дома блог страница 2930

Како yдиpa девојка воин од МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола по кој знае кој пат во вистинско светло ја претставуваше Битола и нашата држава и ги собра златните медали на меѓународните турнири кои се одржаа во градот Лангада – соседна Република Грција.

Имено „ЗА НЕД ДО“ на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови учествуваше на осмиот Интернационален и 12. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови кој се одржа од 23 до 24 ноември 2019 година.

Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап па се вратија со дури 6 златни медали што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на академијата.

На натпреварите учество зедоа членки од држави од светот и регионот на Балканот како и над 100 клубови од домаќинот со над 1.000 натреварувачи, додека нашиот тим беше составен од пет натпреварувачи кои се натпреваруваат во неколку дисциплини – повеќето борби.

Тимот на “ЗА НЕД ДО” го предводеше главниот тренер на Академијата – Дијана Неделковска.

“Ние на овој настан кој за грчките боречки спортови и вештини и спортови е буквално најголем во текот на годината, настапуваме веќе седми пат.

Голема чест ни е што Грчката федерација за боречки вештини не кани на настан на кој во основа нема грчки клуб или академија кои не учествуваат.

Воедно се одржа и интернационалниот натпревар. И на двата настани Академијата “ЗА НЕД ДО” години наназад е официјален преставник на нашата земја која е членка на Светската Федерација за боречки вештини и спортови.

И годинава, поради финансиите Академијата беше приморана да состави мал но компактен тим. Тргнавме со пет натпреварувачи, очекувањата како и секогаш беа посветени кон професионалниот технички дел во борбите и демонстрациите, а победите т.е 6 златни медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната.

Интересно е да се напомене дека за нашиот тим се натпреваруваше и д-р. Кире Здравески кој со своите 75 години беше највозрасниот натпреварувач на овој спортски настан.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО”.

Во продолжение проследете дел од настапите на нашите борци:

Цел град навиваше за Мила, а таа ги смести Прилеп и Македонија на високото шесто место во Европа (ВИДЕО)

Претставничката на Македонија Мила Москов, на овогодинешниот “Детски Евросонг” го освои високото шесто место.

Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

Мила Москов ја „запали“ сцената во Гливице, Полска. 14-годишната пејачка од Прилеп настапи со песната „Fire“ на јуниорската Евровизија.

Нејзиниот настап за 24 часа има над 90.000 прегледи на официјалниот јутјуб канал.

Нашето талентирано девојче ја имаше целосната поддршка од нејзините соученици од ООУ “Кочо Рацин”, а за Мила се навиваше и пред Градскиот часовник.

ЖAЛHA CЛИKA: Поплава од јапонски јаболка во Валандово (ФОТО)

(Фејсбук статус на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ)

“Во земјата која БЛЕСКА! Реалноста во Валандово. Скоро цела реколта јапонски јаболка истурени по нивите. Зоране Заев ова ли е сигурниот откуп, ова ли се високите откупни цени? Ова ли се добрите политики во земјоделието!?
Вака ли Блескаме!? Ова е земјоделската мака. Ова е реалноста која ја живеат над 100.000 земјоделци!”
, напиша Трипуновски

Македонско девојче со глас како славеј: Зарина Првасевда уште еднаш запеа од планина (ВИДЕО)

Позната како девојка која пее на планини, Евгенија Здравевска под псевдонимот Зарина Првасевда, испеа уште една песна крај езерото Козјак.

Слушнете и уживајте во продолжение:

Бараат дозвола: „Комитите“ сакаат да прославуваат на 8 декември во МНТ

Навивачката група на Вардар јавно преку соопштение побара дозвола од власта за прослава во МНТ. „Комитите“потсетуваат дека на тој датум слават неколку јубилеи па затоа прашуваат каде треба да се обратат за дозвола да прослават во истиот објект каде што се собраа навивачите на Шкупи, „Шверцери“.

Во продолжение проследете го Соопштението на „Комитите“:

Едноставна вечера: Одличен рецепт за пилешка салата на која ретко кој ќе одолее

Оваа салата може да ја искористите и како замена за руска салата на вашите прослави, но е одлична за појадок или вкусна вечера.

Потребни состојки:

150 грама варено пилешко месо, 100 грама динстани шампињони, 100 грама варен ориз, сол, 200 грама павлака, семе од сончоглед, мелен лен, мелен сусам

Вареното пилешко ситно исецкајте го, а динстаните шампињони исецкајте ги на листови. Измешајте го месото, оризот, шампињоните, посолете, додадете ја павлаката и се’ убаво соединете.

На крај зачинете со сончоглед, лен, сусам или семе по ваш вкус.

Вака прославуваат вистински навивачи: Фалангата од Штип спектакуларно прослави 30 години постоење (Видео)

Навивачката група “Фаланга” од Штип изминатиот викенд го одбележа своето тридецениско постоење.

Прославата започна со дефиле по улиците на градот, а кулминацијата се случи на штипската тврдина Исар.

Една убава глетка, која веројатно долго ќе ја паметат штипјани. На 22 ноември навечер Штип беше во „пламен“.

Таа убава слика можеа да ја забележат сите штипјани кои сеуште беа будни. Баклијадата беше прекрасно изведена, а видеото во продолжени најдобро го покажува тоа.

Неверојатен подогок: Голман погоди од неговиот шеснаесетник (ВИДЕО)

Дека и голманите може да бидат стрелци потврдува ова видео од мексиканското првенство. На натпреварот меѓу Гвадалахара и Вера Круз, голманот на домаќините Хозе Родригез постигна гол од својот шеснаесетик.

Тој го искористи моментот кога противничкиот голман беше излезен од својата половина и постигна ретко убав гол.

Погледнете:

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата за оваа недела

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,957 ден/кг.

Цветанова за дивeeњeто на Швepцepи: Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир?

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

Поранешната министерка за култура – Ганка Цветанова, реагираше на петочното одбележување на 30 години постоење на навивачката група „Швepцери.

Да дозволиш собир и дивеење на навивачка група во храм на уметноста е скандалозно само по себе но, од друга страна, е вистинска рефлексија на односот кон културата во Македонија. Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир?, напиша Цветанова на Твитер.