваа година ќе биде особено необична за Близнаците. Иако доаѓа мирен период, сепак Близнаците ќе најдат милион начини да се радуваат. Ве очекува голема радост, но и откритија, патувања и познанства.

Рак – враќање на убаво минато

Успех во наредната година ги очекува оние Ракови кои се подготвени да работат на себе и да се посветат на една зацртана цел. За Раковите, следната година ќе биде одлична за обновување на стари врски или враќање на нешто што го изгубиле во минатото. Ова е совршен период за обновување на старите односи и завршување на незавршените работи. Осврнете се на работите кои ви недостасуваат, потрудете се да ги вратите.

Лав – никогаш не се откажувајте

Лавовите ги очекува тешка, но многу важна година. Ова е период кога треба да покажете упорност и креативен потенцијал. Во 2020 година, научете нешто ново, испробајте се во нова професија или променете го кругот на пријатели. Ве очекува непредвидлив период на промени, а многу ќе го сменат и местото на живеење. Нема потреба од страв, секоја промена нека биде добредојдена.

Девица – време е за семејна радост

Долго чекавте животот да ве награди за вашиот труд. Радувајте се, бидејќи оваа година ви носи среќа, особено кога станува збор за приватниот живот. Во претходните години, постојано се трудевте да воспоставите добар однос со саканата личност, да бидете добар родител или да го решите станбеното прашање. Оваа година ви го носи сето тоа. Радувајте се.

Вага – време е за хармонија

Изминатата година, вашиот живот беше исполнет со рутина на секојдневни грижи и недостаток на романтика и уживање. За среќа, конечно 2020 носи убави промени. Подгответе се за период на уживање. Конечно ќе можете да се опуштите, да почувствувате мир, да уживате и да почувствувате вистинска хармонија.

Шкорпија – позитивни промени

Другите ве нервираат, а ви делува како животот да не е премногу интересен? Со доаѓањето на 2020, работите се менуваат. Следната година е најубав период за да го смените својот живот, и тоа драстично. Не обрнувајте внимание на проблемите, тие ќе бидат мали ситници во однос на убавите моменти кои следат. Шкорпиите секогаш одат против правилата, затоа слободно можете да ги срушите стереотипите.

Стрелец – судбинска средба

Додека другите чекаат среќата да им се случи, вие уживате. Но, свесни сте дека за вистинска хармонија потребни се уште неколку ситници. Во 2020 ќе го најдете тоа што ви недостасува. Пред вас е судбинска средба, која ќе го донесе тоа што го чекавте, можеби и цел живот. Работите ќе се сменат драстични, во ваша корист. Една судбинска средба ќе ви го смени целиот живот.

Јарец – ќе најдете време за себе

Се грижите за другите луѓе со години, трошите време и енергија за да вашите сакани не би морале ништо да прават, а цело време заборавате на себе. Годината која што е пред вас конечно ви носи можност да обрнете внимание на себе и своите потреби. За што сонувате? Во 2020 имате многу можности да го остварите својот сон.

Водолија – ќе се фокусирате на најважното

За родените во овој знак, 2020 ќе биде тешка и напната година. Нема да ве очекуваат многу финансии или пак возбудливи ситуации. Сепак, ќе имате можност да ја постигнете целта кон која се стремевте во 2019. Овој период е добар за таа цел, само морате да се фокусирате на тоа што е најважно.

Риби – останете позитивни

За вас, следната година ќе биде се само досадна не. Ќе се ослободите од своите внатрешни потенцијални стравови, но и тензии. Оваа година ќе дојдете до едно интересно хони или ќе се вратите на старо место за кое порано немавте време. Ќе се појави личност која на некој начин ќе ве инспирира да бидете подобра верзија од себе. Убава година е пред вас.