дома блог страница 2931

“Шокантна изјава на Министер од Владата на Заев?”

Министерот за образование и наука Арбр Адеми изјави дека ништо против што Шверцерите скокале и урлале во МНТ.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протоколот за соработка со САД, министерот Адеми рече дека нема ништо невообичаено во тоа навивачи да слават јубилеј во културна институција.

– И навивачите можат да бидат културни и да слават во културна институција. Јас би сакала уште почесто во културни институции да слават јубилеи на културен начин, истакна Адеми.

Пред Јохан стои само Македонија, никако северна

Во Финска деновиве се одржа Еурофорес, европски собир за обновлива енергија на кој приустсвуваа многу пратеници од европските држави а од Македонија, помеѓу другите, на тој настан беше и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Јохан Тарчуловски.

И официјлано, на собирот, тој беше пратеник од Македонија, каков статус имаше и на приемот во финскиот парламент.

Гpyби: Ќе cлaвимe кaдe што cakaмe

Дивeeње е yпадот, тEпaњeто и cкандиpaњето во Собрание на 27 април, а не пpocлава на навивачи, каде се очекува cкандиpaње, пeeње, но не и вандали3aм и нacилcтво кое што би го ocyдил во секој момент, вели пратеникот Артан Груби во однос на родененската прослава на навивачката група „Шверцери“ во МНТ, за време на кое била причинета материјална штета.

Во изјава за Фокус, тој вели дека не е организатор на настанот, но, како што истакнува, негативните реакции се апсурдни, лицемерни и, според него, претставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда.

Изјавата на Груби прочитајте ја ТУКА

(ФОТО/ВИДЕО) Салвини со задоволство прима подароци со боите на Македонија

Стојан Маџов, нашинец кој живее во Италија, за време на граѓанскиот собир во Емилија Ромања, на лидерот на опозициската “Лега”, Матео Салвини, му подарил капче со боите на Македонија.

Салвини со задоволство го примил подарокот и се фотографирал.

Инстаграм им ги “скина” крилата на инфлуенсерите

Социјалната мрежа Инстаграм од неодамна го промени начинот на прикажување на постовите.

Ова се случува откако бројот на лајкови на Инстаграм под секој пост стана некој вид „престиж“ што го мери влијанието на поединците и врз основа на тоа почна да се израмнува заработката на повеќето славни личности и оние што ги нарекуваме „инфлуенсери“.

За да го промени тоа, Инстаграм реши да стави крај на бројот на лајкови под сликите, со цел да нѐ поттикне да го цениме квалитетот на содржината, а не бројот на лајкови.

Број на лајкови (срца) притиснати на сликата ќе бидат видливи само за сопствениците на профилите, не и за другите.
И овој бројач на срца сега ќе му се прикажува само на сопственикот на профилот.

Извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, вели дека промените се во насока на правење на Инстаграм безбедно и здраво место на Интернет.

Идејата е Инстаграм да стане простор повеќе фокусиран на врските, разговорите и заедницата, особено за младите.

Оваа новина некои ја толкуваат како пресметка на платформата на Инстаграм со „нездравиот“ начин на гледање на оваа социјална мрежа, на која нејзините корисници прават сè за да добијат лајк и да ја истакнат својата „важност“.

Како ова ќе влијае на инфлуенсерите и брендовите?

Фактот што „броењето“ е невидливо, значи дека фокусот ќе биде на содржината а не на бројот на лајкови, и тоа ќе овозможи слободно да се објавуваат содржино без сопствениците на профилите да се ограничуваат на „најдоброто време“ за објавување.

И еден мал потсетник за ментално здравје: Дали навистина е потребно да знаете колку луѓе ставиле лајк на вашето селфи?

Очигледно, оваа промена ќе има големи импликации за инфлуинсерите. На пример, за брендовите ќе бидат потешко да најдат инфлуенсери кои ќе работат за нив на Инстаграм.

Битолчани направија растур во Грција: Шест златни медали за борците од Академијата “ЗА НЕД ДО”

Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола по кој знае кој пат во вистинско светло ја претставуваше Битола и нашата држава и ги собра златните медали на меѓународните турнири кои се одржаа во градот Лангада – соседна Република Грција.

Имено „ЗА НЕД ДО“ на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови учествуваше на осмиот Интернационален и 12. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови кој се одржа од 23 до 24 ноември 2019 година.

Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап па се вратија со дури 6 златни медали што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на академијата.

На натпреварите учество зедоа членки од држави од светот и регионот на Балканот како и над 100 клубови од домаќинот со над 1.000 натреварувачи, додека нашиот тим беше составен од пет натпреварувачи кои се натпреваруваат во неколку дисциплини – повеќето борби.

Тимот на “ЗА НЕД ДО” го предводеше главниот тренер на Академијата – Дијана Неделковска.

“Ние на овој настан кој за грчките боречки спортови и вештини и спортови е буквално најголем во текот на годината, настапуваме веќе седми пат.

Голема чест ни е што Грчката федерација за боречки вештини не кани на настан на кој во основа нема грчки клуб или академија кои не учествуваат.

Воедно се одржа и интернационалниот натпревар. И на двата настани Академијата “ЗА НЕД ДО” години наназад е официјален преставник на нашата земја која е членка на Светската Федерација за боречки вештини и спортови.

И годинава, поради финансиите Академијата беше приморана да состави мал но компактен тим. Тргнавме со пет натпреварувачи, очекувањата како и секогаш беа посветени кон професионалниот технички дел во борбите и демонстрациите, а победите т.е 6 златни медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната.

Интересно е да се напомене дека за нашиот тим се натпреваруваше и д-р. Кире Здравески кој со своите 75 години беше највозрасниот натпреварувач на овој спортски настан.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО”.

“Република”: МНТ одбил јубилејот 70 години КУД „Мирче Ацев“ да се прослави кај нив

За прославата за 70-годишниот јубилеј на Академското културно уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Македонскиот народен театар не може да се најде термин, ни луѓе за да ја отслужат прославата. Претходно, одбиен беше и настапот на хорот „Мирче Ацев“ од истите причини.

Менаџерот на КУД „Мирче Ацев“ Благоја Јовановски за „Република“ вели дека биле одбиени од театарот и од Филхармонија.

-Хорот прослави во Музејот на народна борба, а јубилејот ќе го прославиме во Македонска опера и балет. Од МНТ ни кажаа дека нема термин, а потоа и дека немаат луѓе за работа за да не опслужат. Не ни кажаа колку треба да се плати за тие луѓе, ние би си платиле на фактура, можеби очекуваа нешто под рака, вели Јовановски.

Во петокот во МНТ јубилеј обележаа „Шверцери“, поддржувачите на Шкупи.

Денеска нови цени на горивата

Денеска напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

При последната промена на цените, бензините се намалија за половина денар, додека цената на дизелот остана непроменета.

Еуросупер БС 95 се продава за 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) за 62 денари.

За 0,004 денари поскапи мазутот М-1 HC , и новата цена изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Останува утре да видиме дали ќе имаме ново поевтинување.

Алушовски повеќе не е тренер на Еурофарм Работник

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушовски.

-Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси, стои во информацијата што битолскиот клуб ја објави на својот Фејсбук профил.

Битолчани по седум кола во регионалната СЕХА лига имаат три победи и четири порази, додека во Лигата на шампионите на девет средби остварија само две победи наспроти седум порази.

“Швepцepи” славеле 30-годишнина во МНТ и направиле пуздep: Кој го дозволи ова во xpaмот на културата? (ВИДЕО)

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните зданија во нашата држава, каде што треба да се промовира културата и уметничките вредности, се случи огромен скандал – се промовираше дивјаштво и хулиганизам, објави спорт1мк.

Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што апсолутно нема никаква врска со навивањето.

Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.